Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.615
Поени од реакции
34.802
Кајг,
...за тие што не знаат, една информација, иако денес е празник, сепак ординациите во скопските поликлиники ќе работаат,
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Драга,
Една недела бан.
Една недела треба да го читаш форумот без да си логиран.
Тоа значи дека при скролање низ очи ќе мора да ти поминат постовите на игнорирани членови.
Ова не го посакувам ни на најголемиот душман.

Друг помал проблем е што кога не си логиран не можеш да ги отвориш прикачените документи (пример @Acid што ставил за Анчо скриншот, не можев да го отворам).
Трет помал проблем е што не можеш да се одјавиш кога си баниран, па мора да бришеш cookies или да отвораш друг browser.

И сите овие проблеми би се решиле со едноставна опција да можеш да го листаш форумот дур си баниран и секако да не можеш да пишуваш.
Ама, кој да ти кааааажееее Иииванаааа Xeeenforoooo...

На крај би сакал да те поздравам со една од причините која соодветниот и објективен модератор @Донев ја навел во казнените поени кои ми направиjа fatality и добив автоматски бан: „дава лажни информации“.
Знаеш која е лажната информација?
На еден што прашуваше „дееечкии дали е изгласано во кафана да не смее повеќе од четворицааа pls odgovorete???“ му пишав „да, изгласано е“ иако не беше.
Е тоа било лажна информација. Со таа моја лажна информација човекот ќе го лишев од социјална дружба со повеќе луѓе со можност за закачување корона.
Многу штетни лажни информации давам, драга. :(
Се надевам ти ќе ми простиш кога веќе твојот модератор не може...
 
Последно уредено:
Член од
7 септември 2016
Мислења
182
Поени од реакции
635
Завчера начекав една емисија на мрт, мислам "џентлмен" се викаше не ме земајте за збор. Обично сменувам од мрт на 504 канал нешенал џиогрефик да гледам гуштери, и во шалтањето на каналиве наидов на чудово. Гледам водителов хипстер 60 и нешто години, можда и помлад да беше али во мода е сега да се правиш стар дркул за да ебиш инстаграм тотки.. коса бела, брада бела до кур, со костимо брендиран од некој си педер непознат италијански, чевли поголеми од желбава за живот шо ја имам моментално, и седнат во поза јајцата си ги потфатив. Интервју му прави на стар Скопјанец кој деновите ги поминувал во *внеси рандом стара скопска биртија* пред провинцијалците да му ја посерат, со чаша ШардонИет Де ла Крем од визбата на познатиот скопски шизик *димитар хаџи хаџи константиов џинот аминта петнаесетти* кој пред да емигрира во америка, наследството го остави на ропак од делчево. Седат и прават муабет за како тренерките биле богохулие и нешто wtf во нивниот живот, како и за пурата недопушена на винстон черчил шо се продала 13к евра. Гледам 5 мин и не си верувам на очиве. Шо ќе беше ако старио мој не се родеше во Мариово туку во Скопје, па и јас да го дрвев со моноколот пред стара скопска чаршија и да продавав кешбек на банкротирани професори...
Пурата
Пурата
Пура недопушена, животе неизживеан.
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Ги гледаат епизодите, ги гледаат репризите следниот ден, ги гледаат и репризите што се даваат за викенди. Јас од турска серија само кога ќе појдам до кујна да земам нешто попатно ќе слушнам нешто од телевизорот. И пак повеќе знам што се случува во серијата него ли они. Ама важно ги гледаат по пет пути репризите. :tapp::tapp::tapp:
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Го гледам датумот и ми текна дека да не беше короната сега ќе се одржуваше традиционално кочанскиот панаѓур (по кочански „панаир“). Значи вечерва најверојатно ќе пиев пиво со друштво и ќе мезев ќебапи од сомнително потекло, додека гледам како се туркаат луѓето низ тезгите, а од кај рингишпилите се слуша нешто како „ночас сам сањао плавог слона“. Ах, короно, златни традиции уништи... :(
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
ДК,

јас традиционално си ги одбележувам родендените. :love:
cola-v1.gif

Прво фала што ја трпиш мојата смисла за хумор, знам дека е тешко, но оваа година беше тешка и за мене. Се трудам, само да знаеш. Второ, ако некого, намерно или ненамерно, сум навредил се извинувам. И тоа е дел од дебатата, па некогаш сите мораме да го проголтаме тоа со цел да продолжиме да го браниме ставот. Трето, не плачам кај модераторите. Не ги сликам ПП разговорите, ги сликав само тие 5-6 навреди, по сугестија, а се пожалив само откако сите останати механизми беа исцрпени. Притоа и тие слики се избришани. Да расчистиме и околу тоа. :smirce:
Сите имавме продуктивни дебати, некогаш жестоки, некогаш пријателски. Разменувавме филмови, серии, книги, рецепти и музички сугестии. На секое поле си ги проширив хоризонтите.
Згора на сѐ се запознав и со неколку членови. :coffee:

За уште долги години. :ајнапиво:
Фала.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.691
Татко ми е човек што си пржи кременадли во секој дел од денот. Го напнавме да поднамали и некое време почитуваше. Ама си направи финта, го научи мачорот да јаде кременадли, па сега го имаш филмот:
-Пизда ти материна, не мјаукај, сега ќе ти спржам кременадла.
Па да не се фрлат, покрај за мачорот ќе си спржи и за него.
Го заобиколи законот како Српче.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom