Драга Кајгана (виртуелен дневник)

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.405
Поени од реакции
29.797
Ми паѓа тешко и жал ми е кога ќе видам некои луѓе како неправилно ја употребуваат маската како заштита. Последен пример од прееска...возам и чекам на семафор пред Капитол.....поминува човек на пешачкиот и брка во џеб од фармерки..ја вади маската заедно во купчето со клучеви, пари.....ја испофака од сите страни и си ја стави на лице. Влегов во Веро, пензионерите рашетани малку..ај што со маските не им е покриен носот (тоа е дежа ву), него веќе им смениле боја....платнените од бели станале жолти, хируршките како калосани. Зошто не спроведат една видео кампања по ТВ медиумите како правилно се ракува со маска....оние со маските под брада ми се одамна секојдневие. И јас не знаев на самиот почеток, но за среќа имаше кој да ме научи.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.487
Поени од реакции
16.131
Драга

Денес на соседчето му помагав со спремање матура и се беше супер додека не ми се деси беља на крај. Го внесувавме пиењето во викендицата и зедов една кеса која не је приметив дека е скината и од неа падна и се скрши цела флаша вињак, моето најомилено пиење. За мене животов веќе нема смисла.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Драга,
Денешниов ден беше толку турбулентен што сега се чувствувам ко да сум излегол од бубањ на машина за перење. Ќе ти кажувам, можеби, друг пат, сега отидов да одморам. Добра ноќ. :love:
 
C

CoolIris

Гостин
Драга,

Отсекогаш ми биле помили луѓето кои умеат да прифатат критика и да признаат кога грешат. :)

Критиката е добра работа....барем онаа конструктивната, стимуланс за подобрување. А оние лошите, деструктивните, нека бидат желба за напредување ....

Добра ноќ :love:
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
*става маска*

Драга Кајгана,

Не сфаќам кога ќе дојде денот кога ќе престанам да се изненадувам од срањата со кои треба да се носиме како општество. Види ја корона ситуацијава - сите се понашаат како живот да им зависеше од одење у кафана и зедоа се натуткаа без маски небаре банкети за војска/момачки/девојачки забави прават. Нема да го оправдам тоа со 'Ама ми фали да си се видам со блиските' пошо блиските моеш да ги видиш на поотворен, широк простор каде сите ќе носат маски и никој нема да ве спречи и да јадете и пиете истовремено.
Кафана бре со музика, да излезе душата на маса на живо музиче, хармоника да ти свири на увце да лупнеш едно пееФче на чело на кларинетистот шо ти ја почна 'Туѓа си бескрајно', иначе идеш на life support без тоа.
Не може простиов народ да разбере дека нишо нема да биде ко порано, нишо не може да се врати назад и мора, АМА МОРА да се најде нов начин на функционирање колку и да сакаме сè да е ко порано. Поише од 2/3 од народот шета или без маска или со маската под брада или под нос. Па не можеле да дишат, па мачно било, па сафра ги фаќало - себичност со лопата да ринеш. Општествена одговорност нигде.

*му се замаглуваат наочарите од маската*

На страна од тоа на луѓе исто така им пречи шо дел од народот тука, па и низ остатокот од светот изјавува поддршка за протестите во Америка. Смешно било пошо не било кај нас никаков ефект ќе немало. Никако да сфатат дека секој еден пост, секој еден разговор, секоја една слика на тема анти-расизам оди во прилог на развој и на нашето општество. Но, секако ние сакаме да се убедуваме дека не сме расисти и дека такви поделби кај нас не постојат, пошо нели Македониичево ни е едно розово сликиче за у рамка и на ѕид да си го стаиш.
Премногу се фрустрирам од тоа колку е мизерен светот и колку никој не сака промени кои очајно мора да се случат.

Одам виски да турам една чаша, не се седи на трезно деновиве.

Биди ми поздравена Кајгано, и практикувај социјално дистанцирање колку можеш повеќе.

*вади маска*
*мие раце*

*става пак маска*
p.s. А има решение за вирусов, не дека нема. Само треба да ја послушаме девојката која искоментира на фејсбук на статија твоја, а нејзиното решение во прилог:
 

Attachments

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.575
Последните неколку вечери ја сонувам бившата, и се е со различни ликови шета, еден пред некоја вечер ја држеше за гз и шетаа по улица.
Последниот сон јас она и Ѓорги Крстевски пејачот спиеме во иста соба. Они на ист кревет, јас долу на душек. И почна еден телефон стар LG да ѕвони, јас и овој се разбудивме и јас гледам во телефонот, се вртам накај него и му викам Ѓорѓе брат заеби мала е оваа соба за тројца, и си отидов.


Сите имаме сонувано разни глупости и сме се буделе исплашени, возбудени, испотени, сме спиеле со отворена врата од страв ... Јас сношти се смеев како улав и неможев да заспам 2 саати.

:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
Албанец прави куќа на 3 спрата,со џакузи унатре,со двор колку фудбалско игралиште,и бил гејтс да му позавиди,ама кога станува збор за фасада=
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Апропо Црните во Америка и нивните права, една обратна случка од лани:
Член сум на една меѓународна комисија, како дел од Фондација, даваме мислење и гласаме за предложени проекти дали да бидат финансирани. Една група црни жени од Америка, побараа огромна сума пари за некој проект. Проектот си беше ОК, ама сумата беше не-ОК, огромна! И додека ние што не сме од Америка го дававме своето мислење реално, членовите од Америка си кажаа дека се плашат оти ако ги одбиеме дека ќе се сфати оти сме против Црнците. Не можев да се изначудам! На крајот проектот беше одборен со за нијанса помала сума од бараната. Ова - нијанса помала - беше заради тоа што ние не-Американците се буневме гласно.
п.с. За споредба, јас ако барав таков проект да го правам во Македонија, ни десеттина од сумата немаше да ми одобрат ...
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Забрането е реплика на оваа тема, но само кратко тоа што неколку постови погоре членот кој напишал дека Албанците правеле куќи со 3 спратови и внатре правеле и џакузи а фасади не правеле.

Ова е генерализација, и кај православните во земјава има такви случи прилично многу.
Се запрепастив кога во една пригода влегов внатре во куќа на православен. Затоа што однадвор куќата му беше ( и се уште е) не е ниту измалтерисана однадвор куќата а камоли нешто друго. Внатре кога влегов во куќата како во дворец да сум влегол, мебели од секаков вид, и тоа од кувана ораховина мебел, кујна екстремно скапичка и тоа на двата спрата и горен и долен спрат скапа кујна, ламинати во сите соби, плочки во кујна и купатило од тие најскапите ставени плочки.

Лустери модерни и нималку ефтини, модерни врати на собите, модерни пвц прозорци, кревети, постелнина свилена..

Како што кажав кој не влегол внатре во куќата ќе помисли на прв поглед од надвор дека куќата е испод просек, а да влезе внатре како во резиденција да влегол.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom