Прва светска војна (1914-1918)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Секогаш повеќе ме интересирале копнените битки и кампањи наспроти морнарица и поморски битки, но во контекст на темава, две видеа за лудите авантури на германската крстарица Емден што направила хаос кај британските поморски конвои во индискиот океан.

Права филмска авантура, само што холивуд или британска продукција ретко би снимиле квалитетен филм за херојски, да не речам витешки германски капетан. А сценариото само се пишува, не мора ништо да се измислува, вистинскиот настан само по себе е доволно возбудлив.

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.855

Мене пак особено ме интересираат поморски настани :D
Причата на Емден е неверојатна, во битката кај Пенанг уништува руски крстосувач и француски разурнувач кој со фул спид тргнува да го торпедира Емден но е избушен од 105мм гранати, а на приближно исто место каде австралискиот крстосувач Сиднеј го потопува Емден се случува една од најнеобичните поморски епизоди од WW2. Германски гусарски брод (имало и такво нешто во WW1 и WW2 :D ) кој е екс-трговски брод со камуфлирани топови и понекогаш торпедни цевки, лажни димњаци и јарболи, лажен идентитет и име на бродот со цел заробување или потопување на сојузнички трговски бродови, успева на неверојатен начин да потопи друг, нов австралиски крстосувач по име........Сиднеј :)
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Имаат повеќе такви авантури германците и во двете војни, фактот што се тотално поморски инфериорни во однос на Британската морнарица баш придонел за индивидуални походи на поедини бродови кои делуваат баш во стил на пирати од 16-17 век.

Имаше еден Фон Шпее мислам се викаше, бегал од тихиот преку атланскиот некаде кај Аргентина се тепал со британците.

Исто интересно е британците како им собрале два бојни бродови на турците кога овие се придружиле на Централните сили, еден бразилски што го продале на турците и еден нарачен од турците, двата се конструираат во британија и овие им ги запленуваат и двата на нивни терен во 1914 :cool:
 
И два чилеански супер-дредноти и 4 флотила-лидери (големи разурнувачи), едниот биднува ББ Канада (после војната вратен на Чиле) а вториот преграден во носач на авиони Игл. Франција одлага градба на 4-ти брод од класа Бретањ за Грција, а Германија го остава недовршен исто грчки дреднот. Аргентина останува без 4 разурнувачи од Франција а Кина без крстосувач, 2 разурнувачи и подморници од Австрија (Трст/Ријека)
Тоа со Граф Шпе е интересно бидејќи е поврзано со WW1 и WW2, адмиралот под тоа име победил во битката кај Коронел 1914, во ретка битка која може да се спореди со "ферка" два германски оклопни крсташи вс. 2 британски, плус по 3 лесни крстосувачи. Предноста на германците била во положајот блиску до обала во релативна темнина а британците биле на одлично осветлениот хоризонт од сонцето кое зајдувало. Гуд Хоуп и Монмаут, двата британски крсташи се потопени со над 1500 жртви.
Подоцна британци, бесни ради овој прв пораз после 100+ години на море, праќаат пар бојни крсташи, еден ББ и остали помали единици и во битката кај Фокландите ги потопуваат Шарнхорст и Гнајзенау, Фон Шпе и двајцата негови синови загинуваат.

Шарнхорст и Гнајзенау ќе бидат имињата на немачки брзи бојни крсташи од WW2, познати како ѓаволови близнаци кои направиле многу повеќе штета на сојузници отколку извиканата класа Бизмарк.

Тешкиот крстосувач именуван Граф фон Шпе во чест на адмиралот, ќе биде потопен во битката кај Монтевидео во 1939, не премногу далеку од местото каде загинал адмиралот во WW1.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.855
Интересна е дебатата за најголемата поморска битка евер, има историчари кои земаат само бројот на пловила, без разлика дали тоа се мали римски или картагински бротчиња на весла со депласман од 100-200 тона или слични бротчиња кај Лепанто кога отоманската флота е збришана од страна на Светата Лига, многу потценета битка во сенка на опсадата на Виена или победата на "Чеканот" Мартел над Сарацените кога се зборува за стопирање на исламот да се прошири на Зап.Европа.

Единствена битка која по депласман може да се мери со Јитланд (германците ја викаат битка кај Скагерак) во 1916 е битката за заливот Лејте, но таа битка е низа од битки, просторно и временски раздалечени една од друга, низа операции и борби за кои постои некој консензус дека станува збор за делови од една битка.

Ако се сметаат капиталците, тогаш кај Лејте имаме 38-27 во корист на САД (и Австралија:))
САД : 38
8 Флотни носачи
8 Лесни флотни носачи
12 ББ
10Тешки крстосувачи

Треба да се забележи дека кај САД учествуваат и 18 ескортни носачи, тоа се трговски бродови или танкери на кои е времено накалемена дрвена полетно-слетна писта, спори, без оклоп и не се капитални бродови поради тоа што неможат да учестуваат во флотна акција.

Јапан : 27
1 Флотен носач
3 Лесни флотни носачи
9 ББ (2 од нив со помошна палуба и 30 хидроавиони на нив)
14 Тешки крстосувачи

Кај Јитланд имаме :

Британија : 46
28 ББ
9 Бојни крсташи
8 Оклопни крсташи
1 Носач на хидроавиони.

Германија : 27
22 ББ
5 Бојни крсташи

73-65 за Јитланд, небаре кошарка :D
Депласманот е неспоредлив, најмали ББ кај Британија имаат по 21К тони, Лесните флотни носачи кај САД, иако имаат брзина и скромен оклоп, "суви" не истиснуваат повеќе од 12К тони.
Автоматски споено мислење:

Сув депласман е оној на брод без гориво, посада муниција, вода и баласт, Вашингтонскиот за целосен депласман често е 10-15% поголем од сувиот, кога бродот е спремен за борбени дејства. Разликата е најдрастична кај носачите бидејќи тие освен гориво за погон на бродот носат по стотици тони и повеќе гориво за авионите заедно со вооружувањето за нив.

Во поглед на капиталци кои завршуваат на дното, Лејте е без конкуренција. Америте губат еден капиталец, а Јапанската морнарица тотално се распаѓа при загуба на 18 капиталци!? Меѓу нив е и Мусаши, мега-ББ во кој Јапанските адмирали полагале голема надеж при спречување на десантот на остров Лејте. Ништо од тоа, Курита цвикнал од замислен непријател лол.
Јитланд тотал има 8 потопени капиталци и тоа Британија губи чак 6 од нив, а Германија само 2 и тоа едниот го потопуваат сами за да не се успори враќањето кон Вилхелмсхавен.
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.855

Мезине, Белгија, 0,5 Килотони, 10К мртви немци.
Им се поткраднала грешка на national geographic, најголема експлозија пред атомски е оваа :

Халифакс, Нова Шкотска, 3 Килотони, 2К мрвти канаѓани, 9К ранети.

Пред некој месец :
 
Последно уредено:
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.855
Надвор од темата, сепак сметам нешто интересно кога сме веќе кај морепловството,

Овде е он-топик :) ова е уште еден од бројните гусарски бродови (рејдери) кои крстосувале по морињата, 8 топа од 120мм тоа е скоро на ниво на лесен крстосувач од тоа време.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.397
Поени од реакции
7.846
Овде е он-топик :) ова е уште еден од бројните гусарски бродови (рејдери) кои крстосувале по морињата, 8 топа од 120мм тоа е скоро на ниво на лесен крстосувач од тоа време.
Така ги класифицирале, armed freighter/cruiser ship of Her Majesty merchant navy. Инаку овој бил RMS, Royal Mail Ship, значи со повластен статус и во мирнодопско време.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346

Првата слика е од батаљонот на Cameron Highlanders 1914, пред одење на фронт, втората е од 1918, по враќање.
Дали се ова вклучени и ранетите? Би претпоставил дека тие што останале инвалиди не би биле во сликата, но би ја намалиле стапката на смртност.
Како и да е многу моќни слики.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.391
Поени од реакции
5.855

Првата слика е од батаљонот на Cameron Highlanders 1914, пред одење на фронт, втората е од 1918, по враќање.
Во позадина, ако ме држи меморија - е Единбуршкиот замок. Со оглед на тоа кој бил врховен командант на Комонвелт силите после отпуштањето на Џон Френч, не ќе беше чудно ливадава да биде и празна. Даглас Хејг е на разни листи на најлоши восјководци во историјата, "Митралезот е преценето оружје" е само една од легендарните изјави на овој идиот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom