Темава ја отворам од економска гледна точка на една мала, но растечка група на граѓани во Скопјево. Верувам дека истава нема да заврши на буниште наскоро.
Веќе неколку денови, за потребите на пријателка бараме поефтина соба/стан во Скопје, во околината Карпош 1/2/3, Тафталиџе 1/2, Центар во близина околу Универзална сала... и што да ви кажам...
Се јавуваме на неколку огласи дадени во огласникот 24 (излегува со Вест, Утрински, и Дневник, ако не се лажам), преку неколку веб огласници reklama5, pazar3, и некои други.
Ме иритира тоа дека има многу "газди" на станови кои живеат веќе таму фамилијарно и издаваат соба/две со пренапумпани цени, притоа забрануваат да се користи една скапана перална која ја имаат, забрануваат да си готвиш храна, забрануваат било кој да ти дојде во посета (за едно кафе пиење бре, за едно пола саат видување).
Кај отиде светот?
Целта на дискутирање ми е:
дали сте до толку отепани финансиски, па сте решиле да издавате една соба со мизерни услови на живеење, по толку напумпани цени, па и куќен ред кој го немало ниту во Аушвиц?