Езотерија, Окултизам - А. Кроули, П. Дунов, Д. Фортуне ...

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Не гледаш вакви видеа затоа што србинов во лице ви ја плеска вистината
И тоа што викаш... Србите да не се со нивните видеа, како што велат самите, луѓето немаше по светот „да се будат против сатанизмот“ кој го скова христијанската црква како вечен непријател за да има што да се случува.... :LOL:
Има нешто вистина и во ова, кој да знае - сигурно Србите знаат, теба да ги консултираш почесто...

Ти реков зошто не гледам вакви видеа (без разлика на јазик) од ваков калибар - залудност, ништо повеќе, ништо помалку.
 
Член од
30 октомври 2020
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.931

Кај и да е езотеријата, екстазата само за иницираните ќе биде ствар на стариот еон?

Или целта е нешто друго?

Поздрав Хепта Ипси :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Не знам што се разликува ова што го зборува човеков во однос на Вивекананда и четирите форми на јога?
Убаво вели човекот, истото и по книгите го вели и Кроули на пример: нема ништо надприродно во природата! :)
Ако ве интересира езотерија - читајте авторитети кои се заморувале со тоа, ако ве интересира наука - бркајте го тој дел од патеката, ако и двете ве интересираат не е проблем и двете патеки да се одат... со видеа да докажувате нешто во однос на езотеријата, секогаш ќе бидете во право, бидејќи оние што знаат и може да ве „разубедат“ (ако тоа го барате), нема да го направат тоа бидејќи нема потреба за тоа.

Исто низ многу дела вели, парафразирам: престанете од Вашите искуства да градите идоли на кои ќе им се поклонувате, тоа води кон грешка. Земајте ламбите завртете ги кон себе, земете го скалпелот на анализата и хирушки почнете да го анализирате Вашето постоење, какво и да е - и запишувајте! Тоа ќе ве однесе кон промена :)
Кроули не бил само „најлошиот човек на Земјата“ ;)

“The Great Work is the uniting of opposites.
It may mean the uniting of the soul with God, of the microcosm with the macrocosm,
of the female with the male, of the ego with the non-ego — or what not.”
― Aleister Crowley, Magick Without Tears

All phenomena of which we are aware take place in our own minds, and therefore the only thing we have to look at is the mind; which is a more constant quantity over all the species of humanity than is generally supposed.”
― Aleister Crowley, Eight Lectures on Yoga

Кај и да е, сето она активно јавно издавање на книги поврзани со било која гранка од езотеријата, јавното зборување за работи кои не се баш религија во старо-еонска смисла ќе почне како прво да го предизвикува поединецот да се информира подобро, а со тоа да го менува застојаниот став за езотеријата и како окултното е нешто слично на религиите, нешто надприродно...

To train the mind to move with the maximum speed and energy, with the utmost possible accuracy in the chosen direction, and with the minimum of disturbance or friction. That is Magick.
To stop the mind altogether. That is Yoga.”
Aleister Crowley, Magick Without Tears

За двете патеки на Јога и Магика имам еден есеј кој што ќе подлежи на мали корекции во иднина. Може да го ѕирнете на
линков.

Поздрав и до тебе...
 
Последно уредено:

Секако дека има паралела со Јога, но доколку се осознае состојбата таа суштински е иста,или квалитативно слична како резултати и на други пракси - и тантра сексот може нели да се вброи, па дури и христијански и исламски мистицизам, шаманизам, пагански ритуали можеби?

Туку, пршањето ми е, дали со пракса на магика ти лично ја имаш доживеано, дали целта е самата состојба по себе да биде постојана?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Секако дека има паралела со Јога, но доколку се осознае состојбата таа суштински е иста,или квалитативно слична како резултати и на други пракси - и тантра сексот може нели да се вброи, па дури и христијански и исламски мистицизам, шаманизам, пагански ритуали можеби?

Туку, пршањето ми е, дали со пракса на магика ти лично ја имаш доживеано, дали целта е самата состојба по себе да биде постојана?
Прво велиш „доколку се осознае состојбата“ а потоа ме прашуваш дали целта е состојбата да биде постојана...
Не знам за која состојба зборуваш сега...
А доколку јас нешто осознаам за било каква „состојба“ не постои начин директно да биде пренесено тоа што јас сум осознал на друг.
И најпрочистената формула ќе биде само патоказ за другите... ништо повеќе... бидејќи во тоа лежи целата мудрост.

Ако е за просветлување и адепство во однос на бесконечното... не може да го отфрлиш човечкото додека земаш воздух затворен помеѓу небото и земјата! Големите пророци не можеа без човечкото не пак други аспиранти по патеката :)
Но битно е твоето прво „да се осознае“. Тоа менува... многу во самата игра.

Зарем за Кроули н е велеа дека со едната нога бил во стариот, а со друга во новиот еон?

Со кои пагански ритуали би ги поврзал христијанските ритуали со не знам, ајде најблиску се розенкројцерските мистерии, или тантра со суфизмот ? Она од видеото што зборуваше човекот? Се знае дека има поврзаности помеѓу различните дури и навидум дијагонални спротивни системи за кои се љути обичниот човек кој што е научен да верува...
Постојано забораваме дека учењата потекнуваат од човекот за човекот! Сите пракси и постигнувања се за човекот!
Сите иницијаторски ритуали се за аспирантот/кандидатот - за никој друг.

Каков е тој тантра секс? :)

Многупати е кажано дека различни системи имаат постигнувања, кои се разилкуваат по методот и постигнувањето ...

Лично јас ништо овде не споделувам што имам што немам... претежно за да биде задоволна „публиката“ се навикнав да велам : ништо немам постигнато.
Тука сум само за да умрам бидејќи низ бесконечноста на Нуит, постојано заборавам што значи смрт. :)
 
Енлајтмент некако не ми се свиѓа, можеби чистина на перцепција?

Не алудирам дека има сличности во праксите, туку различни патишта кои водат до слична состојба, транседентирање на персоната бар за момент и како после да се интегрира искуството, бидејќи се слагам човечкото е битно, можеби и клучно после тоа како да се биде тука и сега.

Психозата исто има кај некои слични квалитети, хиперманијата кај биполарните? @thehighpriestess ?
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.687
Ако успева човек со јога да го „замолчи“ умот - психологијата тешко дека ќе го фати чекорот во бесконечното и непознатото. :)

Може потоа со аналогии да бара смисла но смислата има врска со разумот и логиката, а токму тоа мислам дека го нема кога умот оди во shutdown...
Нетрениран ум кај его-манијак кој што мисли дека може се одеднаш или верува дека е роден да биде следниот Messiah - го распаѓа умот и создава проблеми.
На многу места постојат убави патокази како и што и зошто не, бидејќи умот може да се витка но ако е крут, ќе пукне.

Што би рекле кабалистите преку нивниот систем, кога „светлината“ ќе помине преку руах не е таа чиста „божествена светлина“ позната како Шекина, бидејќи тоа е над бездната, над-разумското на човекот.

Затоа и постојат тие пракси на водење дневник што го воведува Кроули како една од главните пракси во A.'.A.'. уште во самиот старт, дури и вели на некои места дека се е залудно ако не е научно забележано и анализирано. Невалидно е и непотребно за разгледување.
 
Член од
15 април 2019
Мислења
234
Поени од реакции
811
Енлајтмент некако не ми се свиѓа, можеби чистина на перцепција?

Не алудирам дека има сличности во праксите, туку различни патишта кои водат до слична состојба, транседентирање на персоната бар за момент и како после да се интегрира искуството, бидејќи се слагам човечкото е битно, можеби и клучно после тоа како да се биде тука и сега.

Психозата исто има кај некои слични квалитети, хиперманијата кај биполарните? @thehighpriestess ?
Претпоставувам дека реферираш на интеграција во его (его = она што личноста е свесна дека е, додека персоната = тоа што прикажува пред другите). Избегнуам да ја користам кованицата трансценденција на его, бидејќи имплицира дека стануваме поголеми од нашето его, а всушност, самото станување „поголеми“ од егото е процес кој се случува на ниво на его. Така да, ќе го користам терминот интеграција, чисто ради лингвистичка коректност.

Тоа не претставува нешто што се случува еднаш и трае засекогаш, туку е континуиран процес. За прогресија во процесот, потребен е развиток на когнитивна деполаризација, способност за емоционална трансформација, прифаќање на она што е болно за нас и нашиот живот и општа флуидност, но и автентична сигурност во себе и цврстина, бидејќи тоа е тоа што ни овозможува да во нашето его интегрираме различни делови од себе или околината.

Ова што ме праша за хиперманија баш имплицира високи степени на поларизација со неможност за центрирање и здраво справување со емоции (како кај биполарното однесување). За психоза исто не би рекла дека се совпаѓа, такви симптоми се развиваат повеќе кога си се оттуѓил од аспекти од самиот себе, што е контрарно на интеграцијата. На пример, отуѓувањето од функционалната реалност, како механизам на адаптација на психата, се развива поради траума и болка асоцирана со таа иста реалност - бидејќи болката е преголема, мозокот почнува на поинакви начини да ги интерпретира информациите, како адаптација.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.753
Поени од реакции
9.558
Земајте ламбите завртете ги кон себе, земете го скалпелот на анализата и хирушки почнете да го анализирате Вашето постоење, какво и да е - и запишувајте! Тоа ќе ве однесе кон промена :)
Дали размислувањето за самите себе, самоанализирањето, интроспекција, самопроценка, е корисно или штетно!?
Сакам Хепта да ми одговориш на ова.
јас мислам дека самоанализата е интелектуален ќорсокак.
 
Strictly

word is bond
Член од
9 јуни 2019
Мислења
486
Поени од реакции
1.644
Ако пијаш по меани, и чашата отзид ја мааш, убо е една анализа да си удриш..
Ама нека кажи скепта поубо
 
D

Drexel

Гостин
Секако дека има паралела со Јога, но доколку се осознае состојбата таа суштински е иста,или квалитативно слична како резултати и на други пракси - и тантра сексот може нели да се вброи, па дури и христијански и исламски мистицизам, шаманизам, пагански ритуали можеби?

Туку, пршањето ми е, дали со пракса на магика ти лично ја имаш доживеано, дали целта е самата состојба по себе да биде постојана?
Нема да добиеш одговор од други тука за пракса или какви искуства имаат од јога, ритуали и слично, земи осознај си сам за себе преку експериментирање :icon_mrgr: има доста литература и инструкции онлајн читни ги и стапи во контакт со “нешто” за пракса како овие Во оваа видео тука на 55:40 минути од видеото. Можеби соломонова магика не ти го фаќа интересот, пробај нешто друго од друга традиција важно е физички да се обидуваш и да го развиваш тоа магичното трето око во лејките на сите луѓе :D
 
Последно уредено од модератор:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.917
Дали размислувањето за самите себе, самоанализирањето, интроспекција, самопроценка, е корисно или штетно!?
Сакам Хепта да ми одговориш на ова.
јас мислам дека самоанализата е интелектуален ќорсокак.
Не е, ако е објективна, колку што се може.
Дур вежбаат за да станат магови или како сакаш наречи го тоа, праат таканаречено магиско црно-бело огледало. Тоа не е ништо друго туку запишуеш на еден лист што е срање кај тебе, а на друг лист што е добро, и следиш и зашпишуеш дур ти трае обуката. Тоа е интроспекција.
Тоа им помага на разни начини, праи да си објективен кон себе, ти помага да визуелизираш како си надвор од себе и се посматраш себе (треба тоа после за вежби некои), помага кај егото и тн.

Знам, сакаш Хепта да ти одговори, али сите ние нешто си сакаме.
 
Мислам дека самоанализата е едно големо залажување, го доведува човекот да неможе да си ги прифати своите негативни емоции, допринесува да си создаде негативна слика за себе, а резултатите на сето тоа знаеме што е, зголемена анксиозност и депресија.
Фројд се самоанализирал, ама никако не му успевало да ја победи анксиозноста, па се лечел со мали дози на кокаин.
Јас сум за само себе прифаќање, таков каков си, да се прифатиш себе како би се ослободил од внатрешен конфликт.

:)Сепак Сакам Хепта со неговите прекрасни волшебни извезени реченици да ни објасни што се случува кога ламбата секој човек ке ја заврти кон себе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom