Premier League - Season 2020/2021

Кој ќе биде шампион во сезоната 2020/2021?

  • Вкупно гласачи
    166
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.146
Поени од реакции
4.539
Преоптимистички и малку нереално е да мислиме дека Челзи ќе се бори за титула, на страна тоа што потрошија сериозна сума, Сити и Ливерпул градеа тимови 3-4 сезони уназад, имаат уиграни екипи и веќе разработен систем, многу е полесно кај нив да испазариш квалитетно отколку кога склопуваш екипа од нула. Интересни трансфери направија и ќе бидат веројатно повеќе на тапет затоа што сите ќе ги пратат, под знак прашалник е како ќе се снајдат Хаверц, Зијех, Вернер во нова лига, немаат некое искуство овие и доаѓаат од послаби лиги. Јунајтед не смее ни да се спомне како конкурент за титула, со едно засилување на позиција на која веројатно најмалку им беше потребно, со таа одбрана и половичен напад далеку се од тим што може константно да игра на високо ниво и да парира за висока позиција. Тотенхем може да ја направи интересна борбата за топ4, знак прашалник се со Мурџо и Бејл, ама интересни трансфери направија во секој случај, и имаат екипа по мерка на Мурињо, веројатно негова последна шанса за спас на кариерата. Арсенал се по мене сеуште далеку од топ4, ми се допаѓа како ги води Артета ама сеуште освен нападот, имаат еден куп просеци во тимот, Волвс, Евертон, па до негде и Лестер имаат екипи на исто ниво со нив. Искрено мене прв фаворит за испаѓање од топ4 ми се Јунајтед, рано е да се суди ама имаат ептен тенок состав на сеуште некомплетни стартни 11, ако не испазарат нешто до крај на роков ќе бидат на тешки маки
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Коа веќе правиме муабет за голмани во Пл.

Алисон - 29 натпревари (6,91overall)
Saves per game2.0 (72%)

Едерсон - 35 натпревари (6.8overall)
Saves per game1.9 (71%)

Лено - 30 натпревари (7.11overall)
Saves per game3.8 (74%)

Де Геа - 38 натпревари (6.86 overall)
Saves per game2.5 (73%)

Kепа - 33 натпреаври (6.55 overall)
Saves per game1.7 (54%)

Хендерсон - 36 натпревари (7 overall)
Saves per game2.7 (75%)

Поуп - 38 натпревари (6.98 overall)
Saves per game3.2 (71%)

Не другари, Лено е солиден голман. Квалитетен шот стопер.

Иначе Стефи, за 18/19 (коа дое лено у Арсенал)
32 натпревари 6.85 overall
Saves per game3.3 (71%)

Error led to goal5

Aerial duels won0.2 (88%)

Не дека бил нешто прелош и тогаш :) @cholismo
Поуп лани беше барем едно скалило над сите голмани во ПЛ а според твојава статистика е просек негде и каде каде подолу од Лено.
Колку удари одбранил еден голман зависи и од фактот со колку удари се соочил еден голман поради одбраната. Да не гледал некој лани ПЛ ќе фати да се тепа зошто Лено не е во тимот на сезоната.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.472

Поуп и Хендерсон ги вметнав баш поради тоа што мислам дека беа најпријатни изненадувања минатата сезона. Предобри голмани што изиграа одлично. Многу фактори се во игра и не може само од оваа статистика - не може уопште само од статистика да се одлучи кој е најдобар голман. Според статистикава Поуп има одбрането 71% од шутевите што иделе во рамки на гол, што не е ни малце лошо кога ќе видиме дека Поуп има примено 50 гола. При груба пресметка Поуп има одбрането над 100 шута во рамки на гол, во екипа како Барнли.
Не беше поентата на статистикава да се каже кој е боље голман и слично. И да, за мене Поуп и Хендерсон беа "најдобри" минатата сезона, се надевам дека и оваа ќе продолжат да напредуваат. :)
 
Член од
5 август 2020
Мислења
95
Поени од реакции
117
Абе каков челзи, според мене нема ни во топ 4 да бидат. Тој хаверц е жива превара, во Фк Беласица на клупа нема да седи. Пулишич кога ќе се врати и Зијех слободно може да си ја преседи сезоната на клупа. Трката за титула ќе е помеѓу Сити и Пул, само што оваа година нема да биде голема разликата како што беше лани (мислам дека Пул ќе ја одбранат титулата). Колку и да изгледаа лошо Тотенхем во првото коло, очекувам во иднина да ја креваат играта и ги гледам во топ 4, баш ме интересира како Бејл ќе се вклопи во тимот. Евертон им ги гледав двете утакмици, и секогаш кога ќе имам прилика ќе ги гледам, Алан и Хамес дефинитивно најдобрите трансфери во овој трансфер период, кој што сака нека речи. Манчестер Јунајтед со принцезичката Линделоф нема да мрдни погоре од 6-то место. 3 години спие управата, 1 саглам трансфер не направија/погодија. Рашфорд исфорсиран, крило нема, без идеа во нападот, ако не поправат нешто драстично во иднина и не направат некој трансфер до крај на преоден, не ги гледам погоре од 5-6 место. За Арсенал не знам што да мислам, засега не ми оставија никаков впечаток.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.472
A што беше поентата на ставање на статистиката ако од неа ништо не може да се утврди?
Поентата беше дека не е Лено до толку слаб голман како што дел тука пишуваа. Поентата е дека и Лено и Де Геа имаа доста слична индивидуална статистика. У превод 0.01 е разликата во процент. Поентата е дека освен Кепа сите други се тука некаде у % на одбранети шутеви у рамки на гол.
Тоа не го менува фактот дека Де Геа пред некоја година беше чудовиште и имаше ненормални одбрани, и годинава изненади со по некоја маестрална ама се падна у сенка со тие ептен глупи голови што ги прими. Од повеќе страни треба да се види за да се добие комплетна слика околу еден голман, меѓу кои е и оваа статистика на процент на одбрани.
Сите овие голмани ( без кепа) минатата сезона беа солидни, со око можеме да утврдиме кој имал најдобри реакции, кој фатил најтешки топки, кој се поставувал најбоље, кој примал најглупи голови и слично. Со оваа статистика можеме да ја видиме и другата страна - кој колкав % на шутеви има одбрането низ целата сезона. Затоа и кажав дека само од статистикава не можеш да одредиш. :)
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436

А имаш приметено дека секогаш кога ќе ставиш некоја статистика, воглавно безвезна, сите ти реагираат негативно и со потсмев? Што мислиш, зошто е тоа така?

И како од тоа не научи да не труеш со безвезни статистики? Посебно ова за голманите е безвезна статистика. Некој ќе упати тренинг топка кон голот, по средина, голманот ќе ја фати како на заебанција, а некој голман ќе одбрани ненормален шут во аголот, и двете се рачунаат како одбранети шутеви кон гол. Разбираш зошто е ова тоталана глупост која ништо не значи?
 
Последно уредено:

Да, и реално сите овие голмани горе (освен кепа) имаат фаќано и тренинг шутеви и имаат и маестрални одбрани а и киксови. Затоа и самиот ти пишав дека оваа статисика е само еден дел, не моеш само според неа да процениш.
Јас не сфаќам што е лошо да си стои и ваква статистика, тотално индивидуална кога се праи муабет за голман, хејт добив ко за клиш шит да праев :(
Ја стаив да се види и од аспект на ефикасност, покрај маестралните одбрани и киксовите којшто ги гледаме. :)
Нема везе, да не ја тераме дискусијава до безкрај.
Поздрав и секое добро :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.861
Поени од реакции
11.482
Абе каков челзи, според мене нема ни во топ 4 да бидат. Тој хаверц е жива превара, во Фк Беласица на клупа нема да седи. Пулишич кога ќе се врати и Зијех слободно може да си ја преседи сезоната на клупа. Трката за титула ќе е помеѓу Сити и Пул, само што оваа година нема да биде голема разликата како што беше лани (мислам дека Пул ќе ја одбранат титулата). Колку и да изгледаа лошо Тотенхем во првото коло, очекувам во иднина да ја креваат играта и ги гледам во топ 4, баш ме интересира како Бејл ќе се вклопи во тимот. Евертон им ги гледав двете утакмици, и секогаш кога ќе имам прилика ќе ги гледам, Алан и Хамес дефинитивно најдобрите трансфери во овој трансфер период, кој што сака нека речи. Манчестер Јунајтед со принцезичката Линделоф нема да мрдни погоре од 6-то место. 3 години спие управата, 1 саглам трансфер не направија/погодија. Рашфорд исфорсиран, крило нема, без идеа во нападот, ако не поправат нешто драстично во иднина и не направат некој трансфер до крај на преоден, не ги гледам погоре од 5-6 место. За Арсенал не знам што да мислам, засега не ми оставија никаков впечаток.
1. Јас не се надевам на титула реално, ама очекувам подобра игра и повеќе освоени бодови од претходната сезона и секако пласман во топ 4. Ако можат да освојат и некој од куповите би било супер. За во ЛШ да се помине групата, па понатаму зависи кој би бил противникот.
2. Зијеш и Пулишиќ се крилни играчи, Хавертц не е.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
А имаш приметено дека секогаш кога ќе ставиш некоја статистика, воглавно безвезна, сите ти реагираат негативно и со потсмев? Што мислиш, зошто е тоа така?

И како од тоа не научи да не труеш со безвезни статистики? Посебно ова за голманите е безвезна статистика. Некој ќе упати тренинг топка кон голот, по средина, голманот ќе ја фати како на заебанција, а некој голман ќе одбрани ненормален шут во аголот, и двете се рачунаат како одбранети шутеви кон гол. Разбираш зошто е ова тоталана глупост која ништо не значи?
Исто како што секој гол се цени исто (дали е против Брајтон или против Сити), така и оваа статистика е веродостојна.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Коа веќе правиме муабет за голмани во Пл.

Алисон - 29 натпревари (6,91overall)
Saves per game2.0 (72%)

Едерсон - 35 натпревари (6.8overall)
Saves per game1.9 (71%)

Лено - 30 натпревари (7.11overall)
Saves per game3.8 (74%)

Де Геа - 38 натпревари (6.86 overall)
Saves per game2.5 (73%)

Kепа - 33 натпреаври (6.55 overall)
Saves per game1.7 (54%)

Хендерсон - 36 натпревари (7 overall)
Saves per game2.7 (75%)

Поуп - 38 натпревари (6.98 overall)
Saves per game3.2 (71%)

Не другари, Лено е солиден голман. Квалитетен шот стопер.

Иначе Стефи, за 18/19 (коа дое лено у Арсенал)
32 натпревари 6.85 overall
Saves per game3.3 (71%)

Error led to goal5

Aerial duels won0.2 (88%)

Не дека бил нешто прелош и тогаш :) @cholismo
Фактот што во твојата статистика го нема Љорис, го прави послаб голман од овие набројаните?
Ова е собирање баби и жаби, врска нема со квалитетот на голманите!
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.470
Поени од реакции
5.472
Фактот што во твојата статистика го нема Љорис, го прави послаб голман од овие набројаните?
Ова е собирање баби и жаби, врска нема со квалитетот на голманите!
Лорис не го стаив пошто само 21 утакмицa имаше сезонава.
Иначе 3.9 (79%) му е просек.

И како што напоменав, ова е само една страна, убаво и точно пишано - процент на одбранети шутеви. Не кажав никаде дека ова директно го одредува квалитетот на голманот. Да не се повторувам, да не трупаме постови, иам пишано погоре баш.

Сите овие голмани ( без кепа) минатата сезона беа солидни, со око можеме да утврдиме кој имал најдобри реакции, кој фатил најтешки топки, кој се поставувал најбоље, кој примал најглупи голови и слично. Со оваа статистика можеме да ја видиме и другата страна - кој колкав % на шутеви има одбрането низ целата сезона. Затоа и кажав дека само од статистикава не можеш да одредиш.
Ја стаив да се види и од аспект на ефикасност, покрај маестралните одбрани и киксовите којшто ги гледаме. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom