Македонски филмови

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Филмот е досаден. Два филма од кој едниот краток со скоро иста тема фрлање крст за Водици и крстот го фаќа жена.
Филмот е единственото квалитетно нешто во цела кариера на Теона. Ако овој ти е досаден, другите ич не ги гледај.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.851
Поени од реакции
7.541
Филмот е единственото квалитетно нешто во цела кариера на Теона. Ако овој ти е досаден, другите ич не ги гледај.
Мене повеќе ми се допадна тој со децата Кога денот немаше име. Другите досадни ми се од Теона.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Според словачкиот филмски центар, „Некрстени денови“ на Иво Трајков е во финална фаза од пост-продукцијата. Очекуваат да се заврши до крајот на годинава и да има премиера февруари 2021 г.

Инаку филмов се работи уште од 2016 г., прво имаа еден режисер, па тој се откажа, па на негово место дојде Иво. Се работи за словачко-чешко-македонска црнобела продукција од жанрот folk-horror (хорор заснован на некои народни верувања, а не на турбофолк :ROFLMAO:).

Иво обично не разочарува, се надевам така ќе биде и сега.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.690
Поени од реакции
33.323
Филмот е единственото квалитетно нешто во цела кариера на Теона. Ако овој ти е досаден, другите ич не ги гледај.
Последниве два не ми се гледани. Од постарите, мене само Жената што ги избриша солзите ми беше ОК, гледлив.
 
macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.718
Поени од реакции
1.470
Стела доживеа премиера или со коронава се одложи?
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Дали тоа љубовта меѓу Милчо и Тозија официјално заврши? :eek:
 
Член од
22 август 2006
Мислења
494
Поени од реакции
1.000
Screen Shot 2020-07-10 at 12.56.55 PM.png

Бруки невидени се, вака меѓусебе ќе си се испоизедат испокараат, неможам да сватам како може агенција, институција за филм во земјава да пишува вакви статуси? До вчера се глупости фалби пофалби и малку ли беа 400 илјади еврејчичи хонорар па и за дотичниот 100к процент сеа вака така криминалец кој е што е.
 
Attachments

Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Апсолутно. До вчера го фалеа Врба како достигнување во македонската кинематографија. Ау, премиера на „престижниот“ Римски фестивал, за сега ко мали деца со статус на фб да се бунат за неговата алчност, хонорари и слично..

Да бевме држава досега ќе беа сменети вработениве во Агенцијава и заедно со Милчета под рака и на суд.

Најјакото е што Агенцијата (читај Тозија) вика, „шуруваше со сите власти, лапаше хонорари“, а и самиот Т. бил дел од истиве процеси. :ROFLMAO:
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Ау што прочитав, каква критика има Сунчица. :love:

Генг бенг им има направено. :LOL:

Ќе го ставам само последниот пасус тука.

Цело време и Агенцијата и ДФРМ, бидејќи секаде истото го изјавуваат, се фалат со успесите од последните три години. Како што знаат сите филм не се прави преку ноќ, а Агенцијата за филм со оваа постава ја имаше среќата да пожнее многу резултати чии проекти започнаа далеку пред тие да ја преземат палката. Впрочем, тоа го знаат филмаџиите, но за жал, сите зависат од тие пари, бидејќи во Агенцијата за филм, за жал, е сконцентрирано сè. А што прави Агенцијата за филм? Освен тезгите за себе и за членовите на ДФРМ, ништо повеќе, и со тоа бесрамно се фали!!!
А остатокот прочитајте го овде: https://text.mk/за-кого-работи-агенцијата-за-филм/

Вреди да се прочита цела колумна во која зборува и за моменталниве далавери и за селективноста на Златна рамка и за ДФРМ...
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.244
Поени од реакции
3.161
Филмот е единственото квалитетно нешто во цела кариера на Теона. Ако овој ти е досаден, другите ич не ги гледај.
Најутепан режсер во државава, зема случка и ја прај во глуп филм, не знам кој и ги финансира овие филмови...

Мене повеќе ми се допадна тој со децата Кога денот немаше име. Другите досадни ми се од Теона.
За овој филм треба да ја тужат родителите на децата. Многу невкусен филм,го гледав ненамерно и не знаев дека е за случката кај Смилковско, па си реков само тапа филм, кога разбрав за што е и како ги претставува работите посакав камерите од глава да и ги искршам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
И одма шер на веста од Ана од Макфакс, блиска соработничка на Т. и еден од организаторите на Златна рамка. :D

Е сега треба да се испита во која функција дотичната лани се шетала во Кан со претставниците од Агенција за филм и дали од свој џеб си го платила тоа.

Браво за човекот што го пишал коментарот. Треба целосна промена на лоповите од АФРМ, промена на членовите што учествуваат во конкурсите...

Еј, го одбиле детено дека немал факултет завршено. Сценариото му е избрано како потенцијал за добар филм, во 16 најдобри од 460 пријави од цел свет, на странски конкурс, ама немал високо образование. Демек Ценевски имал високо образование кога го снимил Црно семе и Јад, во светот Нолан, Тарантино, Тери Гилијам се без филмска школа па не ги спречило да снимат одлични филмови. Што би рекол Тери: "Film school is for fools. Live and learn how to make films. I didn’t go to film school. I just watched movies in the cinemas. And probably my greater education was actually making films, so that’s all I would ever say: watch movies, get a camera, make a movie. And if you do it enough times, eventually you start learning how films are made.”
 
Тоа се тие бедни изговори од страна на хоштаплерот, кој нема интерес од него нема да може никаков диал да си направи за да лапа процент од дете. Парите му требаат сам да шета и проценти да лапа. А дотичната од макфакс, сама си ги пишува тие објави во име на агенцијата и сама ги споделува,се мислам да и пишам нареден пат малку да почека откако ќе го објави пред да го шерова да не биде толку очигледно како што го прави цело време.. :facepalm:
 
Член од
31 март 2013
Мислења
320
Поени од реакции
197
МАНЧЕВСКИ И СЕСТРИТЕ МИТЕВСКИ ДОБИЈА ПО 500.000 ЕВРА ЗА НОВИ ФИЛМОВИ

Колку и да не ми е омилен Горјан Тозија со своите скандали (подржувам политичка и кривчна одговорност) сепак добри проекти се подржани. Нашите национални гордости и најнаградувани режисери Манчевски и Теона добија средства за нови филмови.

+ подржани 4 дебитантски долгометражни проекти, на Горан Столевски (Види ја ти неа) , Димитар Оровчанец, Агим Абдула и Андреј Иливески Волкашин
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Кои фарсаџии се и едниов и другиов. Се фолираа по медиуми, а сега опет заедно. :eek:

Океј за Горан и Волкашин, беа на некои фестивали за развој со овие сценарија, ама зошто Абдула добива 23 мил., а другиве тројца 19, 20 и 21.5?

Најголемо достигнување на едниов е ако добро се сеќавам награда на фестивал за албански филм во Америка (да, филм спонзориран од Македонија, претставуван на албанска филмска недела во Америка), а другиов добитник на награда на Санденс. И победникот на Санденс, милион и пол помалку. Фина распределба.

Не ми е јасно ни како Ѓорче добива средства за краткометражен филм - дебитанти, а има зад себе долгометражен филм и добиени средства за втор долгометражен?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom