Родина Македонија

Член од
1 април 2020
Мислења
6
Поени од реакции
27
rodinaslika.png

РОДИНА е народна партија издигнатa врз културните и традиционални вредности на македонскиот народ, водена од природните принципи и праведни закони, каде сите сме еднакви и сите сме дел од една целина, дел од нашиот РОД и како такви сите треба да му служиме заедно, а најдобрите да бидат први на тој ред. Тоа е должност и обврска на секој Македонец.
Милениумски слоеви од култура, традиција и цивилизација преточени се во нас Македонците како дел од нашето битие, знаење и начин на живот. Тоа е мудроста, разумот и силата кои ни овозможиле да опстоиме низ илјадалетијата како еден од ретките народи. Тие вредности ја прават и денес Република Македонија место каде сите имаат право на достоинствен живот и сопствен развој. Тоа е основа за праведна, стабилна и просперитетна Македонија.
Децениското немање национална стратегија за зачувување и јакнење на македонизмот во секој еден од нас, не доведува во ситуација да одродените идеологии и стратешки добро припремени системи од надвор ја нагризуваат суштината на нашето општество и начин на живот. Тие идеологии ги негираат природните закони и човековиот создател. Нападите на традиционалните вредности и семејството, манипулацијата со децата, жените, девалвирање на чесниот труд, чесниот човек, се спротивни на македонските идеали.
Сето тоа доведува до духовна и морална деградација, изнемоштеност и беда на нашиот народ, која беда се користи за обезличување на македонското име, народ и неговата суштина.
Денес сме донесени пред судот на историјата во кој сме исправени пред неправдата и перфидното насилство, за да докажеме пред себе си дека сме на страната на доброто, традицијата, народното и изворното во нас, за да постоиме како Македонци. Доброто е нашиот сојузник и вечен заштитник и тоа ни дава сила да опстоиме како народ кој ја носи светлината во своите гени и во својата свест.
cropped-лого.png

Време е да им се вратиме на нашите изворни вредности: семејството, породот, родот, народот,природата. Да им се вратиме на традицијата, духовноста и моралот.
РОДИНА верува во способноста и волјата на македонскиот народ да ги земе работите во свои раце за да ја врати државата на изворните принципи и вредности на македонскиот народ. Родина значи да се сака својот народ како прв и единствен услов за зачувување на Македонија и македонските идеали. Затоа РОДИНА се залага и верува во принципот на меритократија, служење на народот и служба на најдобрите во име на народот.

ОСНОВНИ И ТЕМЕЛНИ ПРИНЦИПИ
Македонија Пред Се!
Заштита и промоција на Македонија и Македонскиот идентитет, економија, култура, историја и традиција!
Македонија ќе ја штити својата територија и народ од секаква внатрешна и надворешна опасност!
Македонија ќе прави стратешки економски и безбедносни сојузи само во свој интерес!
Меѓународна соработка базирана на взаемно почитување на слободната воља и суверенитетот на нациите!
Економска, национална и индивидуална слобода за секој човек!
Градење на глобално конкурентна пазарна економија со јавни и приватни инвестиции и со социјална одговорност!
Социјална и здравствена заштита достапна за секој!
Модерно и современо образование во Македонски дух и традиција!
Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво!
Дом за секој Македонец во својата РОДИНА.
Заштитена природа и неотуѓивост на нејзините ресурси.
Праведен систем на вредности, каде најдобрите Македонци се први во редот.
Македонија е обврска на сите Македонци, јакнење на националното чувство!


ПРОГРАМСКИ ЦЕЛИ
  1. Поднесување барање за прием под уставно име Република Македонија во ООН.
  2. Спроведување на АСНОМ-скиот и духот на Уставот од 1991ва во сите законско-регулативни акти и во сите национални и општински институции.
  3. Поништување на сите закони и меѓународни договори кои се донесени под закана на сила, спротивни на Уставот, меѓународното право и вољата на македонскиот народ.
  4. Воведување на непосредна демократија Референдум за прашања од посебен интерес за државата и локалните заедници.
  5. Поднесување барање за учество во сите глобални и регионални ЕвроАзиски интеграции, ЕАЕС, ШОС, Пат на Свилата итн.
  6. Соработка за помирен и побезбеден свет со нашите истомисленици, патриотите од Америка, Европските нации, преку братските Словенски народи и Русија, новите регионални и светски сили од Турција, преку Индија и Кина.
  7. Балкан како регион на мирот, со слободен проток на луѓе, добра, идеи. Регион со подеднакви права на сите народи.
  8. Не во НАТО, Не во ЕУ. Соработка со меѓународни организации само врз принципите на рамноправност и почитување. Повлекување од воените мисии на НАТО и политика на мирољубивост.
  9. Протерување на сите странски формални и неформални воени формации од територијата на Република Македонија.
  10. Поништување на регистрацијата и дозволата за работа на сите НВО финансирани со странски средства.
  11. Национализација на сите стратешко важни субјекти и фирми.
  12. Отпишување на меѓународниот државен долг направен од досегашните корумпирани елити кон глобалистичките финансиски поробувачи и ослободување на Македонецот од подготвеното му вечно финансиско ропство.
  13. Ревизија на сите приватизации и враќање во државна сопственост и/или продажба со обесштетување на бившите вработени и нивните семејства.
  14. Конфискација на нелегално стекнат имот од осамостојувањето до сега.
  15. Градење на силни Армиски, Резервни, Доброволни и Полициски сили за обезбедување на границите и внатрешната безбедност. Вработување на бранители, деца на бранители во тие структури.
  16. Укинување на сите нелегално издадени Македонски државјанства доделени од политички причини.
  17. Спречување доселување и легализирање на мигранти во Република Македонија.
  18. Издавање пасоши на сите Македонци од светот и доделување земја за нивно враќање во татковината.
  19. Обезбедување и привлекување јавни и приватни инвестиции, ниски даноци и финансиска подршка за сите претприемачи/мали/средни претпријатија за силен економски раст и процут. Поволности за враќање на Македонците во Македонија.
  20. Еколошки чисто земјоделство и туризам и ГМО-слободна Македонија.
  21. Укинување на извршителите, на несразмерно високите казни и блокирањето на сметки. Домот не може да е предмет на хипотека.
  22. Социјална, пензиска заштита за секого, ниеден Македонец и семејство нема да бидат оставени сами на себе.
  23. Универзален пристап до квалитетна здравствена заштита за секој и право на избор при секоја медицинска интервенција.
  24. Ревизија на образовните наставни програми во Македонски Дух од прво оделение до универзитетско ниво.
  25. Промоција на Македонскиот академски, културен, спортски и уметнички раст до светско ниво.
  26. Чиста и заштитена природа, заштита на водата, почвата и воздухот со строги македонски регулативи.
  27. Природните ресурси припаѓаат на сите граѓани на Р.Македонија, односно државата. Неотуѓивост на водите.
  28. Ослободување на сите политички затвореници судени за Македонија.
  29. Подршка на традиционалното семејство, жената и децата
  30. Заштита на приватноста на граѓанинот.
Родина Македонија

Родина официјален сајт
 

Attachments

Член од
6 август 2011
Мислења
2.067
Поени од реакции
2.344
Уште една левичарска партија, ке се натпреварува со Левица:D
Левото стана многу модерно последно време во Македонија.
 
Член од
22 јуни 2019
Мислења
813
Поени од реакции
1.295
Се народни партии, се патриоти а работа и резултат нема.... Државата пропаѓа и полека се почнува да се уништува...
 
Член од
13 септември 2020
Мислења
48
Поени од реакции
56
Се народни партии, се патриоти а работа и резултат нема.... Државата пропаѓа и полека се почнува да се уништува...
А со кого очекуваш работа кога 200 000 народ заслепени (кој под уцени кој под се и сешто гледа кон едните) и околу 200 000 кон другите по истиот принцип. Нема трета опција. Неможе да има. Двете големи партии се систем кој е длабоко инфилтриран и нема назад. Заробеници партиски сме и едните и другите.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.874
Поени од реакции
7.740
онде кај мостот кај стара црква имаат седиште.
уште да видиш кој седи таму се јасно че ти биди
не знам таму кој седи, ама овие што седат во другите штабови не се ништо поарни, судејќи барем според резултатите што се постигнаа последниве 30 години а посебно овие последниве 3 кога му се посраа на се.
 

Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Eден од тројцата основачи на партијата Родина од кајгана форумов е стариот член СЛАВЈАНСКИ... Неговото име е Зоран Јованчев...
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Каде најдоа името тоа да им биде?

Кога на Бугарски јазик татковина/ домовина ја викаат Родина.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.125
Поени од реакции
17.913
Eден од тројцата основачи на партијата Родина од кајгана форумов е стариот член СЛАВЈАНСКИ... Неговото име е Зоран Јованчев...
Треба ние од Кајгана повеќе партии да направиме. Сето е стручњаци тука.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.631
Поени од реакции
4.931
Уште една левичарска партија, ке се натпреварува со Левица:D
Левото стана многу модерно последно време во Македонија.
Не е левица националцентристи се. По програми се центар десно и авторитарно. Левица се лево доста и исто авторитарно. Или попросто Левица се како на типот со широк брк а Родина се како на оној со тесен брк. И нешто се кара двајцата одамна.
Автоматски споено мислење:

Родина не е левичарска партија.
Само една е Левица.
Имате конкуренција во Леви Сили и внуците на Браварот.
 
Член од
1 април 2020
Мислења
6
Поени од реакции
27
онде кај мостот кај стара црква имаат седиште.
уште да видиш кој седи таму се јасно че ти биди
НИКОЛА ПАРАПУНОВ 3А, КАРПОШ 4, СКОПЈЕ
Автоматски споено мислење:

Не е левица националцентристи се. По програми се центар десно и авторитарно. Левица се лево доста и исто авторитарно. Или попросто Левица се како на типот со широк брк а Родина се како на оној со тесен брк. И нешто се кара двајцата одамна.
Автоматски споено мислење:


Имате конкуренција во Леви Сили и внуците на Браварот.
На Родина никој не и е конкуренција, а ако го разбереш натписот
Нема вечни противници, туку вечни интереси
на Родина интересот и е државата и македонскиот народ ...
Автоматски споено мислење:

Каде најдоа името тоа да им биде?

Кога на Бугарски јазик татковина/ домовина ја викаат Родина.
Македонскиот колектив пати од ученост недоученост
Родина е стар македонски збор, за жал подзаборавен и означува нешто повеќе од татковина
Автоматски споено мислење:

Родина не е левичарска партија.
Само една е Левица.
Родина е:
Лево и Десно а всушност е центар, го кршиме наметнатото едноумие (наметнатиот систем глобалистички) на леви и десни
Автоматски споено мислење:

Треба ние од Кајгана повеќе партии да направиме. Сето е стручњаци тука.
Можете со собирање на 1000 потписи во рок од 3 месеци
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom