Политички случувања во САД: Генерална дискусија

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?

  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 февруари 2020
Мислења
4.867
Поени од реакции
7.255
Дали и Ghislaine Maxwell партнерката на Епстајн, ќе успее да си изврши самоубиство во затвор :popce:.
Кога веќе не им требаш на "големите", нема потреба од ризик да пропееш. Татко и, па партнерот, па сега нејзе и е дојден редот... ептен изгледа трачарела. :misticen:

Трамп наместо сушење, совршено помага во камуфлажа и полнење на мочуриштето (y)
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Пратете го ударот на корпорациите против објавите на говорите на Трамп на фб и Твитер:

Акциите на „Фејсбук“ паднаа за над 8%, а оние на „Твитер“ за 7% во петокот откако компанијата „Унилевер“ изјави дека нема да се рекламира на социјалните мрежи барем до крајот на годината. Компанијата изјавила дека ги бојкотира социјалните мрежи во форма на протест поради говорот на омраза кој се шири на нив.

Подоцна истиот ден „Кока-Кола“ објави дека нема да се рекламира на социјалните мрежи најмалку 30 дена.

– Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните мрежи – изјавил Џејмс Квинси, генерален извршен директор на „Кока-Кола“. „Хонда“, исто така, нема да се рекламира на „Фејсбук“ во јули, а на листата со компании што ја бојкотираат социјалната мрежа се и „Верајзон“, „Патагонија“, „Норт Фејс“ и РЕИ.

Закерберг претходно беше критикуван дека не презел ништо во врска со контроверзни објави на американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека луѓето заслужуваат да добијат „нефилтрирани“ објави од политичките лидери. „Твитер“, од друга страна, ги означува објавите на претседателот во кои има лажни изјави.

Каков побогу финансиски интерес има фирма за продажба на сокови во тоа да прекине рекламирање на Фејсбук зашто објавувал или не говор на омраза? Што се тие, цивилна организација или се борат за профит?
Ќе биде највалкана во историјата кампањата во САД, а очигледно таргетот ќе бидат медиумите кои ,,му донесоа победа,, на Трамп.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.561
Поени од реакции
26.073

Во тие медиуми кои го донесоа Трамп спаѓа и Google, не само Facebook.

Туку твитер сиромашките почнаа да забрануваат и зборови кои асоцирале на боја (Whitelist, blacklist) и пол (guys) и робство (master-slave) и пак не им иде работата...7% у була :)
 
Повторно каква финансиска штета би имале Кока Кола и Хјундаи ако на Фејсбук се шири или не се шири говор на омраза? Едноставно нема никаква допирна точка и е ептен перфидно. Од прва, веројатно намерата е да се ограничи интернет кампањата на Трамп под изговор дека паѓал профитот/се бунеле клиентите и сл. Иако не мора нужно да значи, тоа е битка на највисоко ниво и има милион предигри.
Па сега овој Зукенберг, демек измислителот на Фејсбук на 18 години(приказни за мали деца), со изјава дека нема да го блокира профилот на Трамп. Како некој него да го прашува.
 
Земи подобро проучи ја аферата со Епстајн и види кој му биле посетители на островот и како некои негови блиски пријатели одеднаш станале донатори на демократската партија... Тука има други игри, дел од социјалните мрежи се длабоко уценети со нешто дел си имаат сопствена агенда, која дефакто се меша во политиката. Слично како моќта на телевизиите во 80-90 сега моќта ја имаат овие медиуми и борбата за превласт се игра преку нив.... Они ги диктираат трендовите и едноставно имаат моќ многу поголема одколку што имаа телевизиите. Гледај што се случува во САД, кога луѓето се бранат или се едноставно незаинтересирани, одма ги сликаат, му ја сликаат адресата колата и така натаму, за да после ги малтретираат, бркаат од работа и разни други работи...

Ова збори дека социјалните мрежи излегуваат од контрола со нивната моќ.. Не сум некој про FB активист, ниту пак преферерирам некаква социјална мрежа... Во моментов со тоа што го работам социјалните мрежи ми се дел од работата поготово маркетинг делот и за мене лично се еднакво важни сите мрежи од аспект на работата. Но ФБ не рече неповикан дека нема да го блокира Трамп, пошто точно се работи за некои спорни постови кои Трамп ги постирал и за некои групи за подршка на Трамп... Реддит и Твитер веќе избришаа групи во кои се собираа подржувачите на Трамп... Значи на крајот се работи за Трамп....

А за тоа како настанал ФБ има приказна која држи вода, има луѓе кои биле дел од таа приказна, пошто ФБ не паднал од небо, туку се развивал постепено. Претежно сите работи со коишто почнал му се „позајмени“ и после дебело се исплатени тие што ги измислиле. Нема никаква научна фантастика во таа приказна, ниту пак теории на заговор.

Што се однесува до огласувачите како Кока кола и слични, они процениле дека со бојкотирањето на ФБ можеби ќе добијат повеќе наклоност кон нивните производи. Пошто претежно компаниите ги следат трендовите... А сега е во тренд да се филозофира за расизмот..
 
Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Добро е да се кандидира човекот.Да биде вистинска борба со повеќе кандидати.
Еве и Илон Маск го подржал.Па не може тоа да е лошо кога е подржан од еден таков еврејски човекољубец.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2009
Мислења
3.602
Поени од реакции
5.108
Македонски финти. Да им ќине црнечки гласа на демократите :)
Јака фора на Трамп, сеа коа ќе му се пуштат хиените од СНН, WSJ,NYT тоа ќе биде уште појако.
Веќе почнува да им наликува државава ко на филмот Idiocracy :ROFLMAO:
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Земи подобро проучи ја аферата со Епстајн и види кој му биле посетители на островот и како некои негови блиски пријатели одеднаш станале донатори на демократската партија... Тука има други игри, дел од социјалните мрежи се длабоко уценети со нешто дел си имаат сопствена агенда, која дефакто се меша во политиката. Слично како моќта на телевизиите во 80-90 сега моќта ја имаат овие медиуми и борбата за превласт се игра преку нив.... Они ги диктираат трендовите и едноставно имаат моќ многу поголема одколку што имаа телевизиите. Гледај што се случува во САД, кога луѓето се бранат или се едноставно незаинтересирани, одма ги сликаат, му ја сликаат адресата колата и така натаму, за да после ги малтретираат, бркаат од работа и разни други работи...

Ова збори дека социјалните мрежи излегуваат од контрола со нивната моќ.. Не сум некој про FB активист, ниту пак преферерирам некаква социјална мрежа... Во моментов со тоа што го работам социјалните мрежи ми се дел од работата поготово маркетинг делот и за мене лично се еднакво важни сите мрежи од аспект на работата. Но ФБ не рече неповикан дека нема да го блокира Трамп, пошто точно се работи за некои спорни постови кои Трамп ги постирал и за некои групи за подршка на Трамп... Реддит и Твитер веќе избришаа групи во кои се собираа подржувачите на Трамп... Значи на крајот се работи за Трамп....

А за тоа како настанал ФБ има приказна која држи вода, има луѓе кои биле дел од таа приказна, пошто ФБ не паднал од небо, туку се развивал постепено. Претежно сите работи со коишто почнал му се „позајмени“ и после дебело се исплатени тие што ги измислиле. Нема никаква научна фантастика во таа приказна, ниту пак теории на заговор.

Што се однесува до огласувачите како Кока кола и слични, они процениле дека со бојкотирањето на ФБ можеби ќе добијат повеќе наклоност кон нивните производи. Пошто претежно компаниите ги следат трендовите... А сега е во тренд да се филозофира за расизмот..
И демократите и републиканците од исти луѓе добиваат пари, буквално. Во зависност од тоа на кого од тие Фордови, Ду Понтови, Рокфелери, Мелонови, Гетиеви и останатите наследни богаташи им одговара чија политика за ширење на сопствените бизниси финансираат нечија кампања. Промените од изборна во изборна кампања од демократска на републиканска страна и обратно е сосема нормална и документирана, а сумите за спонзорства се слични севкупно гледано.
Што се однесува до фејсбук, не се сомневам дека истиот можел да биде искодиран од некоја мала група на млади луѓе. Ништо иновативно не беше фејсбук, hi5 ги имаше истите опции а беше постар од него, дури и имаше наша верзија на времето prijateli.com.mk ако ти текнува. Но, фејсбук стана тоа што е, т.е. убедливо највлијателниот медиум во Светот и алатка за ширење на влијание во секое местенце на планетата не заради дете од 19 години, туку заради сериозна машинерија зад него. Така што искрено се сомневам дека Зукенберг моментално е со некакво реално влијание над фејсбук, а за тоа е дебело натплатен.
А ова дека ако бојкторале Кока Кола ќе добиеле наклоност од потрошувачите е во најмала рака наивно мислење. Тие што ја контролираат Кока Кола и Хјундаи имаат интерес да изгуби Трамп, но не го бојкотираат фејсбук заради репутација на овие два бренда конкретно туку имаат некој друг интерес веројатно поврзан со профитот на некои другите нивни фирми.
 
За другото горе доле тоа е, ама за фејсбук, многу погрешно ги гледаш работите. Иначе големите играчи попут Кока Кола играат тендерска политика, ама има дел од фирмите кои под уцена го бојкотираат фејсбук... На пример CNN објави црна листа на бизниси кои не го бојкотираат ФБ... Тоа е уцена. А во оваа кампања има и друга приказна, со Епстајн... тоа тек ќе се разоткрива...

Инаќе не се створи ФБ за да биде моќен, ниту беше планирана алатка, туку откако видоа потенцијал за моќен медиум му се налепија одредени центри на моќ(во конкретниов случај надвор од САД) кои го бустаа. Процесот уствари е нормален за било која IT фирма со добар потенцијал, само доаѓа со одредени обврски...
 
Пред фејсбук имаше исти такви апликации. Во што беше поразличен фејсбук од hi5? Зошто фејсбук опстана, а hi5 не? Кој знае колку такви социјални мрежи имало, илјадници и илјадници, но магично само фејсбук на 19 годишното дете се проби во секое место низ светот. Па уште поинтересно е како сега екипата од фејсбук успева и Инстаграм да го направи и да стане уште попопуларен од фејсбук. Зар само тие 100/200/300 души се програмери и иноватори?
А инаку CNN и останатите медиуми никогаш не ги споменуваат тие олигарси од проста причина што се финансирани директно од нив. CNN и останатите телевизии се бават со афери на политичари и селебрити. А и хипотетички да е така, каква дамка би им оставила црна листа oд CNN на фирма како Кока Кола? Каква врска има Кока Кола со говор на омраза? Јес да се глупи луѓето, ама ова е ептен без врска, а настрана тоа што веќе речиси никој не им верува на меинстрим медиумите и што Кока Кола има пазар од 9 милијарди луѓе, па речиси никаква разлика не им прават тие 10-20М најглупи што пратат и би поверувале.
 
Инстаграм не е изработен од ФБ, туку е купен од ФБ, исто како и whatsup итн. Сите големи компании така превземаат помали фирми кои имаат потенцијал. Фејсбук стана успешен дека беше социјална мрежа која прва имаше интеракција со девелопери... Поточно беше отворен за развој на Апликации, па така од ФБ се родија фирми гиганти попут zynga . Ова не е изум на ФБ туку беше направена од една друга компанија од средна Америка која користеше бизнис апликации во самиот веб. Добија награда на еден саем, а ФБ им ја украде идејата. Успехот на фб и улогата на Зукенберг во тој успех е неоспорива. Без разлика колку и да ти личи чудно тоа. Што се однесува до конкуренцијата, не значи многу ако си прв, на пример yahoo и altavista беа основани далеку пред google... А од друга страна многу успешни социјални медиуми се појавија после ФБ, twitter, pinterest, instagram, а некои и неуспешни google+(иако подржан од google) и така натаму.

А тоа што во моментов има некаква заднина, тоа е сосема друг муабет вреден за дополнителна анализа. Поготово во периодот на првата кампања на Трамп, тука е уште поинтересно бидејќи во голема мерка, има тука вмешано и Македонци....

Иначе за Кока Кола и за тендер компаниите не важи тоа, тие се носители на бојкотот, само кажав дека користат уцени за да ги натераат фирмите да бојкотираат ...
 
Како би ја уцениле ЦНН на Кока Кола? Немаат никаква допирна точка Кока Кола со говор на омраза за да евентуално имаат барем и минимална штета од ,,ствање на црна листа" од ЦНН. Колку народ би сфатил и би поддржал антипропаганда против Кока Кола зашто не ги повлекла рекламите од фб заради говор на омразаод Трамп, за потоа од таа причина да не купува Кока Кола?
 
Абе море читај, не зборам за Тендер компании Tоа за Кока Кола и сличните не важи, таквите фирми се носители на бојкотот, партнери на ЦНН (како што и ти кажа тие во позадина си имаат некаков бенефит ). Уцената е за помалите играчи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom