Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Едно од најраните сеќавања ми се за една чиста и прекрасна ѕвездена ноќ, кога дедо ми ме фати за рака и ме однесе на одмор. Оттогаш поминаа многу години, се случија многу работи, убави и неубави. Но една работа никогаш не се промени. Дедо, човек со ретки квалитети (а ова не го пишувам само затоа што се работи за род, па сум пристрасен, затоа што може и брат да ти е па да ти се згади), секогаш способен на тивок, мирен, да решава свои и туѓи навидум нерешливи проблеми, или барем да помогне, да утеши. Без користољубивост, без задни намери. Никогаш арогантен, никогаш груб или прост. Но никогаш ни кукавица ни слабак. Не е мал бројот луѓе на кои им се нашол, на кои некако им го променил животот на подобро, а многу од нив и сега се сеќаваат на тоа. Заради таквите како него посакувам да постои Рај или некакво слично место. Замина пред извесно време. Почивај во мир дедо и нека тие вечна слава.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
ДК
Пред многу години татко ми ми објаснуваше разлика помеѓу помеѓу успешен менаџер и само менаџер...
Успешен менаџер е тој што успева да создаде лојален тим кој ќе биде задоволен од својата работа. Едно од поважните зборчиња е лојален... Заборавена категорија во многу сегменти.
Сепак сум среќен човек кој има можност и привилегија да работи со прекрасни луѓе.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Си лежам на фотеља со нозе нагоре, и си слушам италијанска музика.....и ми дојде некој страв. Да не треба да работам нешто у животов како порано по 8 саати без престан.....ебати животот таков си мислам. Ќе треба да се убијам :D
Еден аспект од еврејската клетва, да имаш па да немаш. Ова е да немаш работа па да имаш....не дај БОЖЕ!
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.679
Поени од реакции
19.592
Драга,

Многу ми е мило и за девојчево и за нас како Македонци надвор по светот, големо браво за Емилија новиот Мастершеф на Австралија!
ED113F41-B527-4398-9E99-080FFE82E507.jpeg

Прегледај го приврзокот 259840
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Dear K,

Првата „надреална“ случка во мојот живот се случи во далечната 1994 во Битола. Како дете, татко ми ме однесе да гледаме фудбал. Играа младинските репрезентации на Македонија и Шпанија, за која тогаш играа Раул Гонзалес и Оскар ДеЛа Пења.

И се убаво, доживување, фудбал, полни трибини под Тумбе Кафе, екипите се загреваат, а организаторот, во чест на гостите од Шпанија, пушта шпанска музика на разглас... well, sort of. Ечеа, Don Francisko Long Play од Балашевиќ и Ми Имамос Многос Проблемос, на repeat, едно 20-30 минути :pos:

Се вртам јас наоколу да видам дали некој ќе реагира на резилот, сите си грицкаат семки, ваљда мислат дека шпанциве така зборуваат по дома, Еспањос Заебантос, и дека се пресреќни со нашето гостопримство. :pos: Си викам добро, дали е можно само јас да разбирам што се случува?

И ден денес ме мачи дали ди-џејот ги тролаше или ги вртеше песните од глупоќа, ама реакцијата на публиката уште тогаш ми стави до знаење дека ова нема да биде приказна со хепиенд...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Кајг,
(види го ти ова)

- Алоо, Доабр ден, Pizza Hut?
* Не, Google Pizza!

- Упссс, извините вртев погрешен број!
* Не, звоневте точно, Google го купи ланецот на пицериите Pizza Hut!

- Аааа, така ли? е па супер, да нарачам може?
* Обична нарачка, нели?

- А од каде знаете што сакам да нарачам?
* Водејќи сметка од адресата на живеење, број на телефонот и последните 12 нарачки тие беа Pizza фамилијарна!

- Да, така е сакам една Pizza фамилијарна!
* Би можеле да ви препорачаме пица без сол, со рукола, брокула и сушен домат!

-Ааааа, не фала, мрзам зеленчук!
* Но вашиот холестерол е нешто покачен!

- Од, каде пак вие тоа го знаете?
* Ги проверивме последните ваши лабораториски резултати од Авицена
лабораторија со потврдени висок резултат на холестерол!

- Аааааа доста, сакам една фамилијарна, имам лекови против висок холестерол!
* Жалиме, но според нашите последни проверки од нашата база на податоци, не пиете редовно лекови!..последна кутија од лекот Аторис со 28 таблети што го купивте во Зегин аптеката беше на 20 јануари во 15:26 ч!

- Купив од друга аптека!
* Од вашиот банкарски извештај во Стопанска банка не покажува дека сте купиле било каков лек против холестерол од друга аптека!

-Паааа, го платив во готово лекот, имам и други финасиски ресурси!
* Од последниот даночен извештај не фигурира дека имате други ресурси, се извинуваме не сакаме да имате проблеми со УЈП!

- Доооообро, тогаш не сакам веќе ништо!
* Ама ние сакаме само да ви помогнеме!

- Да ми помогнете?! ми се смачи од Google, Facebook, Whats App или Instagram, ќе се преселам на пуст остров без интеренет пристап, кабловска или телефон!
* Јасно ни е, ама да ве информираме дека валидноста на вашата патна исправа истече пред 3 месеци...
:confused:
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.120
Поени од реакции
15.931
Драга,

Почнувам некни серија, гледам прва епизода, типката станува сабајле, се спрема, облечена дотерана, веќе со ташна на рамо каснува едвај едно залаче од тостот, пие голтка од кафето во одење, остава тоа филџанот на маса и излегува од дома. Тука знаев дека нема шанса да се поврзам со тој карактер и дека големи се шансите да не продолжам со гледање на таа серија. Тежок просек во се уствари беше, затоа не продолжив, али кој бе има елан онака насабајле да трча ко будала? Остај тоа, да занемариш појадок, а па уште поголем грев, кафето? Па кафето е ритуал бе, десет минути во тишина се пие тоа насабајле, по можност и во остатокот од денот ако пиеш второ.
Ко човек што му требаат првите два саати да се расони ко што треба и да рече добро утро, ама ич не ги разбирам турбо луѓево од факинг 7 саат сабајле. Живеам со таков, али не го разбирам и не одобрувам.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
Смешно е кога ќе ти коментираат честито на апсолвентската слика.
Фала за честитките и поддршката , немаше да успеам да се сликам за табло да не бевте вие...
 
C

CoolIris

Гостин
Колку неродител треба да бидеш за да оставиш 11 годишно дете со церебрална парализа само на себе?! Кај ќе им оди душата на таквите??
Ах животе, ме болат неправдите кои ги гледам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom