Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

Член од
18 декември 2019
Мислења
599
Поени од реакции
1.665
Прво коло: Македонија – Финска
Второ коло: Швајцарија – Македонија
Трето коло: Македонија - Данска
Четврто коло: Данска – Македонија
Петто коло: Финска – Македонија
Шесто коло: Македонија – Швајцарија

Интересна група. Добро е што играме дома со Швајцарија и Данска во 2021, да се надеваме со публика. На последното ЕП данците завршија на 13то место, ние на 15то и Швајцарија на 16то.

Со сигурност одиме понатаму, првите две одат од секоја група плус најдобрите четири третопласирани. Тоа значи дека доволно е два пати да ја тепаме Финска и еднаш Швајцарија.

Јас сум оптимистичен и мислам дека со многу среќа можеме да ги тепаме данците во Скопје, иако не е потребно. Многу поважно е да ги тепаме швајцарците во гости. Сѐ зависи од тоа со каков пристап ќе влезат играчите. Во квалификации сме ги тепале Исланд во гости, но исто така сме изгубиле од Грција.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Клучно е тоа гостување во Швајцарија. Швајцарците се доста напреднати последните години, реално моментално не се многу различна екипа од нашата. Енди Шмид алфа и омега, нешто како Кире кај нас. Имаат и солидни крила и леви бекови. Релативно млада екипа со исклучок на Шмид.

Тешко ќе биди со нив, не случајно исто поминавме на европското. Среќна околност е што со Шмид генерално не се знае кога игра кога не, може ќе ни се посреќи. Од друга страна, ако постои ризик Кире да не игра, тогаш е сосема друга приказната...

Финска инаку не би ја нарекол аутсајдер. Коректна екипа се. Непријатни дома можат да бидат ако ги потцениш. Немаат капацитет за да се изборат за ЕП, ама имаат капацитет за потенцијално да прават беља ако ги потцениме.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.002
Поени од реакции
1.535
Со сигурност одиме понатаму, првите две одат од секоја група плус најдобрите четири третопласирани. Тоа значи дека доволно е два пати да ја тепаме Финска и еднаш Швајцарија.
Не е сеедно дали ќе бидеме 1ви (шо немаме шанса и други репрезентации да ни паднеа), да сме втори или пак да бидеме во најдобрите 4 третопласирани. Оти распоредот на групи на европското првенство ќе се оди по принцип на баражот и доколку сме 3ти и да се пласираме на европско тогаш ќе бидеме во најнискиот барабан.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
1.856
Поени од реакции
3.325
Мислам дека е супер групава! Подобро сепак вака отколку некои апла лесни екипи, зошто тогаш ќе нема труд. Кога ќе размислам може и подобро овој пат што не ја добивме Грција, а и Косово. Затоа што тоа ќе беше прво коло, па ќе ја ставеа да се игра во Дебар или во Свирипичино со театар публика или без публика, така да ова е добро.
Првите две кола ги играме дома. Во Швајцарија мислам дека би имало публика, и тука сме исто како домаќини (последен пат на нивен терен 17-26 ги тепавме што не е малку, а можеа и повеќе). Би сакал Данска да ја тепаме дома и мислам дека тоа може да се случи. Црна Гора тоа го направи на прошлите квалификации, а дома со публика би било преполно и мислам конечно дека може да се случи. Не ги сакав Словенија и Германија во група. Првите се во страшен подем и налет, од вторите имаме некој комплекс. Со Данска сме имале тврди и тесни утакмици и можат нашите.
Финска е послаба од Израел (тоа се виде на квалификациите за СП, а од Грција загубија 14 разлика) и е така топло-ладна екипа, а мислам дека би ни одговарала за повисок резултат (доста грешат).
Групата 4 е некако најтешка, а таму се Литванија и Израел две доста незгодни екипи. А групите 1 и 6 најлесно изгледаат, па Франција и Норвешка лесно ќе се прошетаат.
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
36
Поени од реакции
93
Овој квалификациски циклус е круцијален, мора да се продолжи трендот на настапи на големите натпреварувања.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Овој квалификациски циклус е круцијален, мора да се продолжи трендот на настапи на големите натпреварувања.
Една победа ќе имаме.Со Финска дома.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Луѓе, многу негативно гледате упм. Очекувам второ место, ако се игра тактички со полни сили да се влезе во првите две кола, едната со Данска да послужи како анализа и другата да се покаже заби добро ни се пишува.
Се надевам што поскоро ќе се соберат и ќе има добра атмосфера што е многу клучно за понатаму.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.295
Поени од реакции
13.156
Луѓе, многу негативно гледате упм. Очекувам второ место, ако се игра тактички со полни сили да се влезе во првите две кола, едната со Данска да послужи како анализа и другата да се покаже заби добро ни се пишува.
Се надевам што поскоро ќе се соберат и ќе има добра атмосфера што е многу клучно за понатаму.
Особено Кире ако не игра.Со носителите на репрезентацијата Талески и Кузмановски,во егал а прво место со Данска ќе бидеме
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665
Switzerland e opasna reprezentacija koja e vo nalet, nesto slicno na Austria.
Nasiot rakomet e vo nadolna linija, nikakva taktika od aktuelniot izbornik, bekovite ni funkcioniraat na nacin da ja dodadat topkata do Kire, drugo nisto korisno.
Do tolku bevme napagacki mrtvi sto nasiot izbornik pri situacija igrac plus toj mestese akcija cepelin. :facepalm:
Toa e zaklucokot od posledniot sobir, sekako ke ja vidime formata na igracite vo klubovite, ete Vardar pribra del od reprezentativcite koi ke igraat vo LS.
Natprevarite vo LS mnogu znacat, mnogu dobro se drzese repkata koga najgolemiot del od reprezentativcite igraa kvalitetni natprevari vo Metalurg.
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
381
Поени од реакции
1.078
Теоретски ова ЕП треба да е најлесно достапно поради зголемениот број на учесници и можноста и дел 3-те од групите да се пласираат. Но практично мислам дека ќе бидат едни од најтешките квалификации, ние сме во слободен пад веќе некое време, ако останеме на нивото кое го прикажавме во Австрија во јануари не ни бега уште еден дебакл. Швајцарија и Финска не за потценување, посебно Швајцарија. Освен Бугарија, Сан Марино и Лихтенштајн нема веќе кој не игра ракомет. Ние сме докажани како најголем противник сами на себе, нереална еуфорија, потценување на противник, влегување лабаво во натпревари за кои мислиме дека се решени со излегување на терен, тенка психологија кај поединци, притисок... Мора Брестовац да ги остави софтверчето и компјутерчето и да почне нешто конкретно да работи, наместо изјави „не им се даваме на данците, посебно дома“ и „со Финска не би требало да имаме проблеми“ да воигра нешто ново за да не бидеме повторно прочитан буквар.
 

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.210
Поени од реакции
4.951
Кај ќе ги победиме бе Данска !?!? Добри сте ? Почна короната лошо да ви влијае...
Гледавте на последното натпреварување како игравме ?
Играме се полошо и полошо мислам.
Тешка е групата, ама има реални шанси за да поминиме и да се пласираме...
Со Швајцарија ќе биди држ не дај !! Тие двете се клучни за нас, опасна репрезентација се и тие.
Само лошо е шо првата ја играме кај нив, незнам колку имаме шанси кај нив, добро беше првата да ја игравме дома со нив, па во случај на ист број на бодови да решава меѓусебниот, вака притисокот ќе биди врз нас последното коло, друго е противникот да брка резултат....
Нека се спремаат само за со Швајцарија, макар шо и со Финска гостувањето таму мене не ми е сигурно, па можен е и пораз :D
На тие 3 меча да се фокусираат и да дадат се од себе, со Данска ако сакаат и со 20 разлика нека ги губат двете баш ме брига.....
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Џабе се сите калкулации. Натпревар по натпревар мора да се оди. Се сеќавате на минатите квалификации? Ист формат како овие за ЕП2020. Изненадувања еден куп секое коло. Победата на Португалија против Франција, Швајцарија над Србија, Латвија против Словенија, Грција со Македонија, Израел со Полска, како и реми на Црна Гора со Фарски Острови, Грција со Исланд, Белгија со Србија, Косово со Полска. Сега некои од овие не делуваат толку шокантно како во моментот, но и тоа како беа големи изненадувања. Нема ништо поразлично да биде и сега. Дури може да биде и похаотично, којзнае што ќе се случува со корона-кризата. А приближувањето на квалитет меѓу репрезентациите не е нешто што одеднаш ќе запре, туку ќе продолжи и натаму.
 
Член од
25 декември 2019
Мислења
1.743
Поени од реакции
2.665

Lazarov najavi penzija..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom