Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Здраво,
Се мислам да купам МТБ (хард теил). Поради немањето на залиха по продавниците(а и цената, секако) се одлучив да купам на старо, но имам некои нејасни работи.

1. Дали има некој начин да проверам статус на велосипедот (краден/не краден) доколку продавачот не чува гаранција/сметка/било каков документ кој докажува дека тој го купил велосипедот.
2. Доколку го купам дали има нешто што би можел да го направам за утре да не ми го земат велосипедот бидејки е краден.

ПС: Не планирам да купувам краден велосипед, станува збор за Used Bike Macedonia фејзбук профилот кој е спомнат неколку пати на темава.
Од хотели од Германија ги зима како што знам. Но и да се крадени, демек ќе ти дојде тука некој од Германија и ќе си го бара точакот назад.
Автоматски споено мислење:

Дали на вас ги крадат капачињата од ѕиваните како на мене? Цело време ми ги собираат, не знам што ќе им се.
 
Член од
6 септември 2018
Мислења
31
Поени од реакции
9
Од хотели од Германија ги зима како што знам. Но и да се крадени, демек ќе ти дојде тука некој од Германија и ќе си го бара точакот назад. Секако го има и делот каде што купуваш крадена роба.
Па не дека ќе дојде германецот да си го бара назад, но повеќе ми беше да не си го препознае некој "неговиот" велосипед како мојот, па да немам доволно докази дека е навистина мој.

Инаку земав од кај Васко и баш го правев муабетот со него околу ова. Ми кажа како пред неколку месеци во Струмица полиција запленила неколку велосипеди што всушност биле украдени од Швајцарија (колку што гледам едниот коштал ~11000 долари).
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.801
Поени од реакции
3.053
Разгледував повеќе работи на точаков мој пример дали е cross country или hardtail trail во контекст дали можам да правам поголеми скокови downhill со него или ќе се оштети итн. Приметив дека воланот му е широк 670мм, стемот 100мм и 6°. Читав демек пошироки волани подобри за контрола, исто пократок стем.. сега зависи за што и зависи колку пошироки-пократкок.. за xc e скрос краток и прав волан за trail поширок и 20/30мм подигнување/искривување на шипката од воланот..
Ме интересира ваше искуство, дали вреди да се инвестира во поширок волан од 670мм на 720мм и нешто пократок стем 60мм пример.. како што гледам не е евтина инвестиција па може и сегашниве не се лоши :D
 
M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.363

Геометрија на рамот е најбитен фактор, следно сетот на тркала и виљушка. Потреба од јаки компоненти има секој и сигурно ќе има бенефит од нив, ама пак ќе речам не се толку пресуден и важен фактор.
Инаку поќе би имал првенствено корист од земање сет нови гуми со поголем волумен, па (се разбира доколку подржува рамката позади - доколку има доволно растојание) после комбинација волан/стем.
Да, мојш да ги смениш и дефинитивно ќе имат разлика (но само по услов и можда добар попуст за квалитет=цена), но не е толку клучен фактор ак немаш добар рам.
Можиш да прајш и со твојот поголеми скокови, ама шансите за повреда се поголеми, исто рамката има поголеми шанси да се оштети, а и секојдневно компонентите ќе ти страдаат поќе и ќе подлежат на почесто менување/сервисирање.
100 мм и нагоре стем (зависит и од пропорциите на возачот), со 670мм волан е честа комбинација кај cross country, заедно со 100мм травел на виљушка, потенки гуми 2.1/2.2, и можам да ти кажам дека ако качвиш угорници и возиш нагоре по технички терен е доста солидна комбинација и лесно би се искачил и ги преминал сите препреки. Од друга страна краток стем, широк волан, поголем травел над 120мм и офсет, пошироки и поагресивни шари на гума... не дека немат да се искачиш ама ќе вложиш многу поќе напор за да го чуваш предното тркало во контакт со земјата. За спуштање технички терен (корења, земјен пат, камења...), поминвење брзо низ препреки, вртење во остри кривини, бермој и останато е неспоредлив со тој другиот.
Сите конфгурации имаат свои предности и мани, зато секогаш се зема во предвид стилот на возење, интезитетот и средината во која ќе возиме.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
Предложете добро предно светло, ама пристојна цена :)

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Предложете добро предно светло, ама пристојна цена :)

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
Од Вело Риз си го купив за 600 денари. Одличен е, нема да погрешиш.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Од Вело Риз си го купив за 600 денари. Одличен е, нема да погрешиш.

Sent from my JSN-L21 using Tapatalk
Ако може нешто подетално да го опише. Конкретно колку батерија држи и дали осветлува добро патека или колку за сигналозација? Фала
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Ако може нешто подетално да го опише. Конкретно колку батерија држи и дали осветлува добро патека или колку за сигналозација? Фала
Осветлува толку што дури им пречи на колите при разминување :D Цел пат го осветлува, најмалку првите 30 метра од тебе. Има 4 модови, 1 мод е на максимална моќ и има капацитет до 2 часа. Вториот мод е на средна моќ и капацитет до 6 часа. Ако возиш со МТБ, првиот мод воопшто не ти треба. Првиот мод го користам само со друмскиот точак кога возам над 30kmh (за поголема прегледност). Другите 2 мода не ги користам, на трепкање се.
 
Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Каде можам да купам квалитетна облека за road bike?
 
Член од
21 април 2012
Мислења
51
Поени од реакции
2
Треска спорт на Илинденска или продавница на крајит на Христо Смирненски улицата.

Sent from my Mi Note 10 using Tapatalk
 
Член од
3 март 2013
Мислења
348
Поени од реакции
368
brisi.jpg

дечки како е уљево, го има некој користено?
 
Член од
30 јуни 2020
Мислења
24
Поени од реакции
0
Дали има некој нарачано од алиекспрес торбчки за телефон и позади за алат ме интересира колку се квалитетни и дали се онакви какви сте ги порачале
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526
Дали има некој нарачано од алиекспрес торбчки за телефон и позади за алат ме интересира колку се квалитетни и дали се онакви какви сте ги порачале
Друже не се замарај со квалитетот.Разгледај убаво и ако одбереш нешто гледај продавачот да има што повисок рејтинг и што повеќе парчиња продадени.
 
D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.117
Поени од реакции
1.570
Дали има некој нарачано од алиекспрес торбчки за телефон и позади за алат ме интересира колку се квалитетни и дали се онакви какви сте ги порачале
Јас ги имам нарачано овие видови на торбички
линк1 линк2 линк3
За цената се и повеќе од добри. Е сега, скоро за се` веќе кинезите наплаќаат и за достава, а со кризава за да ти стигне пратка се чека и со месеци. Имај на ум дека може и да не стигнат воопшто - што незначи дека нема да ти ги рефундираат парите туку ќе се изначекаш за џабе. Ги имааш истите(слични) торбици и кај нас, продаваат дечки по групиве за велосипеди ако ти се брза и не ти се чека... само ќе те чини малку поскапо
 
Член од
18 септември 2014
Мислења
827
Поени од реакции
746
Дечки што е подобро, смартвоч или Garmin GPS Bike computer за велисипед ? Потребно е да има страва синхронизација. Се намерачив на Garmin Edge 530 ама чекам искуства од вас.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom