Треба да се нотира дека не сите индустрии се подеднакво погодени и истовремено не сите деловни субјекти во погодените сектори добија еднаков третман од државата. Предимно најголемиот удар го истрпи најсиромашното граѓанство, и од здраствените и од финансиските реперкусии кои што ги донесе вирусот. Конфекциите и газдите отсекогаш биле во тесни корелации со локалната и извршната власт, кои што на едно око примижувале на несоодветните услови за работа и пред кризата, а камоли пак сега. Истото важи и за угостителите и нивните кафулиња и ресторани, оти општ познат факт е дека со оваа дејност покрај примарната (политичка) се бават и партиски функционери кои што поседуваат и по неколку угостителски објекти, каде што законите за закуп на јавен простор, инспекциски надзор и.т.н никогаш за нив не важеле, т.е тие и предкризно работеле со државни повластици. Во контекст на ова и односот кон нивните вработени (плати, придонеси) никогаш не бил третиран од трудовите регулаторни тела, односно во нивните локали инспекциски надзор никогаш не се ни извршил. Баш напротив, инспекциите во многу наврати работеле во нивна служба за разбивање на конкуренцијата и одржување на нивниот олигополски статус во угостителскиот сектор.
Чисто сумирано, ако на почетокот пандемијата се ширеше заради неинформираност, повратници од странство, неодговорност на поединци...сега во услови кога развиените системи ја ставаат под контрола, кај нас на површина избија системските слабости, корумпираноста и селективното спроведување и на здравствените мерки и на регулативата произлезена од законските акти. Кон тоа се надоврзува и одржувањето на паралелна држава од политички интереси предизборно, креирање и одржување на мини религиски оази каде што владеат пишани закони од пред илјада години, мини шеријати.
Затоа во причините за првиот вирусен бран не доминираат исклучиво системските слабости, туку грото од иницијалните кластери се јавија поради неодговорност на поединци (Цаци, скијачи, бизнис фамилии, повратници од странство...)
Вториот вирусен бран кој што моментално ни се случува е комбинација од граѓанска неодговорност, но пред се доминантен фактор се политичките игри предизборно, слабоста на системот која што произлегува од неговата хронична корумпираност, селективност, слабиот здравствен систем и немањето капацитети соодветно да одговори на заканата...