Општи вело муабети, прашања, совети

Член од
19 март 2013
Мислења
329
Поени од реакции
177
Нешто препорака да купам MTB некој евтин за низ град ми е да отидам до некаде и сакам да можам да го оставам на пример пред Кочо Рацин школото кај државна болница и да ме нема 5 саати да се качам до крстот и да не се секирам дека некој ќе ми го украде. На изглед да биде убав може на старо ако имате препорака кажувајте
За низ град не ти треба МТБ. Ти треба хибрид.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Дали некој знае дали овој пат е асфалтиран целосно? Поточно од Катланово до Велес. Дали е препорачлив за Road Bike? За да не треба да возам по автопатот.
Screenshot_1.png
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Дали некој знае дали овој пат е асфалтиран целосно? Поточно од Катланово до Велес. Дали е препорачлив за Road Bike? За да не треба да возам по автопатот.
Прегледај го приврзокот 257699
Не е целосно.Околу 7 км имаш остатоци од земја и асвалт кои почнуваат пред чешмата од лева страна под мостот на автопатот ако одиш од Катланово према велешко и завршуваат на она место кога од лева страна пониско ќе го видиш автопатот и велешката околија.За роуд не е препорачлив доколку сакаш да прелеташ низ него па мораш со 6,7 на сат полека да го поминуваш.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Не е целосно.Околу 7 км имаш остатоци од земја и асвалт кои почнуваат пред чешмата од лева страна под мостот на автопатот ако одиш од Катланово према велешко и завршуваат на она место кога од лева страна пониско ќе го видиш автопатот и велешката околија.За роуд не е препорачлив доколку сакаш да прелеташ низ него па мораш со 6,7 на сат полека да го поминуваш.
Значи единствен начин е по автопат да се вози тој дел?
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Значи единствен начин е по автопат да се вози тој дел?
Не е таму безбедно по автопат. Не се зафркавај. Оди си по овој пат. Јас го имам со друмски возено. Не е писта ама не боли глава, кратко е ќе истрпиш.
 
M

Macedon1um

Гостин
Не е таму безбедно по автопат. Не се зафркавај. Оди си по овој пат. Јас го имам со друмски возено. Не е писта ама не боли глава, кратко е ќе истрпиш.
Ако веќе мораш/сакаш автопат мислам поарен му е новиот од Скопје накај Свети Николе па да сврти накај Велес,
+30 км во насока повеќе ама побезбеден ми изгледа за велосипеди за разлика од другата страна Скопје - Велес кој е доста незгоден од Катланово накај Велес
 

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
Ако веќе мораш/сакаш автопат мислам поарен му е новиот од Скопје накај Свети Николе па да сврти накај Велес,
+30 км во насока повеќе ама побезбеден ми изгледа за велосипеди за разлика од другата страна Скопје - Велес кој е доста незгоден од Катланово накај Велес
Да. Тој го возат често а и јас неколку пати. Многу поширок и побезбедно е, нема толку сообраќај. Делов од Катланово до Велес јас не познавам некој да го возел. Мислам имам видено на страва пред неколку години еден ама тоа е навистина најнебезбедна делница на автопат. За враќање знам дека го возат, пошироко е. Се исклучуваат после Велес и возат по автопат од велешко брдо. и рипаат ограда горе и си продолжуваат по стар пат.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Мене шубе ми е со кола тој дел да го поминам, а не со велосипед . Ептен е тесна таа делница Катланово-Велес. Ако има повеќе собраќај ќе се претркуваат цело време и тој на десна лента ќе неможе да те заобиколи. Ќе се сецкаш цели време. Плус у тунелите ќе ти биде уште толку заебано.
За назад е подобро, имаш и трета лента и простор плус од страна.

Не знам како е стариот пат, ама знам многу луѓе што го извозиле, така да не гледам зошто да не може и он.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.044
Поени од реакции
7.069
Во план ми е 180км рута во еден правец, па ќе додадам уште 30км преку СН-ВЕ. Благодарам за предлогот.
 
Член од
18 јануари 2018
Мислења
334
Поени од реакции
246
Не е таму безбедно по автопат. Не се зафркавај. Оди си по овој пат. Јас го имам со друмски возено. Не е писта ама не боли глава, кратко е ќе истрпиш.
Kratko 9 km, hahaha, od pod mostot, pa se dodeka da se spustis do Romantik e zmk patot
Автоматски споено мислење:

лева страна под мостот на автопатот ако одиш од Катланово према велешко
Od levata strana Veles-Skopje, ili od leva strana Skopje-Veles?
IMG_20200708_101426.jpg
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.060
Поени од реакции
4.558
Kratko 9 km, hahaha, od pod mostot, pa se dodeka da se spustis do Romantik e zmk patot
Автоматски споено мислење:


Od levata strana Veles-Skopje, ili od leva strana Skopje-Veles?
Прегледај го приврзокот 258272
Не е таму туку десно кај свиокот кај што имаш вртење десно.Еве ти го делот каде се наоѓа чешмата зумирано на гоогле а асвалтот завршува на самото прекршување на стариот пат со автопатот пред да дојдеш до чешмата кога возиш од Катланово до Велешко езеро:https://www.google.mk/maps/@41.8501731,21.7220753,36m/data=!3m1!1e3
 
Член од
5 април 2010
Мислења
602
Поени од реакции
214
Што може да е причина за често дупнување на внатрешна гума, и дали висината на дизната има улога во тоа ?
 

ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
Што може да е причина за често дупнување на внатрешна гума, и дали висината на дизната има улога во тоа ?
Надворешната може да ти е при крај и да не е доволно крута да издржи нерамнини и тротоари, друго е ако не ги проверуваш и пумпаш гумите редовно истото ќе ти се случи, на секоја поголема дупка или тротоар ќе правиш pinch flats.
pinch flats ти се најчеста причина за дупнати гуми низ град.
 

CBB

Член од
13 август 2010
Мислења
24
Поени од реакции
4
Имам трекинг хибрид 28", 21 брзинец со Турнеј, арно ама ме нервира и спор ми е на рамно и удолница со касета 7s 14-28T и пренос 42х32х22Т.

Прашањето ми е каде кај нас можам да нарачам или онлајн да купам и добијам по карго: пренос 48х38х28Т / 175мм / алуминиум-челик со штитник / црна боја / на четворка осовина ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom