Чудни македонски зборови

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Ујдурма – трик, лукавство, измама (uydurma)

Тавтабита – стеница, вид ноќен инсект кој се храни со цицање крв од човекот и другите топлокрвни животни (tahta biti)

Шејтан - ѓавол, сотона, враг (şeytan)


Ава - воздух, клима, поднебје (hava)

Арч – издаток, трошок, расход (harç)

Борч - долг (borç)

Арач - данок, давачка (haraç)

Истегли - истегне

Ашуре - слатка варена пченица со ореви и други зрнести плодови (aşure)

Дармар - збрка, безредие, метеж (tarumar)

Ѓериз – одводен канал за истекување на нечистотија, канализација (geriz)

Евала - браво, благодарам (eyvallah)

Зенгин - имашлив, богат (zengin)

Измет - служба, служење, послуга, послужување (hizmet)

Инсан – човек, човечко суштество, народ (insan)

Ира - штавена овча кожа; талог, нечистотија

Ирам - домашен тенок килим со кој обично се покриваат креветите (iram)

Ифтибар - чест, почитување (itibar).
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Печен за оваа тема е најфамозниот кочански збор - „Те“.

Најблизок превод би било „Еве“ ама може да се употребува и како замена за цели реченици. :) На пример ова е сосема нормален муабет во Кочани:

- Шо праеш?
- Те. (значи „ништо“ или „гледаш што правам“)
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Печен за оваа тема е најфамозниот кочански збор - „Те“.

Најблизок превод би било „Еве“ ама може да се употребува и како замена за цели реченици. :) На пример ова е сосема нормален муабет во Кочани:

- Шо праеш?
- Те. (значи „ништо“ или „гледаш што правам“)
Ме потсети на охриѓани и нивното „ево“ кое има многуслојно значење, како одговор на прашањето „како си, што правиш?“ и кое опфаќа сè од „добро, средно добро, очајно, за нигде, пред умирање сум и тотално сум капут и ево, тукушто испуштив душа“.

Зборовна економија, што да се каже. :)
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2009
Мислења
21
Поени од реакции
13
Апла -очигледно,на виделина.
Ј'зк -штета
Кузум,кузум џанам-молење,замолчување..
Са'кн-ним,немој
Автоматски споено мислење:

С'клдисан -замислен
Ветки-излитени,стари
Ајдамак-непрокопсан
Автоматски споено мислење:

Бардак-стомна(на турски е чаша)
Ф'илија -парче,кришка леб
Пирустуја-триаголна подлога врз која се става сад за готвење,а под неа гори оган
Автоматски споено мислење:

Споредете го македонскиот јазик пред и по "реформата" на Блаже Коневски..(по теркот на Вук Караџиќ...без двогласки,без падежи и сл)
(Ако имате можност да разговарате со луѓе од Егејска Македонија ,ке го чуете изворниот македонски јазик)

Пули -гледа
Умајасе -личи
Автоматски споено мислење:

Не значи ако сме биле пет века под турско дека се сме преземале...имат и другите соседи исти или слични зборови...
Ракија- кај сите балкански народи е исто...и кај турците е раки..а они се муслимани,каде алкохолот е строго забранет..
Автоматски споено мислење:

Патати -компир (на грчки пататос),а не сме биле под грците)
Фазла - отповеќе(вишок по српски)
Пинџерка-прозорец
Џам -прозорец
Ср'ча -скршено стакло
Патлиџани-домати (на грчки томатос)
Фајде,аир -корист
Автоматски споено мислење:

Може некои зборови да се повторуваат од претходните страни..ама повторувањето е мајка на знаењето..
Автоматски споено мислење:

Ќинеф -полско wc
Ујдурма -
Пинци -кожни или гумени обувки
Ѕиври- долно под одело
Вр'пчан -врабец-пиле
Бише -свиња
Чигара - цигара
Шпирто -кибрит
Чакмак -запалка
Автоматски споено мислење:

На'лјне -дрвени влечки
Пандофли -влечки(по ново папучи)
Папуци-чевли...( на грч. е папуцаки)
вонка - надвор
Аир. корист
Фајде -корист
Автоматски споено мислење:

Пре богат ни е јазикот со зборови,ама ние не си го негуваме..туѓото ни е послатко
Би требало во училиштата да следат настава на дијалект,а литературен мак.јазик да имат само по еден час
Си ја сечиме гранката на која седиме...ке си го заборавиме изворниот јазик и ке користиме(употребуваме србизми,англиканизми,ново кованици и се друго) само да сме модерни и да сме in
Автоматски споено мислење:

Ветка -стара ( се однесува на предмет,не на личност)
Ѕастра -преги,од порано..поточно од сабајле(од изутрина)
А'јгр ,ајгрин-(не скопен копирање)..преносно за луѓе со нескротлив карактер
А'згн -порив(нагон)
Ѕевгар- пар
Автоматски споено мислење:

Тенекија -лим,ламарина
Фиљан -
непознат,неодреден(Фиљан и фиљан-ќешија)
Ќерфија - клинец (шајка)
Паланца - стара алатка за мерење(нај често по пазарите)
Фанела -поткошула,волнена
Ми'ле -постирка за на маса
 
Последно уредено:

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Арар - голема вреќа од козина; половина коњски товар (harar)

Дувар – ѕид (duvar)

Дурбин - дулбија, дуљбија (dürbün)

Думан - чад, магла, прав, замагленост на мислите, грижа, загриженост, вознемиреност (duman)

Ѓердап - вител, брзак, опасно место во вода каде што се создава вител (girdap)

Ега - да би!, камо среќа.

Еге - рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, метални и слични површини, турпија (ege)

Егленџе - забава, разонода, муабетење (eğlence)

Јаран - другар, пријател; љубовник (yâran)

Кабадаија - заменик на дахијата; напернат, вообразен човек (kabadayı)

Иштав – апетит, желба (iştah).
 
Член од
23 март 2009
Мислења
21
Поени од реакции
13
Сиџим -јаже,ортома
Фазла - отповеќе
Јабанџија -странец
Ќеиф -мерак
Терсене -незгодно
К'лч-настрана
Бутура,од бутура -од око,од прилика
С'клдисан -замислен
З'амајан -занесен
Сетне -?
Бунела -вилушка
Френки -домати(струмички)
Чушки -пиперки(струмички)
Царевка - пченка(источна Македонија)
Џага- моторна пила
С'икиме - од прилика
Б'рлив - немирен
Ајдамак -непрокопсан
А'ва - воздух,провев
Автоматски споено мислење:

Ретки се моментите на инспирација и сеќавање..се помалку ги употребуваме старите лафаве и маабете,а се повеќе ги забораваме..
Автоматски споено мислење:

М'аабет - разговор
Маруљка - бокал за вода
Лафум,лафење -
говорам,разговарање
Џоа-? (Нека каже тиквешијата)
 
Последно уредено:

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.073
Поени од реакции
21.950
Солин =/= Солун
Едниот е град во Хрватска, другиот во Грција. Потеклото на името на вториов е од целото негово име Тесалоника - победа на(д) Тесалците.
Не мора да значи дека Солин и Солун немаат ништо заедничко од топографски аспект кога на пример го имаме топонимот Волин по кого има град во Полска, покраина во Украина, покраина во источна Германија, Волино село кај Охрид, Волиња село во Хрватска што очигледно е пансловенски топоним за место или околија.
Со оглед на тоа дека и Солин и Солун биле дел од Римската Империја (а и денешен Салцбург) каде што латинскиот бил службен јазик, не е чудно сите 3 места во името да го имаат зборот за сол на латинскoто Sal поради присуството во околината на тоа место.
Автоматски споено мислење:

Токмак, исто турски збор, изворно за чекан, кај нас со значење "глупак".
Токмак на турски не значи чекан. Чекан на турски се вика çеkiç . Веројатно од таму и доаѓа кај нас чекан.
Во принцип повеќето зборови кои кај нас содржат џ/ч/ш се изведени/присвоени од турскиот јазик.
Секако. Џип, џунгла, чешел, чевел, чело, шини, штраф, штафцигер ... :icon_mrgr:
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Е од каде домати од грчки томатос. Етимолошки е збор Tomati од јужноамериканските племиња.
Папучи, основата не е грчка него персиска.
Токмак не е турски... Славјански е ты́кать
хизма, хезма...чи-зима.

Цел свет испадна збори или грчки или турски. Шишеџам :ROFLMAO:
 
Последно уредено:
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
ча - ќе (пр. ка ча моеш - кога ќе можеш)
(се) коленичаеме - вложуваме безрезервен напор, односно напор од петни жили
пркна - порасна, зарасте, напредна, орасположи, закрепна
малу, мара, мора - малку
азапаана - разотворено, оставено отворено
збоктиса - здосади, му/ми дојде преку глава
фудбал - во зависност од контекстот на реченицата може да означува „фудбалски натпревар“ или „фудбалска топка“
пуцај, пуцни - шутај, шутни
онесио - однеси го
недржет - не издржува, не ја издржува тежината
 
Член од
11 ноември 2015
Мислења
302
Поени од реакции
118
немоет - не може
оња - оној
удолу - надоле
угоре - нагоре
брежно, узгун - стрмно
пуубав, поубав - подобар
челаф, челав - ќелав
диктисан - седнат, наместен, заземе простор со негово седење (присуство) (понекогаш се користи и за да се опише дека некој е свесно наметлив)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom