Фан Клуб: Рома

Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.167
Поени од реакции
3.135
3-3 на Сан Сиро!

Три пати губевме 3 пати ги стигавме..
Задоволен сум од бодов што не го заслуживме вечерва.. Ништо посебно не одигравме..Трите гола од прекин постигнати, уште три Милан можеше да ни даде од корнете.. Ако некој заслужува 10ка тоа е Миранте..
Не можеме со оваа формација против вака сериозни екипи.. Немаме уште еден орач како Верету.. Многу лесно ја губиме средината. Многу лесно противникот доаѓа до шанса, тоа се виде баш вечерва..
Леао мајката мамина му ја поеба на Карсдорп и изгледаше како Роналдињо.. Манчини слаб, едвај чекам Смолинг да се врати па со Ибањез и Кумбула да бидат стартната 3ка позади.. Другите горе доле ок беа освен Мики кој одигра слабо и очигледно е дека му треба одмор..
Во четврток со ЦСКА Софија очекувам пак 2ра постава и тоа комплетно 2ра..
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Немам време ама ич да напишам нешто, иако ве читам редовно, но вчерашната претстава така ме испровоцира да напишам нешто.
Значи и со милан и со бугариве вчера средината слабо, нападот стерилен, а одбраната панична.
Мораше и требаше да се земе искусен играч на средина.
Верету игра сам игра. Нема никаква помош од никого.
Сезонава иста како претходната.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.167
Поени од реакции
3.135
Срамота е оној тим да не може 1 ебан гол да даде на Цска од Софија..
Како сакаат бе да фатат прва постава на дел од тие вчера кога не можат еден тим од Балканот да го средат.. Па Вардар со дечурланата ќе дадеа прикажеа повеќе..
Ги боли стапот Фацио, Хесус за резултатите ни па за нивните кариери во кој правец ќе одат.. Затоа и не се договорија со Болоње, Ториновци и Каљари земаат во Рим јака плата и лади го од четврток до четврток..
Мајко мила очајниот Кристанте капитен :facepalm:
Карсдорп пак слабо..
Бруно се трудеше пробуваше нешто но без резултат..
Џеко откако влезе се раздвижи играта во напад и повеќе шанси се креирајс но пак залудно.. Рано е за критики на сметка на Мајорал но најверојатно нема да го биде..
Нека фураат вака во ЛЕ со овја говеда преплатени што се макар и по цена да испаднеме уште во групи.. А во групи а во 16 финале или 8мина исти к.. Ќе дојде некој Лион, Бенфика ќе не расшлака..
Осеќам во недела муке ќе имамо со Фиорентина..
 
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Се согласувам потполно. Значи резил е на една екипа како бугарскава да не можеш да ѝ чукнеш гол.
Мајорал изигра 150 минути до сега во ниедна ебена шанса за гол не влезе. Кристанте кака со играч помалце да играш. 3-4-2-1 некако ја причитаа, мора да се има и други опции кога не оди.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
8.686
Немам време ама ич да напишам нешто, иако ве читам редовно, но вчерашната претстава така ме испровоцира да напишам нешто.
Значи и со милан и со бугариве вчера средината слабо, нападот стерилен, а одбраната панична.
Мораше и требаше да се земе искусен играч на средина.
Верету игра сам игра. Нема никаква помош од никого.
Сезонава иста како претходната.
I ja nemam ic
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.167
Поени од реакции
3.135
2 - 0 победа со Виола..

Многу различен натпревар од тој со Цска..
И пак лошо отворивме Фиорентина комотно можеше гол да даде во првите 2 минути.. Тргнаа со висок пресинг и имаја 2 шанси од кои можеа да искористат.. Незнам зошто толку ни се критични тие први минути и со Милан и сега..
Подоцна Рома воспостави контрола па така постигнавме и гол а имаше уште неколку шанси бар на полувреме да одевме со 2 - 0 но Драговски имаше јаки одбрани..
Углавно сите одиграа натпревар за висока оценка со исклучок на Карсдорп кој беше просек и 65 минута јазикот му беше веќе на трева од замор.. Незнам само зошто Бруно Перес не стартува..
Акцијата за голот на Педро беше профи изиграно..
Морам да кажем дека многу, многу постабилна ни беше синоќа одбраната со Смолинг.. Немаше панике и глупи киксови..
Следен натпревар со Клуж дома во четврток..
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Џабе толку паничење за натпреварот против ЦСКА Софија, два добри натпревари потоа, против Фиорентина изиграа одлично и резултатот ќе беше и поголем ако не бранеше ко лудак голманот (сите голмани баш против нас се разбрануваат) а денес против Клуж порутинирано не можеше да биде.
Во овој тим доста верувам и пред се фокусот треба да биде топ 4 во лигата , додека ЛЕ треба да си остане во втор план.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.094
Поени од реакции
16.291
Џабе толку паничење за натпреварот против ЦСКА Софија, два добри натпревари потоа, против Фиорентина изиграа одлично и резултатот ќе беше и поголем ако не бранеше ко лудак голманот (сите голмани баш против нас се разбрануваат) а денес против Клуж порутинирано не можеше да биде.
Во овој тим доста верувам и пред се фокусот треба да биде топ 4 во лигата , додека ЛЕ треба да си остане во втор план.
Најкористената реченица на сите фудбалски фанови :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
8.686
Џеко од денес е позитивен, има корона. Среќа само Џенова ќе ја пропушти, оти по Џенова има пауза две недели ради репрезентациите.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Со нетрпение го очекувам секој нареден натпревар бидејќи да гледаш ваква Рома е задоволство, мерак тие да го гледаш натпреварот каде што знаеш ќе излезат играчите на терен ќе го дадат својот максимум и ќе изиграт убав и напаѓачки фудбал.

Денес со Џенова во прво повлувреме тотална доминација, пред се течна игра, голема смиреност без паника, топката ја додаваа со леснотија, имаа шанси, пречка, завршено со гол на крајот.
Пред се најголемиот импакт на играта ја има Педро, покрај него Пелегрини, Махитријан се препородија а од позадина тука и Верету кој ми е како фузија на Раџа и Стротман во средниот ред.

Тандемот Педро-Михитријан е убиствен, двајцата постојано се надополнуваат, а допрва се вооигруваат, од натпревар во натпревар се се подобри и едвај чекам да видам како ќе играт ако се биде како што треба во текот на сезоната.
Пелегрини од кога дојде Педро игра како препороден, константен, секој натпревар досега го одигра коректно , без осцилации во играта, полека ако продолжи во овој правец може да стане и прав капитен и лидер на тимот, за Верету е непотребно да се трошат зборови.

Одбраната исто така мора да се пофали, нема киксеви како што ни се случуваа порано, за разлика од минатата сезона за неколку пати играме подобро во последната линија , Ибанез е ѕвер, Смолинг дава сигурност во играта, Камбула му фали некако самодоверба и некое килце плус, дава голови што е најбитно, одлично игра со глава, иако гледам се критикуваше тука мене и Манчини ми е топ кога игра со Смолинг, кога е сам и треба да биде лидер на одбраната некако е лабав но кога е во тандем со Смолинг игра супер, имаше денес многу чисти стартови, исто и со Клуж и Фиорентина.

Пау Лопез е исто одличен, прв натпревар во лигата кој го бранеше, тоа што бранеше во ЛЕ си беше на висина на задача, денес и немаше некоја претешка работа, се надевам дека конечно ќе ги оправда парите вложени во него и ќе продолжи со ова темпо и во наредните натпревари.

Она што најмногу се забележува и ми прави нејголем мерак е тоа што од авион се гледа добриот тимски дух во клубот, додуша тоа е нешто кое од секогаш го имало во Рома, но овој пат мислам некако баш тој тимски дух го подига тимот на ниво плус, недостатокот на индивидуален квалитет се надминува од некои играчи токму во таа тимска игра која ги подига на ниво плус од тоа што реално се.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
8.686
Пелегрини, Фазио и Сантон позитивни, Пелегрини имал и симптоми, за Сантон мање битно, секако сида има
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.839
Поени од реакции
8.686
Рома има нов генерален директор, Тиаго Пинто. Претходно бил генерален директор 3 години во фудбалскиот клуб Бенфика, а пред тоа уште 5 години во другите спортски друштва на Бенфика, освоил 50 клубски титули во сите спортови каде учествува Бенфика за тоа време. Доста е млад, има 36 години.
Ова дојде доста изненадно, бидејќи се вртеа многу имиња,а овој не беше спомнат.

И интересно е што е назначен еден ден подоцна од како што Фридкин имаше состанок со Франческо Тоти. Се шпекулираше дека на тој состанок Тоти побарал да има функција како Малдини во Милан, сега незнам што точно е Малдини во Милан, нека каже @Castiel или @Клипче ево рецимо. Али доколку се работи баш за позицијата генерален директор, под претпоставка дека Малдини е тоа во Милан, а овие вчера го назначија овој португалецот, тоа значи дека со Тоти не направиле никаков споразум и можеби шансите да го видиме Тоти во Рома на некаква директорска функција се сведени на теорија веќе, кој ти знае, ова е моја претпоставка. А од јануари ќе дојде и некој си Стефано Скалара кој моментално е шеф на кабинетот на министерството за економија и финансии во Италија и ќе имал висока функција во Рома, а бил и романист. Затоа велам, за Тоти веќе не остануваат некои важни директорски позиции.
Автоматски споено мислење:

Во едно ја користам приликата да поздравам еден другар кој редовно ме чита вака утрински и останатите теми на овој под форум, иако не е зачленет, Мацка на здравје кафенце и убав ден на работа :kafence: ветувам ќе бидам по редовен:icon_mrgr:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom