Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
После точно 3 месеци откако последен пат бев на стоматолог ( најдолга пауза како не сум посетил стоматолог во последниве 6 години) и да пукнам од мака. Го немаше стоматологот тој квалитетниот лек од Српска Галеника со горчлив препознатлив вкус, ама лек кој има ефект и покажува одлични резултати.

Ми отвори тоа џебчињата т.е џебови на заби и ги стругаше и чистеше, и на крај ми стави лек, ама отпад од лек.
Ми стави лек од овие нашиве од Галафарм, лекот нема ниту вкус ниту мирис ниту квалитет. Со тој лек лани 5 пати одења на стоматалог, и 5 пати ми ставаше од тој Галафарм лекот и не се излекува една инфекција на еден сосема друг заб, и после набавил лек ( и тоа откако јас му укажав да набави од странство лек) стоматологот лек од Српска Галеника и од едно ставање помина инфекцијата лани, е да ама тој лек од Српската Галеника имаше горчлив вкус, се осети во уста дека е ставен лек. Ова од Галафарм кога ми става лек во уста ништо не осеќам мирис.

И сега денес му кажав на стоматологот дај стави ми од тој лекот на Галеника од Белград, ама човекот кажа: е знам дека го сакаш тој лек, да имав од Галеника ќе ти ставев од тој лек ама затворени се границите и не можат од Србија да ми го донесат лекот, и други пациенти ми го бараат тој лек од Галеника ама го немам.


Овие нашиве фирми и производители се ѓубре со нивните лекови, јас не знам што со тие ваучери што Владава ќе ги додели во Јули кога има ограничување да мора со тие ваучери исклучиво роба од домашни фирми и производители да се купува. Што ѓубре ли ќе се купува?
Првин треба квалитет да има робата, а не само перење на пари со ваучери за ѓубре домашна роба, чест на исклучоци ако постојат исклучоци на домашна квалитетна роба.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.933
Поени од реакции
17.645
Годината која се спомнува во траката јас сеуште не сум роден.
Но дури и после толку години еве јас на 20 ја слушам и ништо не се сменило, освен што и двајцата изведувачи се емигрирани.
Уште појак факт е што да не се спомне година во песната, некој кој не ја знае ќе рече дека е баш сега излезена(пробајте го овој со некој што не слуша ваква музика)

ПС:Има ли денес или ќе има ли некогаш во авионот пилот?

 
Последно уредено:

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
36.792
Поени од реакции
29.258
,,,DrK,,,onamu so pitite_pastrmajliite Agdeto totalno me raspameti :несвест: :icon_mrgr:,,,pishuvam tuka da ne rasipam vpechatok tamu,,,:place::icon_mrgr:
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.752
Поени од реакции
9.558
Сите што ме познаваат, мислат дека сум јака личност...ахххх, колку само грешат, но ако, така сакам и да мислат за мене, нека пукнат душманите.......Кога би знаеле дека се распаѓам на илјада парчиња, а финтата е дека се научив да бидам тивка, нечујна:(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.595
Поени од реакции
34.789
Кајг,
полетаааааааааааааааааааааааааа ! :cuc:
NASA and SpaceX Launch Astronauts to Space!

Kennedy Space Center, breaking news! „first Launch of astronauts from US soil in 9 years“
6 000 km на час за две минути дигна! :несвест:


гледајте директен пренос овде на you tube... кликните! :cuc:
 
C

CoolIris

Гостин
Кајг,

Се поголем е бројот на луѓе кои се жртви на психичко малтретирање и понижување на работа...или МОБИНГ.

Се јавува во сите сфери на општеството, помеѓу надредени и подредени, но најчесто меѓу соработници од ист ранг. Почнува со обичен судир на интереси, кој резултира со нарушување на меѓучовечките односи, а потоа и насочување на целата таа агресија на една личност (мобер) кон друга личност (жртва). Ваквиот психотерор, вклучува сплет на понижувања, закани, сплетки од страна на моберот и нарушување на професионалното и човековото достоинство на жртвата. И одеднаш истата таа жртва почнува да се чувствува помалку вредна, без поткрепа и право на глас на своето работно место. Потоа следува период во кој жртвата е "вреќа за удари" или "дежурен виновник" за сите неуспеси и грешки на колективот. Жртвата очајнички се бори за опстанок и за жал, на крај по повеќегодишно тероризирање тоа завршува со хронични болести, напуштање на работно место или она најтешкото, обид за самоубиство.

И зошто сега јас го пишувам ова овде и сега ... затоа што сум свесна и сум сведок дека бројот на жртви од оваа причина во последните три месеци е речиси 10 пати поголем од порано!!!
И сакам да кажам, ако молчите и го криете тоа ништо нема да направите. Дури и да сака да ви помогне човек, просто не му давате ниту прилика, ниту простор, ниту време, ниту шанса да се обиде да ви пристапи и помогне. Бидете храбри, зборувајте гласно, покажете заби!
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.136
Поени од реакции
28.889
На крајот на моите мисли, каде што сум среќен, таму си ти...ти си почетокот на еден тежок пат и среќен крај на невозможна приказна.
 
Ф

Флеш

Гостин
Имал женска,Игор Џамбазов ? ... И сеа па што ?!

Дај бре медиуми оставете го .... Човекот е прекрасен и дајте му приватност .... Дај дудлајте го Сулејман Реџепи :pos: :popce:
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.955
Поени од реакции
35.491
Kej, конечно и некоја позитивна ствар во гнилиот период. Ослободени од данок и плаќање здравствено осигурување поради работење во месеци на криза. God bless Angela Merkel. :backa:

Од друга страна едно женче на работа почна да ми обраќа посебно внимание, нонстоп се смее на тоа шо ќе кажам а некојпат ич не е смешно. :pos::toe: Газенце има како ортопедска перница, да си легнеш и да посакаш никојпат да не станеш. :ljubove: Ќе видиме шо ќе испадне.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Среќен роденден за еден од најголемите актери на Холивуд на сите времиња.
Легендата Клинт Иствуд денес слави 90 роденден. Роден на 31 Мај 1930 во Сан Франциско.
Жива легенда. Некои луѓе едноставно се ненадминливи во своите професии а токму тоа е и Клинт Иствуд.

Еден од најомилените актери за мене е неповторливиот Клинт Иствуд со куп прекрасни улоги и филмови.

Една негова реплика е меѓу најпопуларните во светот на филмската индустрија а мене лично ми е меѓу омилените:
" Go ahead make my day ".
Dirty-Harry-Williams-1995-600x398-1038x688.png
 

Kajgana Shop

На врв Bottom