Искуството го направи своето. Шампионски одработено
.
На крајот Борко кој сите го убија од пцуење го реши натпреварот. Само за последните 10 минути од овој натпревар може да се исплати неговото доаѓање во екипата. Зошто го викам ова? Очигледно е дека меѓу другото има и одредена психолошка блокада во екипата. Вакви натпревари често знаат да ја создадат потребната хемија со која може да се извади максимумот од екипата во текот на сезоната.
Кога ќе се врати Столе, мислам би биле за цела класа појаки од ова. Многу голем проблем е тоа што ни Калараш ни Валчак во напад не се пикери од тип што градат позиција и имаат тежиште и снага да задржат играчи на грб што би се рекло. Вардар одамна е навикнат да базира добар дел од играта на такви играчи и малку тешко се прилагодува на 60 минути без таков пикер.
Со Веспрем добар тренинг за тоа што ќе ја чека екипата во ЛШ.
П.С. Во одбрана, Калараш одличен, сите други крш. Многу работа има тука, иако со 5-1 некако ја стабилизираа работата во финишот.