Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Надворешната може да ти е при крај и да не е доволно крута да издржи нерамнини и тротоари, друго е ако не ги проверуваш и пумпаш гумите редовно истото ќе ти се случи, на секоја поголема дупка или тротоар ќе правиш pinch flats.
pinch flats ти се најчеста причина за дупнати гуми низ град.
Како може да се провери дали надворешната е океј ? Мака ми стана веќе многу често ги менјам вчера нова ставив и на враќање ( 10км покрај кеј и низ населба ) веќе беше издишана, денес ја извадив проверив и има мала дупка. Гумите ми се тенки 700х23C и пишува на нив. Се мислам да не и самата надворешна гума проблем што е од тенките а низ градов пуно е дупки и нерамнини, можно е и ова да е проблемот ?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526
Имам трекинг хибрид 28", 21 брзинец со Турнеј, арно ама ме нервира и спор ми е на рамно и удолница со касета 7s 14-28T и пренос 42х32х22Т.

Прашањето ми е каде кај нас можам да нарачам или онлајн да купам и добијам по карго: пренос 48х38х28Т / 175мм / алуминиум-челик со штитник / црна боја / на четворка осовина ?
Види кај Ваит на битпазар.
Автоматски споено мислење:

Како може да се провери дали надворешната е океј ? Мака ми стана веќе многу често ги менјам вчера нова ставив и на враќање ( 10км покрај кеј и низ населба ) веќе беше издишана, денес ја извадив проверив и има мала дупка. Гумите ми се тенки 700х23C и пишува на нив. Се мислам да не и самата надворешна гума проблем што е од тенките а низ градов пуно е дупки и нерамнини, можно е и ова да е проблемот ?
Што марка се надворешните и на колку бари ги пумпаш?
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Види кај Ваит на битпазар.
Автоматски споено мислење:

Што марка се надворешните и на колку бари ги пумпаш?
За надворешните незнам а колку што можам да видам не пишува на нив или избледено е, внатрешните kenda, ги пумпам со рачна мала пумпа така да ни за на колку бари ги пумпам незнам да ти одговорам, гледам да се прилично напумпани на допир да се тврди. Веќе мака ми станува ова со гумиве...
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526
За надворешните незнам а колку што можам да видам не пишува на нив или избледено е, внатрешните kenda, ги пумпам со рачна мала пумпа така да ни за на колку бари ги пумпам незнам да ти одговорам, гледам да се прилично напумпани на допир да се тврди. Веќе мака ми станува ова со гумиве...
Чим со рачна ги пумпаш повеќе од 5 бари не ти се а треба 8.Ќе си купиш вакви заштитни ленти и ќе ги ставиш измеѓу внатрешната и надворешната гума:https://www.bike-discount.de/en/buy/proline-anti-platt-puncture-protection-tape-820588
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
За надворешните незнам а колку што можам да видам не пишува на нив или избледено е, внатрешните kenda, ги пумпам со рачна мала пумпа така да ни за на колку бари ги пумпам незнам да ти одговорам, гледам да се прилично напумпани на допир да се тврди. Веќе мака ми станува ова со гумиве...
Уф, 23ки низ град не е баш најдобра опција. Штом возиш 23ки купи си пумпа како што треба со манометар, се друго е рецепт за дупнати гуми. Немој да губиш време на бензинска да пробуваш не идат тие до толку високо.
Како што ти пиша аудиофил, 23ки мора на околу 8 бара да ги напумпаш. Ако не ги напумпаш доволно, на некоја дупка или тротоар кога ќе удриш ја стиснуваш внатрешната помегу ивицата од бандашот и надоврешната и одма добиваш вакво нешто.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Па да дупките се такви отприлика. Кај оваа тенка гума ми се свиѓа што има некоја брзина или пак јас мислам дека е ради тоа. А да ги сменам гумите ? https://velosiped.mk/product/guma-nadvoresna-kenda-20x1-75-k123-bk-w021/ нешто вакво или препорачајте нешто. Го возам ѕочаков секој ден 8 км отприлика миниму дневно и не би сакал да се замарам веќе со овој проблем, Ќе смени нешто ако земам некоја др надворешна
 
Колку голема гума можеш да ставиш зависи од обрачот, како и вилушката и кочниците. Обично докај 28ка скоро сите роад би требало без проблем да фатат. За поголемо од тоа може само на лице место со некој точкар да провериш.
Јас возам 25ки на мојот роад, ама не би сакал секој ден со него низ град да возам, знам како иде па многу внимателно возам со него. Од друга страна на хибридот имам 40ки и гајле немам.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526
Па да дупките се такви отприлика. Кај оваа тенка гума ми се свиѓа што има некоја брзина или пак јас мислам дека е ради тоа. А да ги сменам гумите ? https://velosiped.mk/product/guma-nadvoresna-kenda-20x1-75-k123-bk-w021/ нешто вакво или препорачајте нешто. Го возам ѕочаков секој ден 8 км отприлика миниму дневно и не би сакал да се замарам веќе со овој проблем, Ќе смени нешто ако земам некоја др надворешна
Таа што си ја ставил е 20 инчи за Пони.Пробај ваква 700 x 25 Kenda Kwest покрута е и поотпорна.Мислам дека се пумпа до 7.5 бари:https://velosiped.mk/product/guma-nadvoresna-kenda-700x25c-k193-bk-w035/
Автоматски споено мислење:

За сите што имаат роуд велосипед а немаат саглам мала пумпа моја препорака да си купат ваква која ја користам околу 2 години и без проблем се пумпаат 8 бари бидејки е Shock модел со која се пумпаат и амортизери до 20 бари.Манометарот е прецизен и вредноста се совпаѓа со големите дигитални компресори на бензинските пумпи кога сум пумпал градски велосипед до 4 бари.Се додека оди лесно пумпањето на стандардната опција до 4 максимум 5 бари се завртува преклопникот на Shock опција и лесно продолжува пумпањето до крајниот капацитет со двојно намален проток на воздух.Отприлика на стандардна опција 100 пумпања се потребни за секој напумпан бар додека во Shock опцијата 200:https://www.ebay.com/itm/BETO-036-300PSI-Mini-Portable-Cycling-Schrader-Presta-Fork-Tire-Bicycle-Pump/264789280537?hash=item3da6abc719:g:gCQAAOSwvmZfBbbM
 
Последно уредено:
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Како може да се провери дали надворешната е океј ? Мака ми стана веќе многу често ги менјам вчера нова ставив и на враќање ( 10км покрај кеј и низ населба ) веќе беше издишана, денес ја извадив проверив и има мала дупка. Гумите ми се тенки 700х23C и пишува на нив. Се мислам да не и самата надворешна гума проблем што е од тенките а низ градов пуно е дупки и нерамнини, можно е и ова да е проблемот ?
Пред месец дена останав на пат поради дупната тенка гума (задна). Дома детално разгледав што е проблемот, па открив дека било комбинација 7 бари + откинат вентил поради невнимание при пумпањето. Неколку минути пред возењето ја пумпав. Најверојатно додека сум го местел адаптерот, сум го откинал малку вентилот при одвртувањето, што понатаму во текот на возењето се рашири (линиски). Сега сум веќе многу понежен и повнимателен.

Исто така, веќе под 8 бари не преферирам пумпање. Гумата гледам да е во камен состојба на сметка на комфорот :D
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
324
Поени од реакции
44
Што може да е причина за често дупнување на внатрешна гума, и дали висината на дизната има улога во тоа ?
Забележи на која страна се дупките. Доколку се на внатрешна страна може да е и бандажот. Кога менуваш гума провери надворешната да не има останато некој шилец или нешто слично.
Едит: Ако сликата погоре е твоја со двете дупки тогаш пумпај ги повеќе.
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Фала ви на советите, ќе пробам уште еднаш да сменам нова внатрешна со примена на тоа што кажавте, па ако не ја бива ќе ги сменам гумите.
 
naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.948
Поени од реакции
5.506
Дечки, прашав пред некој месец за точаков, висина сум 191 цм
Се ми одговараше, можев да го земам за околу 18.000 мкд, ама го немаа на залиха. Сега ги донесоа пак, ама и цените се поскапи, 20.000 мкд - и претходно ми беше надвор од буџет, ама сега веќе ми е скоро 100 еур+.

Ме интересира дали овој го бидува за цена од околу 11.500
Гледам тркалата се различна димензија но не ми е јасно што треба тоа да значи, последен пат точак возев пред 15 години.

Намена: Возење во град (до работа, на кеј).
 
Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177

Тој е со челичен рам и ќе биде прилично тежок. Не би ти го препорачал.
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.032
Поени од реакции
4.526
Дечки, прашав пред некој месец за точаков, висина сум 191 цм
Се ми одговараше, можев да го земам за околу 18.000 мкд, ама го немаа на залиха. Сега ги донесоа пак, ама и цените се поскапи, 20.000 мкд - и претходно ми беше надвор од буџет, ама сега веќе ми е скоро 100 еур+.

Ме интересира дали овој го бидува за цена од околу 11.500
Гледам тркалата се различна димензија но не ми е јасно што треба тоа да значи, последен пат точак возев пред 15 години.

Намена: Возење во град (до работа, на кеј).
Земи го горниот 29 инчи со алуминиумски рам бидејки сега ако не го земеш на есен кога ќе рокне економска катаклизма денарот ќе девалвира па ќе ти биде многу поскап од сега.Затоа не се мисли и купувај точак додека денарите имаат моментална вредност.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Здраво на сите, гледам многу активна е темава па да прашам за совет ако има некој. Веќе 5 години сум и повеќе од задоволен од Polar Mirage Sport како што постирал @naumdb, го имам користено скоро секојдневно но рекреативно за градска вожња(работа,кеј). Во последниве месеци со оглед на ситуацијата почнав да возам доста поголеми дистанци и потешки патеки, ептен мерак се прави. Решив да се подновам со некој ''посериозен'' модел, најмногу око ми фаќа да земам Cube или Specialized, би одел до 40-45к. Ако имате некои совети или препораки би бил благодарен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom