Уште ко видов дека ги продолжија договорите со клубот Дрвото и Корунот, јасно ми беше се, дека немаат никакви амбиции за наредната сезона !
Значи Дрвото, Корунот и тие уште еден двајца шо се во управата на Пелистер, неможат да го водат ФК Логоварди, а не пак Пелистер, нека ни е со среќа втора лига вгодина, со овие ликови шо се сега во клубот, НЕМА ИДНИНА !
А и тие играчи шо ги зедоја се колку да се речи зедовме нешто, дај шта даш....
Бале за во Питу Гули ? Незнам шо гледате....
Две сезони Главевски сам го турка на грб Пелистер во прва лига, лани беше најдобар стрелец, а и оваа сезона даде доста клучни голој и беше повеќе од солиден и сигурен сум 80% дека освен напаѓачите на Вардар, Шкендија и Работнички, за сите останати Бале во нападот е Златан Ибрахимовиќ и никој нема подобар.
Глупа шема имаме години наназад, влези прва лига и плукај по нашето дека не чини, вгодина ќе испадниме пак и ајде стара приказна, ајде Бале вратисе, ајде Бујче ти се молиме, па по сите останати од Битола.
Еве и Боро тренер на младинци го спремале и нека земат некој офчар од Прилеп нека игра напред и ќе се тешиме дека е поарно вака, абе вгодина ко ќе ги молат реално треба да ни го извадат сите.