Во врска со љубовта: Сакам да ти кажам дека...

Член од
2 јули 2009
Мислења
340
Поени од реакции
395
Би ти кажала многу работи.
Дека разбуди некои емоции за кои сум заборавила дека постојат, пошто не сум ги осетила со години.
Дека пепетутките за кои се смеев и мислев дека се случуваат само во тинејџерски години, после тебе ги осетив убаво и уште ги осеќам.
Дека успеа да ги отргнеш сите грижи и стресови со само една насмевка.
Дека успеа да направиш да се ѕверам у плафон и да се смеам за ништо.
Успеа да ме мотивираш, да ми дадеш некоја чудна сила и волја што ни сама не можам да си ја објаснам, ниту знаев дека ја имам.
И одеднаш исчезна спокојот што го осеќав. Сега веќе е немир. И ме малтретира и мачи. Емоциите уште се тука, ама не предизвикуваат радост, туку мачење. Пеперутките ствараат нагон за повраќање. Уште се ѕверам у плафон, ама со залутан поглед и милион прашалници.
Не, не е твоја вина.
Се опседнав, а знаев дека е пред време осудено на пропаст. Ама свесно влегов, свесно ги трпам последиците. Барем ме оживеа на кратко.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
129
Поени од реакции
295
Знаеш, некои мажи имаат жена во нивната постела која мислаат дека ја сакаат. И потоа има една која им го зема паметот, прави да се опседнат со неа и им ја бранува најскриената фантазија или со други зборови, онаа од нивните тајни одаи на битието. Истата таа е криена секоја ноќ под перницата, секоја ноќ е гушкана како да е последно и е носена во мислите по цели денови. Таа е жената од најинтимната сексуална фантазија која не може да биде опишана со зборови односно она, која знаат дека не ја познаваат доволно но срцето толку брзо чука при самата помисла за неа да го помати здравиот ум и разум но не можат да ја заборават затоа што ги обзема сетилата. Таа е вистинската и тие го знаат и чувствуваат тоа но и покрај тоа ја пуштаат да замине засекогаш поради една или друга причина.
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Заборави вечерва на се љубов моја, на сите сметки, табели, картици и проблеми со транспорт, заборави и на она што ни ги уништува плановите, ние сме силни и ќе поминеме низ сѐ. Камо само со пари да се плаќаше тоа што не мачи во животот. Уште само 10 дена, само 10 и јас и ти и нашето блесаво кутре и твојата принцеза, ќе бидеме семејство какво што отсекогаш си сакал. Ќе кажам ДА кога ќе ме прашаат, ќе кажам ДА за овој живот кој го сакам за нас. Знам дека со татко ми ќе се согласуваше иако немаше да му биде сеедно што си едвај 15г помлад од него, ќе се мрштеше можеби на почекот ама после само еден заеднички викенд во Маврово ќе ти ја откриеше тајната за совршениот сос за скара, а мајка ми ќе ти ги закрпеше сите скинати фармерки кои ги чуваш за по риба, ќе ни ги споеше сите распар чорапи и ќе ни направеше јуфки колку што ќе посакаш. Ќе бидеме семејство, колку и да те мачат туѓите муабети, колку и да те болат погледите на мајка ти додека те гушкам после ручек во Маврово, еден ден ќе сфатат дека јас и ти сме совршени еден за друг. Вечерва ќе играме дома додека не се умориме доволно, а утре, утре ќе мислиме за задутре. И јас сакам утре да ни речат дека се е во ред, сакам да ни измамат насмевки замерките на твојот пријател од детство дека си добил џекпот, ќе видиш, утре ќе биде подобро од денес. И додека чекам на каса во Веро се присетувам дека токму овде започна се. Нашата мала тераса вечерва ќе биде угледниот италијански ресторан кој го сакаме многу, подот во дневна ќе ги замени штиците од кубански, а вечерва ќе заспиеш без сите тежини кои те мачат, утре може да се смени се, а може и да ни донесе нови видици на животот. Те сака, твојата златна рипка :love:
 
Член од
26 август 2019
Мислења
351
Поени од реакции
763
Ти реков дена на крај се ќе биде совршено, ти реков, ти реков, ти реков.... Зошто ли мислиш дека нема да успееме, мислам дека 2022 ќе биде наша, чувствувам. Денес ќе направам пуканки, ќе го гушнеме лепотичето твое и ќе гледаме филм, ќе видиш дека ќе биде убаво. Кога ги видов денес стаклестите очи и солзите во нив нешто во мене пукна, го собра и го состави со своите зборови во лифтот, се ќе биде добро љубов моја! Имаме најмалку 1 година да ја размазиме лепотицата уште толку, да уживаме во статусот на млад брачен пар, а потоа да се потсетиш како беше да не спиеш цела ноќ и да те буди детски плач. И тогаш се ќе биде совршено.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom