Платите и професиите во Македонија

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.413
Поени од реакции
4.237
Нема што да сфаќаме,тоа функционира во нормални држави.
Кај нас им се исплаќа да избркаат еден добар работник и да го заменат со тројца,петмина неспособни... и пак ќе бидат во ќар и пак производството нема да трпи.
Се освен тоа последното. Оти имам видено бааааш глупости од типот на производството да трпи...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Во истражувањето се опфатени сите деловни субјекти. За одреден број извештајни единици ги нема потребните податоци во администативниот извор, што резултира и со разлики во бројот на вработените по одделни белези.

Со истражувањето се опфатени деловните субјекти од сите видови сопственост (приватна и друга), со исклучок на македонските претставништва во странство и индивидуалните земјоделци.

Што значи, апсолутната просечна плата е максимално точна, затоа што ги земаат во предвид буквално сите исплатени плати во државата, додека поделбата по сектори има простор за отстапки.
Не,не се опфатени сите, не се земени сите исплатени плати туку е чист паушал и начинот на пресметка дава лажна цифра која подоцна се употребува во дневнополитички срања. Не ми се верува дека имало луѓе кои веруваат во тоа дека навистина просечна нето плата во РСМ во моментов е 27500 денари, но ете имало и такви.
Во свашта народ верува, што да не и дека просечна плата е 450 евра при минималец од 230 евра.
Автоматски споено мислење:

не 20 машинци туку околу 50000 вработени директно + уште толку индиректно. Работни позиции кои немаше ни да постојат, технологии кои никогаш немаше да ги видиме. И да се 200 милиони евра за кои ги ослободивме од данок, тие пари досеа се вратени само од царинење на стоките. Никој не сака да фрла пари од данок за странци да го собираат профитот, ама без ризик нема профит. Тие инвестиции беа најдоброто нешто што се случија во Мк после осамостојувањето. Сите сиромашни економии почнаа на овој начин Кина, Тајланд или Јапонија, од поблиските турција итн итн.

Страмота е да се кажи ама заради тие инвестиции конечно работничките права добија на значење, а тоа вреди многу повеќе од парите за субвенции. Плус платите се зголемија, а малите градчиња живнаа. Ама џабе верглам ко веројатно или си некој мк газда шо сеа стварно треба да ги осигура работниците или си нешто од партија пикнат па мораш да плукаш без размислување.
50000 вработени машинци или ова топ-тан? Имаш извор на ова шокантно, веројатно лажно тврдење?
Кои технологии не се видени бе, мотање на кабли? Може си мал па не знаеш дека во Мкд се правеа автобуси, делови за најсовремени тенкови, панцири, муниција и што све не, во некои други времиња.

Државна јебена тајна е сумата со која се субвенционираат странците. Демек проект Менхетн па да не дознае народ.

Кој мали гратчиња живнале, све је иселено и муабет бр.1 е како да се избега, све е зачмаено и апатично.
Истиот ефект ќе го имаше државно финансирање на невработени да копаат дупка една смена а друга смена да ја затвори дупката.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Не,не се опфатени сите, не се земени сите исплатени плати туку е чист паушал и начинот на пресметка дава лажна цифра која подоцна се употребува во дневнополитички срања. Не ми се верува дека имало луѓе кои веруваат во тоа дека навистина просечна нето плата во РСМ во моментов е 27500 денари, но ете имало и такви.
Во свашта народ верува, што да не и дека просечна плата е 450 евра при минималец од 230 евра.
За верување и такви ствари, има цркви и џамии. Едноставно тука е методологијата, ја напишале на хартија.

Твоето тврдење дека земаат просек од сите сектори, е лесно докажливо неточно. Ете пресметај просек од сите сектори, не соодвествува на државниот просек. Не разбирам како со толку леснотија се негираат исходи од едноставни статистички операции во државава, без никаков аргумент, само поткрепено на верба. И тоа се прави цела деценија наназад...
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
За верување и такви ствари, има цркви и џамии. Едноставно тука е методологијата, ја напишале на хартија.

Твоето тврдење дека земаат просек од сите сектори, е лесно докажливо неточно. Ете пресметај просек од сите сектори, не соодвествува на државниот просек. Не разбирам како со толку леснотија се негираат исходи од едноставни статистички операции во државава, без никаков аргумент, само поткрепено на верба. И тоа се прави цела деценија наназад...
Така беше порано, земаа просеци од сектори, сега гледам нешто ја изменале методологијата со цел да се подлаже народ дека нешто работат, но сумата на било каков начин да е добиена е голо говно.
Демек јаката институција во јаката држава, неискварена од дневна политика, корупција, непотизам, некомпетентност, па сеа ќе им веруваме на "статистичките операции".
Но во ред, заедно со Дедо Мраз и Спајдермен тука е и просечната нето плата од 450 евра.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Така беше порано, земаа просеци од сектори, сега гледам нешто ја изменале методологијата со цел да се подлаже народ дека нешто работат, но сумата на било каков начин да е добиена е голо говно.
Демек јаката институција во јаката држава, неискварена од дневна политика, корупција, непотизам, некомпетентност, па сеа ќе им веруваме на "статистичките операции".
Но во ред, заедно со Дедо Мраз и Спајдермен тука е и просечната нето плата од 450 евра.
Плата од 450 евра не е висока плата, па да треба да ја фалсификуваат... Настрана што ако е фалсификувана, тоа многу лесно ќе се докаже преку приходните ставки на буџетот. Ова се работи за лесно се стига до егзактни математички докази. Кога се спори просечна плата (што и не е некој репер, медијаната е многу подобар) спорењето треба да биде со бројки, а не базирано на верба.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.714
Поени од реакции
17.376
50000 вработени машинци или ова топ-тан? Имаш извор на ова шокантно, веројатно лажно тврдење?
Кои технологии не се видени бе, мотање на кабли? Може си мал па не знаеш дека во Мкд се правеа автобуси, делови за најсовремени тенкови, панцири, муниција и што све не, во некои други времиња.

Државна јебена тајна е сумата со која се субвенционираат странците. Демек проект Менхетн па да не дознае народ.

Кој мали гратчиња живнале, све је иселено и муабет бр.1 е како да се избега, све е зачмаено и апатично.
Истиот ефект ќе го имаше државно финансирање на невработени да копаат дупка една смена а друга смена да ја затвори дупката.
Кога се правело ова, во Југославија? Факт е дека пред странскиве инвестиции инженери работеа како таксисти и келнери, а тие што имаа малце повеќе среќа поправаа лифтови. Што производство очекуваш да отвориш или каква странска инвестиција ќе ти дојде со тој кадар? PLC инеженери што никогаш немат видено PLC, или одржувачи на техника од пред 40 години која веќе нигде не се користи. Кој будала би отворил тука фабрика со таков кадар освен ако не го молиш?
Странските инвестиции ти се исплатат и ако рачунаш како проста математика, парите што се дадени и повратот во данок. Само данокот од Џонсон мети ќе ги исплати сите пари дадени до сеа. И ова е само директниот ќар, да не збориме за индиректен како кревање на стандардите за работнички права, Хтз опрема беше непостоечка кај нас а умирање на работници во погон прифатлив ризик. Обука на кадар за идни вакви инвестиции, потоа наши фирми што соработуваат со странските и тн.

Али ќе видиме како ќе биде со брат Љубе како советник за странски инвестиции. Што мислиш зашто го направија ова, дека не се исплатеше? Не другар, го направија зашто фаци ко Кочо Анѓушев останаа без работници во неговите фирми кој ги плаќаше по 200 евра. Одлучи дека е подобро место да ги крене условите соодветно на растот на стандардот, да го спушти стандардот на неговите услови.
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.529
Поени од реакции
10.016

Само за последниот пасус си во право!
Инаку пишав веќе,мавнете го Џ Мети од математиката и ќе видиш колку нискотехнолошки и трудоинтензивни дејности се останатите!
Нема ништо поразлично отколку пред 40 години! На тоа дереџе се сите! И одржавање на машини,и работа и се!

Ако веќе сакаш да пофалиш странски инвестиции,пофали го ИТ секторот!
Непоканети ничим дојдоа! Ни субвенции,ни специјални "тајни услови"!
Плаќаат ФУЛ ДАНОК! Одлични плати и услови за работа! Е тоа е инвестиција!! А не овие мути вода преварантиве што ги донесоа за социјален мир ко демек "еве ви работа"!
Што напиша еден претходно: подобро дупки да копаа дење,а ноќе да ги затрупуваа!
 
Го земав како пример Џонсон мети дека е најголема, и ја имам запамтено цифрата данок што ја плаќа. Меѓутоа и другите функционираат слично. Јасс работам во оваа област, па ти кажувам дека работата е далу поразлична од тоа што било. Смешно е да ја споредиш железара со ван хол на пример.
Разликата со Ит е што кадарот може да се создаде сам, доволно ти е компјутер и интернет. А талент има сегде. Сосема различно е во индустрија каде што за да обучиш кадар за производство на електромотори пример, ти треба таков производствен погон. Тоа е колективно знаење што се наследува во државата, а ние сме го изгубиле со распадот на фабриките од ЈУ. Значи треба да се молиме некој да се смилува и да отвори нов погон тука, бидејки и тоа знаење што сме го имале е изгубено, а не па модерните текови на технологијата (зад кои касниме и онака 40 години).
 
Незнам што толку и какво е тоа "знаење"? Мајмун да земеш па за два-три месеца ќе го истренираш да работи на било која машина!
Не е нуклеарна физика производството. Барем не она што го донесоа овде ;)
А,да и јас имав прилика да работам,да видам и сам да избегам(на подобро) од две од тие "дупки" што ги донесоа ;)
Сепак нема да се спуштам на ниво да ги именувам кои беа! Ама заедничко за сите беа вмровски менаџери,неискусни инжињери и неписмени тим лидери! Не дека и треба нешто повеќе од тоа... и мотики да правевме и ел.склопови сеедно. Се ти е од странство донесено и испланирано,топла вода нетреба да се измислува! Имаш ауфтактунг и тераш по него!
Една од тие фабрики т.н. Успешни семејни компании кои "се рбет на германската економија" со погони по разно-разни:Либии,Туниси,Пакистани,Румунии и остали белосветски вукојебини,беше дојдена тука затоа што ги избркале од една извесна Северно Африканска држава! И тоа истите тие дегени пардон менаџери кои специјалци ги ваделе од иста таква фабрика за да не бидат заклани од штрајкувачите!
Србите викаат:паметноме и једном доста ;)
 
Зборам знаење за инженерскиот кадар. За мајмуни знам дека од секад сме имале и за 2-3 месеци можеме да ги истренираме. За мене лично се беше ново, и технологија и работна култура. Дел од работите што ги сретнав на работа не беа ни спомнати на факултет а не па у некоја наша фирма да ги сретнам. Инженерството у наша фирма ти е монтер со звање, две жички да врзеш не е инженерство. PLC сум учел на хартија како се програмира, и тоа со скалест дијаграм. На работа беше првото "живо" што го пипнав. За плати и придонеси нејкам ни да споредувам, ќе биде дека ги бранам фирмиве зашто лично иам ќар. Факт е дека сите вработени имаат ќар, платено си е се по закон. Кој може да најде боље како тебе никој не го држи со сила.
Заслепени сте од политика па не може неутрално да погледнете ни една работа. Ко да сте заборавиле каде живееме, и дека повеќето луѓе коа ќе им кажеш за работа викаат уф добро бар пријавен си.
 
Супер за тебе (y)
Меѓутоа тука се зборуваше воопштено за тие фирми! Секоја чест на тие два-три исклучоци!
Остатокот чкарт! Инжињери со раце во џеб и цел ден пред табла следат производство! Со менаџери ала Курчубиќ.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Незнам што толку и какво е тоа "знаење"? Мајмун да земеш па за два-три месеца ќе го истренираш да работи на било која машина!
Не е нуклеарна физика производството. Барем не она што го донесоа овде ;)
А,да и јас имав прилика да работам,да видам и сам да избегам(на подобро) од две од тие "дупки" што ги донесоа ;)
Сепак нема да се спуштам на ниво да ги именувам кои беа! Ама заедничко за сите беа вмровски менаџери,неискусни инжињери и неписмени тим лидери! Не дека и треба нешто повеќе од тоа... и мотики да правевме и ел.склопови сеедно. Се ти е од странство донесено и испланирано,топла вода нетреба да се измислува! Имаш ауфтактунг и тераш по него!
Една од тие фабрики т.н. Успешни семејни компании кои "се рбет на германската економија" со погони по разно-разни:Либии,Туниси,Пакистани,Румунии и остали белосветски вукојебини,беше дојдена тука затоа што ги избркале од една извесна Северно Африканска држава! И тоа истите тие дегени пардон менаџери кои специјалци ги ваделе од иста таква фабрика за да не бидат заклани од штрајкувачите!
Србите викаат:паметноме и једном доста ;)
Искуството што ќе се стекне во таквите компании може да те продаде или надвор, или да ти даде основа да отвориш твоја фирма.

До пред некоја година немаше ни каде да видиш цртеж, не пак да работиш во реални услови и на машини од понова технологија.

За образованието да не правиме муабет, пола книги се заглавени уште во времето на Југославија и со тие технологии, т.е завршуваш факултет и после тоа почнуваш да учиш тоа што е потребно за работа.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Ако веќе сакаш да пофалиш странски инвестиции,пофали го ИТ секторот!
Непоканети ничим дојдоа! Ни субвенции,ни специјални "тајни услови"!
Плаќаат ФУЛ ДАНОК! Одлични плати и услови за работа! Е тоа е инвестиција!! А не овие мути вода преварантиве што ги донесоа за социјален мир ко демек "еве ви работа"!
Што напиша еден претходно: подобро дупки да копаа дење,а ноќе да ги затрупуваа!
Па не мислам дека баш немаа субвенции. Ако ме држи добро меморија кога дојдоа Ендава и Мусала влегоа ко странски инвестиции и беа ослободени од некој доприноси по вработен. Тогаш можеа да дадат повисока плата од другите и да привлечат доста кадар. Тогаш мислам дека значително пораснаа платите во ИТ поради тоа што овие беа во предност со поголема плата.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Па не мислам дека баш немаа субвенции. Ако ме држи добро меморија кога дојдоа Ендава и Мусала влегоа ко странски инвестиции и беа ослободени од некој доприноси по вработен. Тогаш можеа да дадат повисока плата од другите и да привлечат доста кадар. Тогаш мислам дека значително пораснаа платите во ИТ поради тоа што овие беа во предност со поголема плата.
Британската компанија Ендава од информатичката индустрија, во 2015 година склучила договор за државна помош во износ од 1,025 милиони евра, што треба да се исплатува во четири транши за отворање вкупно 425 работни места до крајот на 2017 година. Односно, државата одлучила да ги субвенционира првите 250 вработувања со по 2.000 евра и по 3.000 евра за останатите 175 работни места.

а еве и тука

Еве за Мусала

Еве и за Алокејт.

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

а еве и тука

Еве за Мусала

Еве и за Алокејт.

Го отворив линковите и видов дека 2015та влегоа и тогаш почнаа значително да растат платите и да стане уште повеќе посакувана професија во РМ, а веќе и најплатена и добар дел од програмерите да се уфилмаат дека се којзнае што.
Мусала ќе инвестирала 20 милиони, Алокејт 7.5, 6 ПИ ЕМ или како и да се сега викаат 5 милиони ....
Овие Софика груп кој се всушност ?

Просечната плата кај нас е ко примерот со мусака. Имаш мнозинство што јадат само компири и мал број што јадат месо. Просекот е мусака.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom