Јас денес си ја пробав среќата и влегов со македонски пасош, негативен тест и државјанството. Никаков проблем на граница не направија кога им реков дека сум бугарски граѓанин но немам документи и дека одам да си ги подигнам по прв пат затоа што истите ми се готови од февруари месец.
Им го дадов тестот и државјанството на увид, ме внесоа во системот дека влегувам по одреден основ и ја поминав границата. Мислам дека големи се шансите исто вака да поминат и тие што треба да си го земат државјанството, само носете некој вид на доказ односно одлуката и терминот на мејл што го имате резервирано.
Единствено лошо во оваа ситуација е што ќе мора барем уште 2-3 пати да одите за да досредите документите и на секое ќе ви бараат негативен тест што е екстра трошок на секое одење.