Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Денеска сум се разбудил без аларм, наспан уште во 5....што по старо би било 6. Вештачка промена на часовникот -1h, додека пак биоритамот си работи. Дури и доручкував дома пред да тргнам накај работа. Запалив кола порано, милина нема гужва низ град....стигнав пред време, прв на работа. Куцнав картица уште во 7,20. Викам да не има некој како мене, па отворив во база да видам дали уште некој куцнал картица во фирма сабајлево. Не, прв сум бил дефинитивно. Се напив кафе во мир и тишина, тоа го обожавам. Сега долг ден ме чека....но имам доста работа, така да сепак брзо ќе помине.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Недела ми е ден кога легнувам навечер во кревет и почнувам да се потсетувам на многу дамнешни времиња од детството. Вчера се потсетив на летата кога имав 8-10 години. Кога ќе излезевме надвор наутро после доручек, цел ден ни проаѓаше во игра. Ќе отидевме дома само за ручек и пак надвор, се додека не се стемни. Сега кога го гледам тоа сеќавање ми недостигаат тие времиња најмаксимално. Имало тука и полно караници, но гледајќи од сегашен аспект сето тоа ми изгледа смешно. Сме се карале за најобични глупости.
Потоа навратувам на часовите по математика од 5то до 8мо каде што повеќе се потиш од часовите по физичко бидејќи наставничката беше Бог во училницата.
Бељите кои сме ги правеле ќе треба некој со хипноза да ме врати назад за да можам да ги избројам точно колку се. Бидејќи ни ѕвездите на небото не се доволни за споредба. Но како што вели една пријателка на мајка ми "на деца се им личи". Се смејам во себе дури онака гласно. Добро што немаше никој со мене во собата да ме погледне од агол.
И навистина, драга брат, би си ја продал и душата на ѓаволот опет да го доживеам тоа нешто. Да не мислам на ништо друго освен како да изгубам осет за време и утрото да се претвори во вечер дур си пукнал со прсти.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
-Низа на настани и животни случки кој довеле до она што се можев да сторам.

-Да започнеме:Секогаш кога ќе ми влезе мува во соба се обидувам да бидам либерален.Ги почитувам другите се додека мојата безбедност,спокој и мир не бидат нарушени.Како мувата така и јас сме слободни да правиме што сакаме НО кога ќе се наруши нечиј мир имаме проблем.Јас немам проблем ако она дојде кај мене дома,и на пример се закачи на завеса,и си кулира таму.Значи да не се разбереме погрешно ми доаѓаш уреду те поштуем летај слободно,дистанцирај се и тако даље.Е сеа некој си лежи и ти му брмчиш над глава?Убаво ли е тоа?Се разбира дека не е.Потоа му се закачуваш на глава,на к%р,на нозе,го умраш,он ти е капнат бела мечка не гледа последно што му фали е некој да го смара.И пробувам да најдам решение за да не дојде до смртни последици,се обидувам да разговарам,и на мирен фин начин да се обидеме да најдеме решение.Но и понатаму се ку%чи,односно не е отворена за дебата.Има некој муви пример ќе си се бутне у завеса,и он таму си кулира не го боли цеф него за ништо не замара луѓе,чилира таму по цел ден и него му е топ Е сеа у случај да треба да се перат завеси ама тоа е друг мубает.Сакам да кажам муви со социјална дистанца се најбољи муви.Имаат некоја позиција подалеку од очите на јавноста,не се инволвирани у настани,фестивали и тн.Е таквите муви се пример за долг и среќен живот,но тие се вистинска реткост.И да се навратам на мубетот отварам врата сеуште е тука присутна,прозор сите опции,и се дадени само она треба да одбере,и замислете она ја бира она најнепопуларна опција.Зошто?Не можам да разберам бираш помеѓу слободата и згаснувањето на твојот живот,и онаква си мртва ладна викаш останувам у стил шо ги ебам ќе ги сечам.Откако реши да се соочи со мувалката тука некаде завршија сите радости што ги носел животот со себе.Се надевам дека ако некоја мува го чита форумов ќе извлече поука од сета ова ситуација.Така да муви размислете на крајот од сето ова:Можеби луѓето се гомно но и они се живи суштества на кој им треба мирен сон.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.394
Во потполност се согласувам со ватовото мислење за мувата. На ист принцип работам и јас со тие гадни и крајно закојкурпостојат суштества. Би рекол соработувам ама тоа не е соработка пошто единствен соработник сум јас со самиот себе кога се договарам дали да ја гонам со јастук или да ја чекам да дојде пред мене и да добие шамар.

Јас ја користам оваа прилика да спомнам едно слично искуство со едно слично копиле наречено комарец. Глеј, коа би бирал кого повеќе да сфатам и разберам у нивното постоење, тогаш тоа дефинитивно е комарецот, он постои се со цел да ти се напие крв пошто од тоа живее нели, не можеш на некој да му ја ускратиш целта на постоењето, не сум таков јас. Поштувам.
Мувата не знам зашто постои и не ми се влага во анализа на нејзиното постоење пошто ме фаќа нервоза.

Е сега комарецот, чека прилика да влезе у куќа, наоѓа прилика, влага и се крие негде во текот на денот. Вреба.
Како се спушта ноќта така во мојата соба се спушта ролетна и настанува еден пригушен мрак, каде единствени светла се мониторот и телевизорот. И тука немаме проблеми, го гледам си вртка лево десно, си летка, ок не те закачам, уживај, смееш да стоиш на телевизорот и да се грееш, смееш и на мониторот ама да не ми бодеш очи пошто ќе добиеш надворешен дел од дланка. Поштува и он, не викам не. Така и поминуваат голем дел од вечерите се додека неговото височество Џонтра или по ново Джонтра не одлучи да си легне. (тоа со желбите за неразбудување не ги спомнувам пошто не е за мене муабетов, да не бидам себичен нели)

И тука доаѓа еден момент на негледање на комарецот, си викам ок изгледа се успал негде хехехе какав данак неискуства. Гасам све и си легнувам и тогаш почнува сцената од Апокалипса сега на Френцис Форд Копола. вррррррр прррррррррр такактактакткактака крррррррр ззззззззззззз ффффффииииииииииууууууу све и свашта се дешава врз мене. Па добро бе маме му ебам, 180цм сум висок и од цело тоа мое прекрасно тело ти најде крв да ми пиеш од лице, од око, од уво, од нос, од уста. Племето да ти го ебам. Ене ти нозе доле, испиј едно кило и не замарај до следна ситуација.

Станувам и го зимам најсмртоносното оружје наречено јастук или перница, и почнува ловот. Е тука се глупи маме им ебам. Застани бе куртону на некое црно место, никад нема да те најдам. Ама не, он сепак одлучил да се скрие на ѕид, на белиот плакар, и на слични видливи позиции каде добива јастук или перница, на видливото место остануваат трагове насиље а јас си легнувам до следното соочување со копилињата неразбрани.

418753-maxresdefault.jpg
 
M

Macedon1um

Гостин
Просечна Македонска фирма, слушнала како дигиталниот маркетинг во денешно време е важен па се решила да проба да вработи таков човек. Во 80% од случаите ставаат работи за 2-3 различни професии, од графички дизајнер преку видео едитор па дури и сретнав оглас со + пожелно познавање на php :icon_lol:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Драга,

Си споделив пред некој ден една "мака" на фејс. Мака во наводници, повеќе лично незадоволство кон образованието и целиов хаос во кој се наоѓа земјичево. Не дека очекував нешто, ама ете така сакав да се пожалам и денес од нигде никаде си добив порака од роднина на мои роднини со убави зборови и совет.

Иако сме се виделе севкупно 2 пати во последниве 20 години, женава ми пиша и ми даде насоки и совет што-како да правам во иднина.

Така убаво ми дојде на душата и ми текна на една поема од маестро Гане Тодоровски што се вика Еден човек.

Во неа има едно делче што посебно ми се свиѓа:
Има еден има човек
Од човека почовек е:
Прецедена човештина!
Препечена убавина!

Топлината на душата
Ти ја дава да се згрееш;
Бистрината на главата
Ти ја дава да успееш…
И така со мали нешта, една порака, еден збор, еден совет, од грд и малерозен ден преминувам во убава вечер.
 

Trent Alexander Arnold

Stamford Bridge, Fulham Road, London, UK, SW6 1HS
Член од
30 јули 2020
Мислења
914
Поени од реакции
4.144
Mi se otvori diznata za technosti cela vecher, sum ispraznil sve shto ima od alkohol u frizhider. A imashe 6l pivo. Idam da spijam, imam utakmica vecer LS, moram da se pokazham protiv Midtjylland. :icon_lol: Kec u kec tri plus bajo.

Aj da vi trgne denot so pesna,


:cool:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
вчера ги гледав децата како се играат на улица со сета исполнетост и среќа. А знаеш ли зошто децата никогаш не држат лутина и се смируваат за кратко време? Затоа што среќата им е многу поважна од гордоста. И после ние „големите“ ќе ги учиме што е исправно а што не?
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.453
Поени од реакции
5.435
Драга,
Кога ќе сфатат дека со 100-200 евра саат на рака и кеш у џеб едвај да си го покријат еспресото и цедениот портокал не им поминуваат тие "за два месеци ќе возиш порше" муабети?
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
2020 година сме, уште малце ќе имаме стримови од фудбалското класико на Андромеда помеѓу Клингонци и Хептаподите, а се уште има луѓе што се палат на небитните Ѕвезда и Партизан.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Мислам малце претерувам со објавиве во ДК, али твитер избришав пред 5 години и не знам кај да трујам како сектата од семе синапово па се решив тука. Модератор, hit me up муце ако треба да намалам.
Иначе овие деној слушам монголски throat singing. Го гледав влогеров балд енд банкрупт беше накај циганиве и таму му баеја со вакво пеење. Интересно ми се виде и ај да видам по јутубов шо има. Цел бенд, THE HU. Јачат со чоперите, коњите и прстењата на рацете. Се подумав како можи и јас ваков да се напрам, и ми текна на цигансково маало тризла кај мене. Коњот од кај Рамче ќе го купам, чоперот yamaha од '97 година краден од кај брат му Сејхан, и прстените од кај мајка му Нежлан, за грлото да бидам како зарипнат ќе му ја купам и короната. Ќе се вратам во родно Мариово на Козјак планина и ќе продуцирам спотови. Нешто налик некстајм со ѓурѓа, само ова ќе биди за обичниот македонски напатен народ, не за хипстери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom