Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.334
Поени од реакции
3.276

Како пратеник и Лидер на политичка партија има полно право да бара дозвола за поседување и носење оружје, посебно откако директно има закани, МВР и било кое друго физичко обезбедување може само да одмогне, никако да помогне во неговиот случај, само побрзо ќе го наместат.
Велат ќе завршел како Тодор Петров со крстот и ќотекот, никако тоа не смее да си го дозволи.
Tipichen sandzakliski buchuk, samo so nasilstvo znae da reshava problemi.
 
D

Deleted member 53418

Гостин
Tipichen sandzakliski buchuk, samo so nasilstvo znae da reshava problemi.
За да земеш во приватен сектор 1700 евра треба да си невиден експерт за нешто, може да претпоставиме ликов за што е експерт.....
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.546
Поени од реакции
21.518
Таа како министерка за финансии сигурно имала претстава што се случува со банката.
Апасиев да беше на нејзино место ќе ги оставеше парите да му пропаднат?
"Како што соопшти гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, затворањето на Банката воопшто нема да ја доведе во прашање стабилноста на банкарскиот систем, а сите депозити на штедачите ќе бидат исплатени во рамки на законските рокови."
 
Сите депозити до 30.000 еур - останатите ќе чекаат да се отвори стечајна постапка со надеж дека Банката ќе има доволно капитал да ги обештети. Така да, Нина требало да го почасти Трифун со 220.000 еур да си ги кредитира сопствените фирми.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.359
Поени од реакции
19.890
Таа како министерка за финансии сигурно имала претстава што се случува со банката.
Апасиев да беше на нејзино место ќе ги оставеше парите да му пропаднат?
Не знам што би било кога би било.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Не знам што би било кога би било.
Треба да си луд во оваа држава да се откажеш од толку пари ако имаш информација дека на Банката не и оди како што треба.
Еве го анетниот лист, не знам од кој датум е, ама изгледа министеркава си ги подигнала депозитите од порано, не како што тврди Љупче Златев во четвртокот.

Криво ми е што Апасиев така паѓа на лажни вести, или можеби не паѓа, ама така му одговара. Во секој случај, не е исправно.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.916
Криво ми е што Апасиев така паѓа на лажни вести, или можеби не паѓа, ама така му одговара. Во секој случај, не е исправно.
Според што ти заклучи дека паднал на лажни вести?
Он, праша - Вистина ли е?
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Според што ти заклучи дека паднал на лажни вести?
Он, праша - Вистина ли е?
Вистина ли е лешпери?! Самото споделување не го личи, на крајот тоа и не е така битно, како претставник на народот не се фокусира на тоа дека 170 луѓе останале без работа, се фокусира дали министерката си ги подигнала своите пари.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.916
Вистина ли е лешпери?! Самото споделување не го личи, на крајот тоа и не е така битно, како претставник на народот не се фокусира на тоа дека 170 луѓе останале без работа, се фокусира дали министерката си ги подигнала своите пари.
Така е, им се обрати со лешпери, што и се.
Ништо од тоа не покажува дека наседнал на лажни вести. Он праша - вистина ли е, а не тврдеше дека е така, ниту го зема здраво за готово тоа. Баш заради тоа што праша.

А тоа што е вулгарен, ја викам: гомнарите - со гомнарски цефки.

Најдете му нешто пострашно, ова глупо ти е. Стварно.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Вистина ли е лешпери?! Самото споделување не го личи, на крајот тоа и не е така битно, како претставник на народот не се фокусира на тоа дека 170 луѓе останале без работа, се фокусира дали министерката си ги подигнала своите пари.
Не е претставник на народот, туку е претставник на 12-13 илјади луѓе кои гласале за него во ИЕ1 или максимум 40ина илјади луѓе кои гласале за партијата на ниво на цела држава. И голем дел од тие гласачи се ок се таквиот речник каде што е потребен. А во случајов, споменувањето на ТАТ веројатно е претерано во ситуацијава (а може и да не биде претерано, ќе видиме), но револт секако е оправдан.

Претставник на народот кој се грижи за 170 луѓе кои останале без работа може да биде "победникот на изборите", "најтранспарентната партија" и слични блескоци, односно партијата на споменатата министерка, чијашто пратеничка група ќе биде носител на идното парламентарно мнозинство како што нели јавно се искурчуваат. И во таква ситуација, вработените кои остануваат без работа и клиенти на банката преку ноќ остануваат во незавидна положба, додека луѓе од блескавата извршна власт навреме си ја средиле работата. Баш реакции како таа на Апасиев "ги личи" во ваква ситуација.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom