Фан Клуб: Челзи

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Педро. Еден од тројцата играчи од таа генерација (вториот е Бензема пред да замине од Лион и третиот е Агуеро од Атл Мадрид) кои сакав да ги гледам во Челзи и објективно имаше шанси да се донесат.
Играше многу повеќе од што очекував што не е негова вина, ама и кога не му беше денот секогаш вложуваше максимален напор да покрие што може. Farewell.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
За првото секако јасно ни е на сите дека има проблем со менталитетот. Тоа е и една од причините поради кои во играчите кои ги прават трансфер цели, го гледаат и карактерот.
Ама и тоа е нешто во што можат да прераснат младиве, не можеме одма да го очекуваме.

Јас освен подвижноста кај Мејсон Маунт, не гледам кај никој подобрување потребно за играч во екипа која се бори за трофеи. Хадсон-Одои еве би го издвоил поради долгото отсуство заради повреда, иако по говорот на телото не ми влева некоја доверба.
Сакаш да кажеш само кај Маунт дека гледаш простор за подобрување? Пак некако ептен строго ми е тоа. Фер, доколку Челзи е уште истиот Челзи од пред 10 години, ама реалноста не е таа.
Јас па кај сите гледам голем простор за подобрување. Уште сметам дека Џејмс ќе биде најдобриот од групава. Ама и за Маунт сум сигурен сега дека ќе биде успешен во Челзи, во било каква улога. Едноставно има некој инает во него за да успее и убеден сум дека ќе работи понапорно од сите други за да си ја оствари целта.
За Тами јас со години зборев дека не сум баш сигурен дека е за Челзи. Ама мора малце респект за тоа што го направи сезонава за Челзи. Убедливо најдобар стрелец во прва сезона како главен напаѓач за сериозен клуб. Падна во втората половина и премногу брзо се заборава како играше на почетокот, и колку време играше со повреда само затоа што Лампард не им веруваше на Жиру и Мичи. Мене ми даде надеж. Што не значи дека ќе испадне доволно добар понатаму, ама има шанса.

Првава сезона за сите беше колку да покажат дека имаат некој талент и дека би можеле да станат играчи доволно добри за Челзи. И во тоа успеаа според мене. Е сега следи побитното, а тоа е втора сезона и понатаму каде ќе треба уште повеќе да работат и константно да покажуваат некакво подобрување. Тоа што тимот ќе се засилува со подобри играчи е одличен тест за младиве. Или ќе го прифатат предизвикот, ќе работат повеќе од сите други и ќе си заслужат место во тимот, или ќе си останат како просечни сквад играчи/ќе бегаат во послаби тимови.
Во втората сезона и јас многу покритички ќе гледам на нивните настапи и поголеми ќе ми бидат очекувањата. И за играчите и за тренерот. Ама првава сезона освен ако беа константно ужасни, не ми е фер ептен да критикувам. А не беа ужасни.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
За првото секако јасно ни е на сите дека има проблем со менталитетот. Тоа е и една од причините поради кои во играчите кои ги прават трансфер цели, го гледаат и карактерот.
Ама и тоа е нешто во што можат да прераснат младиве, не можеме одма да го очекуваме.
Се согласувам за се освен за последното, според мене таква пргавост и дрскост е дел од карактерот и не е нешто што може да се стекне со искуство. Единствено кај Мејсон Маунт гледам такво нешто, ако и тој не тргне по гејмерските стапки на слава како Деле Али и Месут Озил и да заборави на фудбалот.

Сакаш да кажеш само кај Маунт дека гледаш простор за подобрување? Пак некако ептен строго ми е тоа. Фер, доколку Челзи е уште истиот Челзи од пред 10 години, ама реалноста не е таа.
Јас па кај сите гледам голем простор за подобрување. Уште сметам дека Џејмс ќе биде најдобриот од групава. Ама и за Маунт сум сигурен сега дека ќе биде успешен во Челзи, во било каква улога. Едноставно има некој инает во него за да успее и убеден сум дека ќе работи понапорно од сите други за да си ја оствари целта.
За Тами јас со години зборев дека не сум баш сигурен дека е за Челзи. Ама мора малце респект за тоа што го направи сезонава за Челзи. Убедливо најдобар стрелец во прва сезона како главен напаѓач за сериозен клуб. Падна во втората половина и премногу брзо се заборава како играше на почетокот, и колку време играше со повреда само затоа што Лампард не им веруваше на Жиру и Мичи. Мене ми даде надеж. Што не значи дека ќе испадне доволно добар понатаму, ама има шанса.

Првава сезона за сите беше колку да покажат дека имаат некој талент и дека би можеле да станат играчи доволно добри за Челзи. И во тоа успеаа според мене. Е сега следи побитното, а тоа е втора сезона и понатаму каде ќе треба уште повеќе да работат и константно да покажуваат некакво подобрување. Тоа што тимот ќе се засилува со подобри играчи е одличен тест за младиве. Или ќе го прифатат предизвикот, ќе работат повеќе од сите други и ќе си заслужат место во тимот, или ќе си останат како просечни сквад играчи/ќе бегаат во послаби тимови.
Во втората сезона и јас многу покритички ќе гледам на нивните настапи и поголеми ќе ми бидат очекувањата. И за играчите и за тренерот. Ама првава сезона освен ако беа константно ужасни, не ми е фер ептен да критикувам. А не беа ужасни.
Само кај Маунт гледам моментално присутно подобрување во подвижноста и пргавост потребни за врвно ниво, настрана минусите што ги има како непрецизни шутеви од игра и ужасен decision making во клучни моменти на нападот.
Простор за идно можно значајно подобрување давам само кај Хадсон-Одои. Кристенсен и Лофтус-Чик си ја пропуштија шансата, за Абрахам следнава сезона очекувам да биде пресудна ама судејќи по оваа сезона пресудата нема да е добра за него (настрана колку голови има дадено, меѓу првите во лигата е по процент на промашени големи шанси ако не и прв + пристапот кон играта кога е на терен цела втора полусезона му е очаен, не за џабе Жиру е стартер цело време), за Џејмс предноста е во тоа што е неколку години помлад и ќе му се даде повеќе шанса ама од досега прикажаното очекувам да има иста судбина како Абрахам.

Дека имаат талент се знае од годините кога беа 2 години по ред победници во младинската ЛШ. Неспорен е талентот, за друго зборуваме. Најдобар пример е Доминик Соланке, веројатно најталентиран од таа група а гледаме до каде е стигнат моментално. Многу ме интересира каква кариера ќе направи тој, безразлика што нема да биде во Челзи.
 
Член од
4 јуни 2016
Мислења
438
Поени од реакции
365
И официјално крај на сезоната. Во глобала задоволен од сезоната, се пласиравме во ЛШ иако мали ни беа шансите на почетокот.

Натпреварот вчера беше готов уште пред да започне. Голем дел од играчите беа откажани и немаа желба да се надигруваат, компетитивноста беше 0.

Голем дел од играчите од школата на Челзи не ги гледам во составот во наредните 2-3 години. Можеби само од клупа како играчи за ротација, единствено само Маунт би имал некоја побитна улога во тимот.

Одои, Џејмс и Абрахам не ми се свиѓа како се развиваат, во смисла на ментална способност, јачина, лидерство. Ипак се деца на Челзи и треба да гинат на терен за тимот. Премногу ноншалантни ми изгледаат на терен, се понашаат и смисла као ајде ќе заврши натпреварот, ќе пројде една недела, ќе ми легнат на сметка 50 000 - 100 000 евра, фунти, небитно. После изгубен натпревар ќе пишам некој статус на инста се враќаме посилни, хард ворк итн.

Се надевам дека грешам.

Мислам дека и Френк го има увидено ова кај играчите, сепак година дена е со нив секој ден. Знае што значи да се игра за Челзи. На Френк неможе да му се суди за резултатите оваа година ради околностите во кои дојде. Дури и ги надмина очекувањата. Треба да му се даде уште една сезона за прилагодување, проценка на играчите, засилување на тимот итн.

Околу трансферите ми се свиѓа со кои играчи не поврзуваат. Да имавме постабилна одбрана, доаѓањето на Зијех, Вернер и Хаверц ќе беше 11/10 трансфер период, но вака се намалува впечатокот.

Премногу играчите ни требаат за во 1 трансфер период. ЛБ, 1 или 2 ЦБ, голман. Уште 4-5 играчи до крајот на трансфер периодот. Не ги рачунам Вернер, Зијех и Хаверц во нив.

Зијех, Вернер, Хаверц, ЦБ (ХМ Хименез) + некој ЛБ од 20 - 30м и голман би бил одличен транфер период. Наредниот уште 1 класа ЦБ и некој играч за ротација и тимот би бил горе доле среден.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Талентот го имаат, во тоа сум сигурен. Томори, Џејмс, Маунт, Одои, Абрахам, сите можат да бидат доволно квалитетни за Челзи. Е сега дали ќе успеат да бидат, зависи од многу фактори. Најмногу од тоа самите колку напорно ќе работат за да си ја остварат целта. Ама сме виделе и како една заебана повреда може да уништи кариера на млад фудбалер.

Доброто е што клубот не се потпира само на нив и не пробува да им даде 3-4 години првотимски фудбал, па после да гледаат до кај се. Лесно можеа да не го донесат Вернер, да се потпрат само на Тами. Истото е и со Зијех, и со Хаверц. Вака бар ќе знаеме сигурно. Ако стварно ги бива и заслужуваат да играат за Челзи, ќе го кренат нивото следнава сезона и ќе се наметнат и покрај конкуренцијата. Баш Тами на интервју вчера го кажа тоа за конкуренцијата. Ова е Челзи и мора секој ден да даваш се од себе ако сакаш да играш. Само со таков менталитет (ако стварно таков им е менталитетот) ќе имаат некаква шанса да успеат.

Кој е џинџерот?
Поима немам :D
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.935
Поени од реакции
1.914
Не ве разбирам зошто толку негативност.

По мене ова е успешна сезона со оглед на тоа во каква ситуација беше тимов кога стигна Франк.
Трансфер бан, без Хазард кој ни беше мотор во екипата, повреди на битни фудбалери толку беше максимумот.
Можевме и до трофеј ама ете несреќен и чуден сплет на околности не спречи.

Баерн е најкомплетниот тим во Европа и главен фаворит за освојување на лш. Ние сме тим во транзиција едноставно немаме квалитет да се носиме со таков тим.
Од ваков меч можеме само да научиме, добар тест да се види до каде е тимот и каде треба подобрувања.

Голема позитива е што клубот веќе донесе 2 добри засилувања плус ако се донесе и Каи офанзивно би требало да сме добри.
Средина со Канте, Ковачич, Маунт сме исто добри.
Али дефанзивно е панична работа, ми излезе податок дека Челзи сезонава има примено 79 гола.
79 гола е ранк на одбрана која е помеѓу 15 - 20 место искрено без доза на сарказам.
Кога ваква бројка ќе стои позади одбрана тука треба сериозни прашалници да се постават пред се до стручниот штаб кој е предводен за
тренинзи и организирање на одбрана.
Јас не викам дека пример ако Кепа прими гол од 30 метри има кривица тренерот или како вчера кога Левановски скока во водушен дуел Емерсон се крие да не го удри како демек играат балет тоа си е индивидуално, меѓутоа имаше голем број на голови кои се копија.
Центаршутеви кај кои нашите дефанзивци стоајт далеку од противнички играчи, не маркирање како што вчера беше случај кога втрча Толисо, ова е свеж пример да не се навраќам наназад како Антонио не реши или оној од Шефилд кој нема дадено гол пола сезона.

Да не развлекувам многу, не е проблем Кепа или лев бек, проблем е ама не е приоритет. Приоритет мора да биде лидер во одбрана кој ќе внесе пред се комуникација.
Ми текнува на едно име кое на лето е слободен играч.
Тиаго Силва.
Немора да ни е прв тим, меѓутоа самото присуство во тимот значи.
 
B

Beginner

Гостин
Негативноста кај сите нас е најверојатно заради одбраната. Вчера немаше да му замерам и да пробаше со Cumming голман, Матсен, Симеу и Томори во одбрана кога веќе гледа цела сезона не ја бива одбраната можеше некој од овие што ги набројав барем во ПЛ да им даде шанса. Добро Томори доби минутажа а и цела сезона со повреди имаше проблеми. За Матсен ми е најмногу криво што не доби ниту 10 минути во ПЛ. Од играчите уште Педро и Алонсо да си заминат иако Педро во Фа Купот изгина ама исто како Вилиан топло-ладно игра. Следната сезона треба да ја оправи одбраната ако не му донесат(ако воопшто постои стабилен цб што би дојдел) никој и пак лошо почнеме да примаме многу голови нека проба да најде решение кај децата. Поразително е на толку многу примени голови и сеуште да се надеваш на Рудигер, Кристенсен и Зума. Ај Зума имаше утакмици супер играше ама другиве 2ца... На крај не му замерувам многу на Лампард прва сезона му е овде.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340
Пак, главниот проблем кај одбраната не е имдивидуалниот квалитет на играчите, туку општата поставеност на тимот. Тоа е нешто што Лампард не го промени, иако цела сезона е очигледно. И со полоши дефанзивци може да се изигра подобра одбрана, така да најмногу тоа останува он да го среди со работа. Иначе џабе и цела нова одбрана да му донесат.



20200809_220940.jpg


Изгледа има дури и повеќе моќ него што мислев.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.935
Поени од реакции
1.914
Ако е така супер.

@Beginner Немаше простор за да им даде шанса бидејќи секој меч од последните во пл беше маствин.

Се слажам со Донев дека и со полоши дефанзивци да играше 79 гола се многу, мора нешто да промени во дефанзивен пристап пред се.
Имаше голови кои се примаат поради тоа што централните дефанзивци стојат предалеку еден од друг, исто имавме неколку ситуации каде што противнички играч втрчува а нашиве дефанзивци се гледаат и го оставаат сам. Фали комуникација.
Прекини исто така многу лошо браниме ако не се лажам 2 сме по примени голови од прекини во лига, а имаме високи играчи.

Индивидуално Зума ми е океј вториов дел од сезона.
Другиве не ги коментирам. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom