Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Драга,
вчера одам до НЛБ банка ( нормално чекав малку повеќе од 1 час во колоната од гужва) и кога влегов на шалтер ме дочека мала непријатност. :(

На шалтер имаше вработена девојка динамит бомба со фантастичен изглед, јас нејзе и персирав цело време кога кажав зошто сум дојден во банка, а таа цело време ми враќа на ти без персирање, и кога одеднаш ми бара податоци за брачна состојба кои баш и не се реално да се бараат од клиенти.
Ме праша директно на ти: Во брак си? - Јас и вратив ладно и отсечно: Не.
Кога веднаш од нејзина страна одново прашање: Вработен ли си? И ако си, кај работиш?

Ама тука можеби ја разочарав со одговорот........ не е моја вина ( in my defence) .
Можеби подоцна чисто од таа женска љубопитност барала низ интернетот за мене што ќе излезе, а намерно и таа и нејзина колешка од другиот шалтер беџовите ги свртеле обратно да не може да се им се видат име и презиме.

Ајде да е потребно да имаат како професионална банкарска информација и потреба каде некој работи и живее, но што им е битно во каква брачна состојба е некој? :lut:
Дојде време никакво, ќе те чекаат секаде некакви си женски квази ликови.

Пред месец дена на Српскиот Б92 портал имаше тема за машко- женски односи, и имаше куп коментари, и исто еден лик имал некоја расекотина на едната рака кога дома пробал нешто да сече со нож, и отишол во амбуланта и таму млада болничарка го прашала: Колку години има, и откако ликот и одговорил, на таа веројатно и се видел како привлечен и прилика, и следело ( очигледно) судбоносно прашање до ликот: Кај работиш?

И кога типот и рекол дека е машински инженер но сепак моментално е на биро, во истиот момент таа болничарката се свртела од него и си заминала. :D

И после немало спонзоруши, да бе немало.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Драга,

Пред некоја година ми беше потенцирано дека татко ми личи на Де Ниро. Отпрвин ми беше чудна споредбата, пред се зашто јас ја немав никогаш поврзано таа работа, познавајќи ги двајцата како изгледаат, али ок. Мислам дека како старее така повеќе заличуваат, мене бар не ми личи во Кум или во Таксист воопшто, но после гледање на Heat и Казино, тука се некако најслични со годините што татко ми ги има сега и да, укапирав дека може да помине ко брат или син на Боби. Дури и бемката е на иста позиција.
Откога му го кажав ова, не само што се согласи, туку и двапати суптилно го има тоа внесено во разговор. :D
Она што ми е најинтересно е што дури и гримасите им се скоро па исти, тој поглед на разочараност, неодобрување и осудување во едно. :D
И тоа е ваљда единствената работа што физички ја имам наследено од татко ми. :coffee:
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Кајги....

Среќна сум, и покрај сите непријатности, среќна сум! Имам маж, е да, кој го сакам, ме сака, ја сакам неговата размазена принцеза дури и повеќе од што маќеа треба да сака поќерка, ми недостига додека дремам во дуќан и чепкам по Пинтерест, бројам часови да дојде да ме гушне и да ги спушти своите усни на мене, додека го гушнам пред телевизор и тивко се олабавам во лесен сон. Го сакам и она кога му се спушта сенка над веѓите зошто нешто го мачи, а најчесто го мачиме ние во очите на другите. Како да го натерам да престане да се грижи за се?!

Ќе помине, ние ќе бидеме уште повеќе заљубени и се ќе дојде на свое место, само он да е до мене. Ах колку е убав животот вака светол!
 

парва

errorhead
Член од
12 јуни 2014
Мислења
3.358
Поени од реакции
19.185
Ти си неизоставен дел од мојот живот изминатиов период.Без тебе е незамисливо секое утро,секој поминат час на работа, заедно влегуваме во продавница со насмевка, пазаруваме со насмевка,заедно и сложно, како да се знаеме цел живот. Ти ме исполнуваш секој ден, ти ми го галиш образот толку нежно и меко, ми ја галиш брадичката, оноклу стрижена како што сакаш само ти.Неможам да ги отргнам усните од твоето меко ткиво,миризлива и слатка,секогаш испеглана, секогаш скоцкана,дотерана.Ти ме дружиш и во афтобуските гужви, ми го отргнуваш вниманието од секојдневието, ги заборавам сите проблеми кога си со мене,со тебе се е ароматично, магично,боженствено...
Те обожавам во секоја варијанта и нијанса, црна,бела,шарена,ти си секогаш мојот ангел чувар. Фала ти што постоиш во мојот живот. Се надевам уште ке трае оваа наша неразделна дружба,гушкање,спонтани бакнежи...
Ти го обожаваш секој мој здиф, утрински,секојдневен, смирен,убразан ритмички заедно со моето срце кое чука само за тебе...
Не можам без тебе ниту еден обичен ден,ниту еден момент без тебе е нзамислив, едноставно неможам да се замислам себе си а ти да не си со мене. Признавам.
Tи си мојата прекрасна нумера, мојата омилена трака, песна...
Ти си мојата сродна душа,мојата спонтана љубов,искрена детска желба и насмевка,неразделен другар во секојдневито,партнер,муза,принцеза,лејди,божица,сирена,нимфа,дама,валкир... ти си мојата МАСКА!


Сори за литературно Драа, мораф : D
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.179
ДК,

Најиритантен збор во 2020 година за мене е зборот "кластер". Да ти кажам право инстантно ме спотерува кога и да го слушнам/прочитам, а и таквите луѓе во генерала ми се иритантни. Научиле нов збор, па сега ќе го повторуваат на секое, аe мрш таму..
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.517
ДК,
Кризава во економијата и бизнисот а и општо сега со коронава иде се на лошо. Се затвораат дуќани, образованоето не се знае како ќе тера, пензионерите се гураат во банкиве за пензиите да си ги обезбедат, на луѓето се помалку им се трошат пари... До кога вака?
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.611
Поени од реакции
3.554
Секој пат кд отворам ТикТок чудам се колку глупоќата на народо нема граници, бш преска скролам и гледам мртво тело покриено со чаршаф и он/а снимал га од малце далечина, па зашо бе? ЗАШО? Шо си постигнал со тоа не ми е јасно? Слично као пред неколку години кд вај јутуберо глуп Логан Пол беше снимал мртво тело у шума. Па после извинување триста глупости, епа баце како викат после ебање нема каење. Размисли пред да постапеш такво нешто. Ама нивната желба е само познати да станат, да ги има на Јутуб, Инстаграм, Фејсбук. На тиа американците секој дн нов предизвик и истекнува, де овоа де оноа. Имаше едн предизвик да изедеш од тиа шо се стават у перална ебем ли ги како се викат. Па чекај малце бе, он попрво би се отрул, САМО за да има прегледи и да биде познат. Мрш да ви ебу нездравата нација.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom