Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Според мене разликата е во тоа што Апасиев и Левица го направија заради неискуство, заради тоа што слепо веруваа дека правото и правосудството ќе си ја завршат својата работа. А вмро едноставно перфектно си ја одигра својата улога и на некој начин кумуваше на промената на името.
Впрочем и тоа ми е единствената работа која ми "смета" кај Левица, не знам колку знаат да ја играат играта наречена политика, се плашам да не бидат изедени од мршојадците кои веќе 30 години ка владеат државата.
Е, на тоа мислам - болдот. А пази, тоа беше во време кога најмногу до израз доаѓаа непостапувањата и на ЈО и лудачките одлуки на Уставен и сите други судови. Е сега, дали наивност да го наречам тоа, не знам? Партиските инсталации во сите правни институции никогаш не се ни криеле и колку човек да верува во докажливост на тезата што ја застапува, кога ќе се судри со нив, се' му паѓа во вода. Јас што абер немам од право го знам тоа, а не професор на факултет....
Баш како што викаш, не знаат дека се работи за игра, а не за некакви пишани правила кои ги копаат по историја...и во Франција во време на револуцијата и во Рим, секогаш се играло како амди бајрам, ретко кога некој е џентлмен - а за вакво „општество“, тоа е главно правило. Ова е веројатно врвот на безвластие во историјата на човештвото - на секого, се' му е дозволено.....и некој што си ги мазни белите ракавици на рацете делува наивно и смешно.
Автоматски споено мислење:

Не, апсолутно не беше правилна одлука они да дојдат на власт. Па за 200 евра ли се продавате? Вредеше ли?

Искрено да, ме мрзи да барам сега. Можеби и не си бил меѓу тие што го фалеле. Но! Се сеќавам дека беше еден од неколкуте што еднаш ме нападнавте кога напишав дека ДПНЕ мора да останат на власт, дека со СДС ќе биде многу полошо. За името пак да не почнувам. Иако отворено си кажа во 2008 во Валандово дека кичмата треба да се свитка, а и Рада на изборите потоа кога велеше за 6 месеци во Нато влегуваме.

Знам дека фатив ептен офтопик, ама за Левица немам повеќе што да кажам, освен дека ги поддржувам и би сакал да добијат некое место.
Не можам за други да зборам, ама јас мислам дека улогата на дпне беше режирана и дури мислам дека се' горди со себе што му ја предадоа гнасната улога да ги реализира сите договори што тие требаа да ги спроведат - ова е „патриотизам“ пар екселанс - мизерија. Еве, баш да дојде дпне на власт, да видам што ќе поништи и како ќе ја нарекува државава - иста песна ќе пеат, пошо у иста тиква прдат, за истите луѓе збориме.
Јас очекував на почетокот, а после сфатив дека нема шанси тоа да се случи, помали партии од калибарот на Левица да влезат во собрание со 3-5 пратеници, евентуално да има некакви насилства, кои би предизвикале да се спроведе некаква правда и да се намали политичкото влијание на бандитите, пред се' мијалков, кој по следот на настаните, денес има ист статус како кога владееше дпне.
Да ја имаше таа страст меѓу редовите на симпатизерите на дпне, со немири, со протести, со тепање и ден денешен ќе се бореа против промена на името. Наспроти тоа, огромен дел ја прифатија стратегијата на Апасиев, дека ќе седне он у word, ќе се изнапишува тужби и некој „совесен“ судија ќе донесе пресуда у која договорот од Преспа ќе биде ништовен - ќе си го видам тилот тогаш.
Така да, јас не се сомневам во неговите патриотски чувства, дури и напротив, го гледам како прав патриот, ама методите на постапување - е, тоа е дискутабилно, ама и поправливо...
Баш се надевам дека ќе влезе во собрание и ќе го потврди интегритетот, односно ќе постапува доследно, а за другото ќе видиме.
 
Последно уредено:
Член од
13 март 2009
Мислења
1.964
Поени од реакции
1.866
Е, на тоа мислам - болдот. А пази, тоа беше во време кога најмногу до израз доаѓаа непостапувањата и на ЈО и лудачките одлуки на Уставен и сите други судови. Е сега, дали наивност да го наречам тоа, не знам? Партиските инсталации во сите правни институции никогаш не се ни криеле и колку човек да верува во докажливост на тезата што ја застапува, кога ќе се судри со нив, се' му паѓа во вода. Јас што абер немам од право го знам тоа, а не професор на факултет....
Баш како што викаш, не знаат дека се работи за игра, а не за некакви пишани правила кои ги копаат по историја...и во Франција во време на револуцијата и во Рим, секогаш се играло како амди бајрам, ретко кога некој е џентлмен - а за вакво „општество“, тоа е главно правило. Ова е веројатно врвот на безвластие во историјата на човештвото - на секого, се' му е дозволено.....и некој што си ги мазни белите ракавици на рацете делува наивно и смешно.
Можеби баш заради тоа им е Левица интересна на луѓето, нуди нешто поинакво од тоа што го имавме од '91 наваму. Повеќето членови се нови во политиката и не носат со себе багаж од минатото.
Јас искрено се надевам дека ќе добијат неколку пратеници , па да ги видиме на дело.
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Е, на тоа мислам - болдот. А пази, тоа беше во време кога најмногу до израз доаѓаа непостапувањата и на ЈО и лудачките одлуки на Уставен и сите други судови. Е сега, дали наивност да го наречам тоа, не знам? Партиските инсталации во сите правни институции никогаш не се ни криеле и колку човек да верува во докажливост на тезата што ја застапува, кога ќе се судри со нив, се' му паѓа во вода. Јас што абер немам од право го знам тоа, а не професор на факултет....
Баш како што викаш, не знаат дека се работи за игра, а не за некакви пишани правила кои ги копаат по историја...и во Франција во време на револуцијата и во Рим, секогаш се играло како амди бајрам, ретко кога некој е џентлмен - а за вакво „општество“, тоа е главно правило. Ова е веројатно врвот на безвластие во историјата на човештвото - на секого, се' му е дозволено.....и некој што си ги мазни белите ракавици на рацете делува наивно и смешно.
Автоматски споено мислење:

Не можам за други да зборам, ама јас мислам дека улогата на дпне беше режирана и дури мислам дека се' горди со себе што му ја предадоа гнасната улога да ги реализира сите договори што тие требаа да ги спроведат - ова е „патриотизам“ пар екселанс - мизерија. Еве, баш да дојде дпне на власт, да видам што ќе поништи и како ќе ја нарекува државава - иста песна ќе пеат, пошо у иста тиква прдат, за истите луѓе збориме.
Јас очекував на почетокот, а после сфатив дека нема шанси тоа да се случи, помали партии од калибарот на Левица да влезат во собрание со 3-5 пратеници, евентуално да има некакви насилства, кои би предизвикале да се спроведе некаква правда и да се намали политичкото влијание на бандитите, пред се' мијалков, кој по следот на настаните, денес има ист статус како кога владееше дпне.
Да ја имаше таа страст меѓу редовите на симпатизерите на дпне, со немири, со протести, со тепање и ден денешен ќе се бореа против промена на името. Наспроти тоа, огромен дел ја прифатија стратегијата на Апасиев, дека ќе седне он у word, ќе се изнапишува тужби и некој „совесен“ судија ќе донесе пресуда у која договорот од Преспа ќе биде ништовен - ќе си го видам тилот тогаш.
Така да, јас не се сомневам во неговите патриотски чувства, дури и напротив, го гледам како прав патриот, ама методите на постапување - е, тоа е дискутабилно, ама и поправливо...
Апсолутно со сѐ се сложувам.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.652
Поени од реакции
7.549
Ако не те мрзи, побарај. Со цел интегритет тврдам дека моите ставови за тој опинок не се променети.
Еве и сега ќе кажам дека јас го подржував изворно движењето Протестирам, кое тргна со Солидарност, подоцна Левица. Учествуваа ликови како Апасиев, Савевски и слични, за подоцна да успее сдс и нив да ги раскара.
Е сега, морам да кажам дека подоцна сериозно ме разочара Апасиев со оној промашен концепт Бојкотирам, кој на сдс му дојде како 1 на 10. И уште го вергла тоа како патриотски став. На такви прашања се одговара со мнозинско, гласно НЕ, а тој реши да прави ајвар со подржикоњот и другите фејк-патриоти. Денеска Апасиев е мета на напади на сдс, кои се траги-патетични. Јас не го критикувам од тој аспект. Можеби повеќе се обидуваше да го стимулира народот да остане дома и да не излегува на референдум, за разлика од дпне кое делуваше како дрогиран коњ, меѓутоа и тој и тие ја изиграа играта што сдс им ја подметна. Можам да разберам вмронските гниди дека беа под закана на затвор, а тој изигра наивно, дилетантски.
На тој референдум не можеше да се победи. Немаше никакви набљудувачи ниту некаков систем за контрола на интегритетот.По селата во Западна Македонија ако требаше 102.5% ќе беше излезноста. Видовте колку полнеа кутии вака, можете да замислите колку ќе полнеа кутии ако референдумот беше близок и НЕ имаше шанса.

Другиот проблем е што ќе требаше да биде дигнат масивен број на гласачи само за да ја имаш шансата да успееш, под 700 000 гласачи не правиш ништо. Партиите и организациите што постојат денес, тогаш или не постоеја или беа далеку далеку помали. ДПНЕ пак беше во процесот чиј резултат го гледате сега. Од внатре ги глодаа со пријави и фракции додека не ги ставија како ракавица врз својата рака. Ќе требаше организации кои постојат некој месец да одат против се, не беше возможно. Опцијата НЕ ќе беше само спаринг партнер.

Ако се излезеше на гласање се што ќе се случеше е да имаат цензус + ќе победеа со некој 50-100к гласа и тогаш буквално ќе ја имаа легитимноста дека сме се самоукинале и ќе немаше никаква шанса нешто да се направи околу тоа зошто они ќе го бојкотираа секој последователен референдум. Пропаднатиот референдум е единственот јавен шамар на целиот процес кој не може да го избришат. Референдумот пропадна. 200 000+ СДС полтрони и ши***рски/купени цигански (не ромски ) гласачи си излегоа на пропаднат референдум и си гласаа. Македонскиот народ не им даде подршка ниту легитимитет за тоа што го направија.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.626
Поени од реакции
34.880
Димче малку лута како да му е раштиман компасот:
-ќе средува проблеми на културен начин со право (поништување на договори и оправање на државата, а не е свесен дека ова не зависи од судиите туку од чичо Сем)
-гледам идоли му се ликови како Сталин, Ким Јонг Ун, а не му стиска да тргне по нивниот пат (овие не чекаат оправање на судиите, ги ликвидираат сите што им пречат со куршум во чело системот се средува по кратка постапка).

-ќе расипува уште односи на меѓународен план со отповикување на признавањето на одредени држави (не гледам што ние добиваме од ова, во бизнис и политика ако не добиваш нешто лично ти не се мешај воопшто).
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.652
Поени од реакции
7.549
Не можам за други да зборам, ама јас мислам дека улогата на дпне беше режирана и дури мислам дека се' горди со себе што му ја предадоа гнасната улога да ги реализира сите договори што тие требаа да ги спроведат - ова е „патриотизам“ пар екселанс - мизерија. Еве, баш да дојде дпне на власт, да видам што ќе поништи и како ќе ја нарекува државава - иста песна ќе пеат, пошо у иста тиква прдат, за истите луѓе збориме.
Јас очекував на почетокот, а после сфатив дека нема шанси тоа да се случи, помали партии од калибарот на Левица да влезат во собрание со 3-5 пратеници, евентуално да има некакви насилства, кои би предизвикале да се спроведе некаква правда и да се намали политичкото влијание на бандитите, пред се' мијалков, кој по следот на настаните, денес има ист статус како кога владееше дпне.
Да ја имаше таа страст меѓу редовите на симпатизерите на дпне, со немири, со протести, со тепање и ден денешен ќе се бореа против промена на името. Наспроти тоа, огромен дел ја прифатија стратегијата на Апасиев, дека ќе седне он у word, ќе се изнапишува тужби и некој „совесен“ судија ќе донесе пресуда у која договорот од Преспа ќе биде ништовен - ќе си го видам тилот тогаш.
Така да, јас не се сомневам во неговите патриотски чувства, дури и напротив, го гледам како прав патриот, ама методите на постапување - е, тоа е дискутабилно, ама и поправливо...
Баш се надевам дека ќе влезе во собрание и ќе го потврди интегритетот, односно ќе постапува доследно, а за другото ќе видиме.
Левица и останатите непраламентарни партии и организации не можат да почнат со насилни демонстрации и тепање без никаков легитимитет на избори. Низ историја ретки се движењата кои тргнале одма со насилство без никаков легитимитет и стигнале негде. Мора на некоја организација да сте биле избрани, дали парламент, дали локални избори дури и избори на синдикатите би имале некаков легитимитет. Али ако почнеш со насилство а немаш никаков легитимтет ќе ве разбијат за една секунда и никој нема збор да каже.

Комунистите,Нацистите и Социјалдемократите во Германија се тепале по улици али сите страни биле во парламент и две од нив и на власт. Кога пробал Хитлер директно со насилни методи, го пикнале во затвор. Комунистите доживеале слично фиаско кога социјал-демократите ги предале при нивното дигање на револуција.

Сталин бил фанатик за процедура и административно работење и се морало да биде завршено по процедура. Тоа што однпаред се знаел резултатот на процедурата не значи дека не била почитувана. Пред завршувањето на Втората Светска Војна кога се разговарало што ќе биде со нацистите откако ќе победат, Британците биле против јавни судења ( сакале само брзи стрелања), Американците биле неутрални ( биле за судења али го имале проблемот дека дел од Германската бизнис елита имала длабоки врски со Американски бизнисмени како Форд) додека Советскиот Сојуз бил единствениот кој инсистирал на јавни судења за сите за да се направи разлика помеѓу нив кои ете им дале судење и нацистите кои само директно убивале. За никој во иднина да не може да каже "па немаше баш многу разлика помеѓу нив ете и они нив ги убиваа без правда".

Договорите нема зошто да се поништуваат преку судови, зошто тие не се законски донесени. СДС според ете таа логика, "ајмо све на сила кој ни може нешто" и фактот дека се комплетно неспособни да истераат што било во овие последни 3.5 години се што направија беше со кршење на процедура и тоа блатантно.

Кој бил одговорен да го потпише Преспанскиот договор ? претседателот. Кој го потпишал? министерот за надворешни работи, процедурата е прекршена законот е неважечки. Нема што да се расправаш по уставни судови. А чичко Сем не се замара со нас колку што некој мислат.

Нашиот најголем проблем е дека имаме политичари кои они САМИТЕ ОДАТ ДА СЕ ПРОДАДАТ, Чичко Сем не доаѓа да ги тера со сила ( цело време). Туку они самите одат и нудат се само да се докопаат до власт.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Искрено јас бев СДС да дојде на власт пошто тогаш мислев дека не може полошо. Дома фамилијата за разлика од 2016, денес има поголем приход за 11 илјади денари.
Еве ти кажи во мое име што мислиш, дали било правилна одлука тие да дојдат на власт 2016?
Добро е што признаваш дека си погрешил. Ги симнавте оние што се најадоа и прејадоа на наша сметка, поставивте гладни на нивното место. Новите почнаа со големи залаци, 11 години гладуваа. Сега, кога малку се поднајадоа, пак сакате да поставате некои уште погладни... Лисицата со болвите...
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.532
Поени од реакции
1.515
Ако не те мрзи, побарај. Со цел интегритет тврдам дека моите ставови за тој опинок не се променети.
Еве и сега ќе кажам дека јас го подржував изворно движењето Протестирам, кое тргна со Солидарност, подоцна Левица. Учествуваа ликови како Апасиев, Савевски и слични, за подоцна да успее сдс и нив да ги раскара.
Е сега, морам да кажам дека подоцна сериозно ме разочара Апасиев со оној промашен концепт Бојкотирам, кој на сдс му дојде како 1 на 10. И уште го вергла тоа како патриотски став. На такви прашања се одговара со мнозинско, гласно НЕ, а тој реши да прави ајвар со подржикоњот и другите фејк-патриоти. Денеска Апасиев е мета на напади на сдс, кои се траги-патетични. Јас не го критикувам од тој аспект. Можеби повеќе се обидуваше да го стимулира народот да остане дома и да не излегува на референдум, за разлика од дпне кое делуваше како дрогиран коњ, меѓутоа и тој и тие ја изиграа играта што сдс им ја подметна. Можам да разберам вмронските гниди дека беа под закана на затвор, а тој изигра наивно, дилетантски.
Апасиев си ја постигна целта, референдумот беше неуспешен. не знам што не е јасно тука!?
 
Член од
9 мај 2018
Мислења
1.628
Поени од реакции
2.167
Не, апсолутно не беше правилна одлука они да дојдат на власт. Па за 200 евра ли се продавате? Вредеше ли?
Апсолутно не беше правилна одлука. Зошто? Затоа што дома сме "побогати" за 200 евра месечно, но јас останав со диплома невработен баш поради ваквиот систем кој го "изградија" и СДСМ и ДПМНЕ. Системот во кој партиската книшка се вреднува повеќе од стекнатата диплома.

Утре моите ќе ги нема, но што останува со мене? Ако сум сакал да се шитнам, ќе лижев газови во СДСМ или ДПМНЕ и можеби ќе добиев работно место, но не го направив тоа. Се одлучив за Левица со надеж дека се приклучувам кон мои истомисленици кои сакаат да го променат системот па макар по цена на работно место со стекната квалификација.

Борбата продолжува!(y)

Не можам за други да зборам, ама јас мислам дека улогата на дпне беше режирана и дури мислам дека се' горди со себе што му ја предадоа гнасната улога да ги реализира сите договори што тие требаа да ги спроведат - ова е „патриотизам“ пар екселанс - мизерија. Еве, баш да дојде дпне на власт, да видам што ќе поништи и како ќе ја нарекува државава - иста песна ќе пеат, пошо у иста тиква прдат, за истите луѓе збориме.
Јас очекував на почетокот, а после сфатив дека нема шанси тоа да се случи, помали партии од калибарот на Левица да влезат во собрание со 3-5 пратеници, евентуално да има некакви насилства, кои би предизвикале да се спроведе некаква правда и да се намали политичкото влијание на бандитите, пред се' мијалков, кој по следот на настаните, денес има ист статус како кога владееше дпне.
Да ја имаше таа страст меѓу редовите на симпатизерите на дпне, со немири, со протести, со тепање и ден денешен ќе се бореа против промена на името. Наспроти тоа, огромен дел ја прифатија стратегијата на Апасиев, дека ќе седне он у word, ќе се изнапишува тужби и некој „совесен“ судија ќе донесе пресуда у која договорот од Преспа ќе биде ништовен - ќе си го видам тилот тогаш.
Така да, јас не се сомневам во неговите патриотски чувства, дури и напротив, го гледам како прав патриот, ама методите на постапување - е, тоа е дискутабилно, ама и поправливо...
Баш се надевам дека ќе влезе во собрание и ќе го потврди интегритетот, односно ќе постапува доследно, а за другото ќе видиме.
Да си здрав и жив. Мене искрено ми е жал што Македонците а посебно гласачите на ДПМНЕ се слепи по ова. Вистинските ВМРОвци не гласаа за ДПМНЕ уште во 2016.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Звучите исто како него: „Операција успешна, пациент мртов“.

Може да ми кажете на основа на која тоа аналитика дознавте дека нема да има мнозинство со одговор НЕ?

Па немој уште Левица да ми кажете дека знаеле, пошо се двајца без тројца....нема основни работи кој да им работи, не па да праи статистики и анализи. Им ја подметнаа п***а-стратегијата на дпне, „ја нисам одавде“ секогаш без исклучок кога се решавале важни прашања за државава. Сега ви се криви ши птари, цигани....се' некој друг е крив.

Престанете да се правдате за тоа.

Левица и останатите непраламентарни партии и организации не можат да почнат со насилни демонстрации и тепање без никаков легитимитет на избори. Низ историја ретки се движењата кои тргнале одма со насилство без никаков легитимитет и стигнале негде. Мора на некоја организација да сте биле избрани, дали парламент, дали локални избори дури и избори на синдикатите би имале некаков легитимитет. Али ако почнеш со насилство а немаш никаков легитимтет ќе ве разбијат за една секунда и никој нема збор да каже.

Комунистите,Нацистите и Социјалдемократите во Германија се тепале по улици али сите страни биле во парламент и две од нив и на власт. Кога пробал Хитлер директно со насилни методи, го пикнале во затвор. Комунистите доживеале слично фиаско кога социјал-демократите ги предале при нивното дигање на револуција.
Види, кога почнаа протестите против корупцијата, заробената држава, медиумскиот мрак, прикривањето убиства, Левица не постоеше. сдс на чело со рада пропалицата, спиеше, хибернираше и очекуваше да живее у опозиција у наредните милион години, како тотално неспособен политичар, нехаризматичен, без интегритет. Никаква реакција не напраи сдс. сдс се уштека на протестите и ги компромитираше, ги упропасти....им даде партиска димензија.
Трагично е, што Левица не успеа да придобие ништо од неутралните (показател беа прошлите избори), а на основа на анти-преспа реториката на Апасиев, придоби дел од луѓето што беа симпатизери и членови на дпне, кои ја сфатија позицијата на својата партија (она за што горе зборев) - практично го одобрија и референдумот и договорот, излегоа верни соработници на сдс.
Јас очекував совест меѓу населението, пред се' од неутралните, кои беа дефакто загрозени, излажани, осиромашени, обесправени (јес да и денес се тоа) - зборам за артикулација на незадоволство. Не зборам за Левица да организира некаква партизанско-герилска офанзива. Тие едвај се кандисаа партија да формираат....пола од истите што беа во Солидарност и ден денешен сакаат така да функционираат, со џавкање по фејсбук.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.652
Поени од реакции
7.549
Звучите исто како него: „Операција успешна, пациент мртов“.

Може да ми кажете на основа на која тоа аналитика дознавте дека нема да има мнозинство со одговор НЕ?

Па немој уште Левица да ми кажете дека знаеле, пошо се двајца без тројца....нема основни работи кој да им работи, не па да праи статистики и анализи. Им ја подметнаа п***а-стратегијата на дпне, „ја нисам одавде“ секогаш без исклучок кога се решавале важни прашања за државава. Сега ви се криви ши птари, цигани....се' некој друг е крив.
  • Набљудувачи немаше. СДС беа оставени да направат колкава и да е потребна измама
  • Поткупи и закани фрчеа на сите страни, етничите партии ги држеа во шака додеке невладините беа пуштени на најако
  • Комплетно шуплење на ДПНЕ почна, немаа шанса да ги извадат нивните 350 000 гласачи кога крилото на Мијалков им ровареше на сите страни.
  • Малите/ново организирани партии како одговор на предавството немаше да можат многу да помогнат при организацијата
Али ако се излезеше на референдумот и се изгубеше за макар 1 глас, тоа ќе беше тоа. Ќе се имавме самоукинато себе си и немаше за што да има да се лутиме. Потоа освен со нов референдум немаше ни да може да биде променета одлуката. Референдум кој другиве секогаш ќе го бојкотираа.

И не ни пробувам да се правдам, ситуацијата околу референдумот беше таква каква што беше. Со бојкотот референдумот не успеа и освен СДС никој друг не ни кажа дека е успешен се останато беше шверцување. НЗа претседтелските пак не знам али ако Левица и дале подршка на Гога тоа е срамота, требаше и тоа да се бојкотира. ДПНЕ таму само им беше спаринг партнер на СДС и одработуваа за нив.

Види, кога почнаа протестите против корупцијата, заробената држава, медиумскиот мрак, прикривањето убиства, Левица не постоеше. сдс на чело со рада пропалицата, спиеше, хибернираше и очекуваше да живее у опозиција у наредните милион години, како тотално неспособен политичар, нехаризматичен, без интегритет. Никаква реакција не напраи сдс. сдс се уштека на протестите и ги компромитираше, ги упропасти....им даде партиска димензија.
Трагично е, што Левица не успеа да придобие ништо од неутралните (показател беа прошлите избори), а на основа на анти-преспа реториката на Апасиев, придоби дел од луѓето што беа симпатизери и членови на дпне, кои ја сфатија позицијата на својата партија (она за што горе зборев) - практично го одобрија и референдумот и договорот, излегоа верни соработници на сдс.
Јас очекував совест меѓу населението, пред се' од неутралните, кои беа дефакто загрозени, излажани, осиромашени, обесправени (јес да и денес се тоа) - зборам за артикулација на незадоволство. Не зборам за Левица да организира некаква партизанско-герилска офанзива. Тие едвај се кандисаа партија да формираат....пола од истите што беа во Солидарност и ден денешен сакаат така да функционираат, со џавкање по фејсбук.
Ова не е ни блиску до реалноста. Може сте мислеле дека се е тоа неутрално. Од првите протести кога почнаа околу цените на парното мислам, преку студентите до убиството. во "раководствата" секогаш главни беа луѓе од партија (СДС) , НВО секторот и луѓе од служба (независните експерти) . Кога станаа протестите доволно големи од СДС само ги преземаа. Незадоволните граѓани на улица може беа неутрални али раководствата беа однапред организирани, немаше ништо неутрално околу нив. И јас се излажав на почетокот, нема ништо лошо во тоа учиш додека си жив.

На Левица тогаш беше гледано како експозитура на СДС која само ќе биде голтната во коалицијата за изборите. Кога тоа не се случи почнаа обинувањата за предавство и заврши со нивните внатрешни карања за кој ќе ја води партијата.

А совеста на граѓаните ќе ја видиме на овие избори.
 
Последно уредено:
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Левица ќе ја гласам. Левица у парламент.

Патетика е спотов.
Но ваша работа си е тоа кого сакате подржувајте.

Смешен е Апасиев кога на почеток од спотот зборува: Ова беше земја во која си бевме другари, пријатели......

Кој му е крив што сега пример Апасиев со пола и повеќе од старото членство на Левица не е другар?
Да не му се криви за тоа останатите соосновачи на Левица? Баш се безобразни тие останатите основачи на Левица кои се дрзнале да му се спротивстават и да му противречат на Апасиев, кога овој се обиде и за жал успешно презеде контрола над Левица.

Да не се лажеме, сегашнава Левица е финансиски потпомогната од ДПМНЕ со цел да откине гласови на СДСМ.
После ако им се создадат околности може ќе влезат во влада со ДПМНЕ.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.893
Поени од реакции
17.511

Да бе како не, затоа повеќе десничари ќе гласаат за Левица него ли за дпмне.Ако е сателит партија на дпмне тогаш нема да настапува со овие тези, нели гледаш како настапуваат оние "десничарски" партии на сдс.

Левица е единствена партија која го заслужува гласот на овие избори.
Кажа човекот зошто веќе не се во Левица тие.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.242
Поени од реакции
27.584
Баш се безобразни тие останатите основачи на Левица кои се дрзнале да му се спротивстават и да му противречат на Апасиев, кога овој се обиде и за жал успешно презеде контрола над Левица.
Mariglen Demiri e nepismen huligan.

Toa sho go izbrkaa mi go podobri mislenjeto za Apasiev i Levica.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom