Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.859
Поени од реакции
34.893
Ако сакаш некој да го осудиш на психичко мачење, прати го да работи во градинка за деца.

Па нема ништо полошо од 50тина пискави дерлиња да ти ги ебат мозочните ќелии секој ден 5 дена во неделата.
Кој бре нормален учи факултет за да чува деца во градинка?
Кој бре нормален сака да има повеќе од едно дете?
Преги до продавница видов жена со дупла бебешка количка. Внатре две, близнаци најверојатно. Третото и стоеше закачено на градите, а четвртото најголемо беше изгледа, и ја грабнал ногата се влечеше и плачеше.

Би рекол Господ да и даде мир, али мислам дека и он е немоќен во овој случај.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
105
Поени од реакции
261
Драга, многу ми е глупа рекламана на Т мобиле со Били Ајлиш. Демек "Нареден пат ко ќе не прашаат зашо буљаме у телефоните, дајте да им покажеме шо уствари праиме". Е што тоа праиш бе срц, да не ја прочита "Војна и мир" во електронска верзија случајно? Денешниве генерации веќе не знаат ни една саглам писмена по мајчин јазик да напишат( поготово нашиве на македонски). Знам дека во ова корона време сме крајно зависни од технологија, што за работа, што за образование, ама работи како потпалување шуми, снимање на сообраќајки без да се помогне или денсање на работно место како онаа од финансии и после тоа постирање на тик ток ми е уназадување на општо културниот и социјален развој досега постигнат. Демек Диоген да постоеше денес ќе го бараше човекот со уклучен блиц од телефонот,а? Ах беее... :facepalm:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
Каков недостиг на емпатија има кај луѓето искрено се згрозувам. Во каков ли икривен универзум упаднавме... Дури и туѓата мака се користи за ментални его-трипчиња. Не, не сте интересни со сите релативизирања и имагинарното покажување на сила..
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
На денешен ден, 1942 година во селото Болно, во близина на Ресен, била извршена заседа на куќа од страна на фашистичката бугарска полиција. За да не се предадат на татарските џандари, младите Стефан Наумов - Стив (неполни 22 години) и Димитар Богоевски - Мите (неполни 23 години) извршуваат самоубиство. По нив била издадена потерница од страна на окупаторската полиција. Биле активни борци против окупаторот и млади самосвесни Македонци. Потекнувале и двајцата од печалбарски фамилии и се посветиле на ослободувањето на сопствената држава.

Да не се заборави.
Вечна им слава.
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.354
Поени од реакции
4.857
Омраза и незадоволство спрема социјални мрежи, иако константно се употребувани. Не знам дали не знаат за опција деактивирање и бришење на профил, блок опции, криење на содржина или едноставно имаат потреба од внимание и се незадоволни од нивното рангирање на тие социјални мрежи. Барем таму можиш да избереш шо сакаш да гледаш а шо не. Исто и на форумов имаш опција, а ако си доволно сериозен и општо на секаде во животот.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.453
Поени од реакции
15.990
Драга

Ми текна афоризам на еден мој пријател. Дали знаеш како се вика појавата кога некоја девојка ке се вљуби во мене?!?!?!

Научна фантастика!
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Еднаш го слушнав Алан Ватс како со смеење кажуваше дека е благодарен што дедо му не му оставил еден милион долари, и како последица на тоа не станал чук. Колку и да го разбрав целиот концепт до вчера не бев тотално убеден во сите импликации....кога го гледам овој наводниов син на кардиологов каква тиква испаднал ми станува тотално јасно дека тој еден тон мартадела што сум го изел не бил за џабе. Не знам дали му оставил милион....или овој бил сјебан уште пред да го добие, како и да е.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Приметувам интересна нова ситуација по патиштата низ Македонија.
После избориве врие полиција по автопатите.....нешто како во Бугарија.
Секогаш кога возам низ Бугарија држам брзина идиотски според знак 50-60км/ч, некаде почастуваат и фамозни 80.....на нивните автопати сум видел џандари дури и во сред тунел на ширинка....конкретно пред влез во Софија. Кај нив сосема нормално е џандар скирен во грмушка (сосе кола) ти срипува на пат и те сопира (некогаш опасно е дури и да не го згазиш)....онака да те гњави и некоја цигара да ме изгребе....зошто нема за што да ме казни....не му правам прекршок.....Бугарите отсекогаш биле полициска држава и такви ќе си останат......ми се гади кога треба да возам по нивните патишта зошто морам да лазам.....и да трпам да ме сопираат и замараат џандари без причина.

Сега последниов месец истото го има и на нашиве патишта......вчера вечер дури четири контроли по автопат Гевгелија - Скопје. Прва.....клучка Смоквица.....Втора.....патарина уште неактивна пред Демир Капија......Трета.....клучка Градско........Четврта.......Катланово
Ме сопираат џандарчиња на втората контрола пред Д. Капија....застанати меѓу изградените кабини од патарината, каде што сакал или не возиш споро.
Добро вечер....од каде доаѓате.....Дојран му велам.....возачка и сообраќајна.....Бујрум......и ете ти го 15 минути му треба да запише во тефтерот дека ме проверил и дека се е во ред....аа ДА....и да ме провери преку фамозната радио станица. Во меѓувреме двајцата негови колеги исто си најдоа жртви да замараат......Се враќа џандарот ми ги враќа документите и го прашувам, се ли е во ред?......да се е во ред....имајте пријатен пат. Пред две недели пак некаде по истиот пат ме сопреа.....онака рутински без причина.
Иритација ми ствараат вакви замарања......без причина.
Во нормални ЕУ држави ако случајно те сопре полиција по пат......мора задолжително да ти објасни зошто те сопрел.....да ти каже причина.
Скопје-Берлин безброј пати сум возел.....кога ќе искочам од Србија....нагоре е веќе друга приказна.
Случка за Србија.....после Нови Сад према Хоргош....патувам накај Германија. Ме сопира џандар лани летото, топла ноќ беше се сеќавам.......и ми иде полека Добровечер! .......и така немаше причина за казна и почна да ме замара со глупи муабети....му викам, извини брате мало журим, чека ме дуги пут......и ете го моментот а да почастиш нешто, цела вечер комарци не изедоа.....и со ширум отворени очи гледа накај Сникерс кесата оставена на совозачко седиште, полна со чоколадца......е маму ти јебем си викам, ево изволи за тебе и колега.....се изарадува и вели хвала! сретан пут!.....кретени.

Во нормални држави не те тормози полиција без причина......тоа го има само во ВУКОЈЕБИНИ.
А јас нашава Вукојебина.......дури премногу добар збор е тоа....би ја нарекол ПРАШУМА.

И крајно внимание отворени очи по патиштата ноќе, џандари демнеат.......особено на Гевгелија-Скопје (тој пат го растурив од возење цело лето)......се врати времето на Бранко изгледа.....памтам тогаш вриеше вака од полиција......купувавме анти-радари на големо за низ МК и БГ. Ти е*ам државата пропадната.
 

Johnny B

Психопат
Член од
15 февруари 2010
Мислења
11.094
Поени од реакции
9.679
ДИК
Ми се смачи цела недела на работа и викам како не умрев да се куртулам хехехеееееее
И еве ме стегна грло и кренав малку температура. It's happening guys :unsure:
Во ред е Господе, се зафркавав не мора па ти се сериозно да сфаќаш :cautious:
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
На ФБ треба да се додаде и реакцијата facepalm, за кога ќе видиш некој глуп пост или коментар одма да реагираш да не мора да се замараш со стикер.
Се пушташ еднаш на три дена и прво што ти искача пред очи е некој безвезен пост за тоа како син му на Меџик Џонсон носел сукња. Кој знае колку јака вест е тоа па да мора некој да потроши 3 секунди од времето да го прочита само насловот. Да не зборам за оние кои свој леб јадат, туѓо гајле берат како одма скокаат да шибнат некој коментар со омраза, само колку да се искоментира нешто. Као они све, сите тајни на универзумот ги знаат. А да ги пуштиш негде во дивина да се снаоѓаат како знаат врска нема да имат од животот.

- Мажите се жалат од жените, жените се жалат од мажите.
Првиве замараат ,,сите жени се исти", вториве ,,сите мажи се исти". А уствари кога ќе разгледаш убаво и едните и другите се за да грабне човек една прачка па да удри по тоа газовите, жар да им ги направи. Па после Дарк не сакал у врска да биде, не сакал во брак да биде. Па не сакам нормално. Зашто да ме боли глава, кога можам времето што ќе го поминам во нервози да го искористам за да направам нешто корисно.

- Меѓу работите што најмногу мразам да ги правам, а принуден сум да го правам тоа. Кога сум сред сообраќај не морам да мислам само јас што правам и како правам. Туку морам да мислам и тој таму лево што ќе направи, тој позади мене што ќе направи, тој пред мен што прави, тој што е одалечен 100тина метри од мене што планира. Зошто? Затоа што некое говедо решило да помине на црвено, а не гледа дека тој од десно што му е зелено веќе му е касно да закочи. Секако нели доаѓа до судир, бидејќи на некој повеќе му се допаѓа да мисли со долната уместо со горната глава.

- Можат баби да ти бидат, ама цел тој Живот што го поминале не научија да ги затворат устите кога треба да се затворат. Стварно не разбирам што е убавината во тоа само да се оговара нешто. Ќе се соберат 5 души кај една, кафето на тераса и устите им зборат ли зборат. Па ќе ми рече некој после дека постарите биле поучени и попаметни. Седи бе ајде таму.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom