Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
На претходните избори главно добиваа гласови во урбани општини и млади луѓе кои се неопределени, со платформа за економски прашања, работнички права, правда за сите и слично.

Малку тешко ми е сеа да проценам како ќе поминат на овие избори. Направија голема промена и главните точки и ветувања реално повеќе им наликуваат на десничарска партија отколку на левица. Некако повеќе изгледа дека претендираат на разочарани гласови од Вмро отколку на Сдсм. Дали ќе ги задржат тие гласови од претходните избори што ги добија во Карпош и Аеродром ќе видиме.

Некако ми изгледа дека им фали оперативно менаџирање во партијата. Некој да ги префрли од интернет и Фејсбук во реалниот живот. Почнаа нешто со отварање на штабови во повеќе градови ама дали ефективно тоа има вродено со плод не знам.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
На претходните избори главно добиваа гласови во урбани општини и млади луѓе кои се неопределени, со платформа за економски прашања, работнички права, правда за сите и слично.

Малку тешко ми е сеа да проценам како ќе поминат на овие избори. Направија голема промена и главните точки и ветувања реално повеќе им наликуваат на десничарска партија отколку на левица. Некако повеќе изгледа дека претендираат на разочарани гласови од Вмро отколку на Сдсм. Дали ќе ги задржат тие гласови од претходните избори што ги добија во Карпош и Аеродром ќе видиме.

Некако ми изгледа дека им фали оперативно менаџирање во партијата. Некој да ги префрли од интернет и Фејсбук во реалниот живот. Почнаа нешто со отварање на штабови во повеќе градови ама дали ефективно тоа има вродено со плод не знам.
Живеат на фејсбук и твитер или ти преведено „у облаци“.
Ветувањата, да, евтин популизам.
На кој дел конкретно мислиш десничарски? Ако е околу договорот од Преспа, тоа повеќе на популизам ми личи отколку на фаќање смерови.

Ваква партија треба да е пред се' синдикална и јадрото да е по големи фирми, земјоделци, стечајци...од тие фејсбук двајца немаат. Нека не се чудат после зошо пак извисиле. Не е само да читаш книги по реторика и да вежбаш говори пред огледало....чопавиот и сељаков немаат нанограм харизма, глупи се коњи и двајцата, па пак го лажат народот, односно нивната „порака“ доаѓа до гласачот на друг начин (локално силеџиство, уцена исл) со кој Левица тешко дека може вака да се справи. И таму се работи за пирамидална структура, на која Левица (барем така беше порано) одговори со некаква пленарна организација - хоризонтална, а пак имаат една сериозно истурена фигура.
 
M

Macedon1um

Гостин
Добро е што Стојанче го советувале да влезе со почит према Апасиев на дебатата, инаку ќе му ја бетонираше и така мизерната политичка кариера :D

А да 100 пати подобра беше оваа дебата отколку онаа вчера на Мицко и Зајко
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.538
Живеат на фејсбук и твитер или ти преведено „у облаци“.
Ветувањата, да, евтин популизам.
На кој дел конкретно мислиш десничарски? Ако е околу договорот од Преспа, тоа повеќе на популизам ми личи отколку на фаќање смерови.

Ваква партија треба да е пред се' синдикална и јадрото да е по големи фирми, земјоделци, стечајци...од тие фејсбук двајца немаат. Нека не се чудат после зошо пак извисиле. Не е само да читаш книги по реторика и да вежбаш говори пред огледало....чопавиот и сељаков немаат нанограм харизма, глупи се коњи и двајцата, па пак го лажат народот, односно нивната „порака“ доаѓа до гласачот на друг начин (локално силеџиство, уцена исл) со кој Левица тешко дека може вака да се справи. И таму се работи за пирамидална структура, на која Левица (барем така беше порано) одговори со некаква пленарна организација - хоризонтална, а пак имаат една сериозно истурена фигура.
Апасиев со неговите дебати и гостувања во ТВ дуелите мислам дека носи се повеќе и повеќе гласови на самата партија и дека после секое појавување наа телевизија си добива повеќе гласови за престојните избори.
Инаку ова што го кажа за синдикална партија мислам дека не е баш возможно да се изведе кај нас.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.395
Поени од реакции
7.840
Не ја гледав дебатата има извадоци...Апасиев ме разочара, не можеш со импулсивност да постигнеш ништо, не сфаќа дека го држат намерно под константен притисок за на крај да го извадат пред камера и да експлодира без потреба. Поколенија удбашки се во прашање кои не се обучени туку израснати во политика, а ти сакаш со импулсивност да им се спротивставиш.

Прво кога ќе застане пред камера наспроти Столе, Апасиев изгледа автоматски инфериорен, природно е кај човекот основна процена да има врз физичкиот изглед, понатаму поддршката ја има поради интелектот а не изгледот, значи ако не покажа смиреност и одмереност автоматски го губи она шо му е најсилно оружје, и тука е поразен. Истото Фрчковски му го направи на Иванов, и тоа знаеја дека Фрле ќе изгуби машки и тоа му го сервираа да го деградираат јавно и тој настап да го жигоса дури е жив. Истото се прави и за Апасиев, без смиреност и одмереност не прави ништо, посебно во јавноста. Пола од нив се пцујат и тепаат по штабови меѓусебе за декомпресија ама јавно тоа не постои во нивниот имиџ.
Левица се бори со систем, не е тоа партија или организација, тоа се поколенија кои се бават со политика и се вградени во системот, разбивањето на системот значи крај за нивните привилегии, така да или ќе најдат начин систематски да се градат како партија и притоа преживеат сите местенки кои допрва им следат, или ќе им стават икс и на нив како и на мнозина други пред нив. Импулс и омраза само ќе им го забрза исчезнувањето од политичката сцена.

Второ е идеологијата, СДСМ ниту биле ниту ќе бидат социјал демократи и тие тоа добро го знаат, така да Левица сега има чист терен, во најдобар случај СДСМ може да бидат салонска левица а и тоа не се, со некои периферни залагања кои се чисто про форма, може ќе има прилика јавноста да чуе шо истакнати социјал демократи вистина мислат за ЛГБТ, феминизам итн...се е тоа лицемерие без преседан.

Назад на муабетот, ако залагањето на Левица против промена на име, албанизацијата итн е десничарска одлика, тогаш зошто една Сириза која е поим за левица во Грција, не настапи од идеолошка гледна точка и да каже дека немаме проблем со името на нашиот северен сосед и им го признаваме огромното малцинство во Грција? Воедно тука може да влезе и етничкото чистење за време на Граѓанската војска во Грција. Точно дека пред да отиде да ја преземе функцијата Ципрас отиде на местото каде грчката хунта ги стрелаше комунистите, но не отстапи од тоа шо е дефинирано како грчки интереси. Еве и Подемос во Шпанија со баскијците, па никој не ги напаѓа дека имале десничарски ставови, меѓутоа тоа е сламката за која може да се фатат, др немаат.
Инаку Сириза и Левица е многу тешко да се споредат, едното е дефинирано и изградено опшество а ние тука...ни е криво кога ни викаат monkeydonians а сме прави мајмуни после триесетина години дупење од едни те исти структури.


Кампањата им е ок, засега немаат ниту ресурси, ниту потреба да стигнат до Петко и Трајко од на нива, или уште помалку Славица во администрација, затоа шо или тие се загорени за Курто или Мурто и qr ги боли за идеолошка поставеност, или се чисто заинтересирани за клиентелизам, кој ќе понуди повеќе за глас, према ова и да стигнат до нив нема што да им понудат со што би ги придобиле.

Не биле на власт, не се искомпромитирани од тој аспект, ДПМНЕ ги поддржува од аспект на нужно зло и се надевам свесно никој од носителите или експонираните поддржувачи на Левица не одработува, останува да покажат шо знаат и умеат од Собраниска говорница.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.198
Поени од реакции
35.747
Апасиев бил сељак бил некултурен бил ваков бил таков. Немој ти се молам величината Зоки Заев реинкарнација на Винстон Черчил, или Мицковски истиот како Кемал Ататурк. :pos:
Се виде тоа по разговорите каков опинок е Зокито а богами и по дебатите.

Си има човекот епизоди и да се согласувам дека е премногу избувлив и остар во јавност, ама па со вакви опиници само така треба. Глупо ми е да зборам ваква или таква била Левица, кога од другава страна ги имаш овие двајца ботови.

Стварно не ми се блиски идеолошки воопшто ниту пак очекувам дека ќе ги исполнат тие спектакуларни ветувања, ама фер е да се признае дека се многу поавтентични од овие другиве мизерии.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Видете, стигнувањето до секој работник и секој земјоделец е прво скапа работа, а второ е неисплатливо. Како што напиша Клин, дури и при силна пропаганда меѓу тие гласачи тешко дека во оваа фаза би се приклониле кон Левица. Таргетот треба да биде(и е) политички пописмениот електорат т.е. градски средини/младина/луѓе кои воопшто не гледаат ТВ и се информираат исклучиво на интернет. Еве гледате пример на анкетата на форумот, иако нормално е дека е далеку од релевантна за општото расположение, очигледно е дека тука е најголемата потпора на партијата(исто како и при изборите во 2016 многу подобро поминаа во градските средини). Подоцна во втората фаза, кога би имале застапеност во Собранието за да можат да им се обратат на тие граѓани кои претежно се информираат за политика од ТВ, како и поголема мрежа на терен, е тогаш може да се насочат кон тие групи и да се дефинираат во претставник на нивните интереси.

Сума сумарум, немаат моментално некој голем избор, мора речиси исклучиво да се игра на харизмата и ораторството на Апасиев по ТВ-дебатите, како и на интернет пропаганда. За нешто повеќе од тоа едноставно немаат пари.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.586
Поени од реакции
81.172
Чим крекаа владините новинари вчера по дуелот, значи Апасиев ептен го рчнал Стојанче, ова посебно кога се изгуби ќерамидава и кажа дека Зоки од Муртино бил новиот Гоце Делчев :LOL:

Без сомнение е дека Левица има голема поддршка меѓу помладото население во земјава, али пречестото рекламирање на Апасиев, а не неговите други сопартијци им оди на штета на партијата, дека не гледаме со што кадар располагаат. Апасиев нема црна дамка во кариерата, освен можеби што беше краток период дел од збирштината наречена СЈО, али се на се ОК човек. Очекувам од нив да завземат 3 до 5 места во парламентот.
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Само имам некоја глупава теорија во мојата глава доколку Левица успее некако да се протне и освои некое политичко место дека Апасиев ќе биде таргет цел за отстранување,уништување од политичката сцена,па и пошироко.Не им одговара ни на едниве,ни на другиве бидејќи двете политички партии се класичен симбол за мафија,а Апасиев е спротивно од тоа,и ако тргне во ''војна'' со сиот систем,а голем дел од него е кроумпиран,расипан,подмитен ќе се најде во невоља.

Башка да се надополнам Апасиев како човек е тотално спротивен од другиве политичари со возење велосипед на работа,па неговиот изглед без да има кратка коса,ставовите и тн
 
Последно уредено:

Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Пред некој ден прочитав една теорија за тоа како на помалите партии не им се исплаќа да имаат кандидати во сите изборни единици. Најмногу заради изборниот систем што го имаме. Демек џабе би им било ако нпр. во ИЕ Х и ИЕ У би собрале (карикирам) 15-20000 гласови, ако изборниот модел не овозможува во овие ИЕ да освојат пратенички места. Затоа најисплатливо би им било да настапат само во ИЕ 1, 2 и 3.
Баш заради ова се надевам дека ќе успеат да влезат во Собрание и ќе успеат да покренат иницијатива за промена на изборниот модел. И секако заради ветувањето за поништувањето на преспанскиот т.н. договор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom