Football Manager 2019

Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
355
Штета оваа година ја немаше "фри", сега и да ја има нема да е интересно веќе сме Јуни.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280

Интересно ќе е.
Подобро да ја играм ФМ 2020 во Јуни 2020, отколку 19ката.
Башка живци искинав на 19кава со Интер.
Второ место во Серија А, полуфинале ЛШ, го продадов Перишиќ за 65 мил. демек да ги подобрам финансиите, трансфер буџет 45 милиони. :facepalm:
Таман да си го купам Делофеу за на клупа.
Ајде викам и онака се нема пари, ќе го продадам Икарди...иде 95 милиони од Тотенхем. Од тие 95 милиони, само 40 ми остава бордот за трансфери.
Среќа па Белоти како замена уште подобро ми легна од Ванда.

Да не зборам за моментите кога Ман. Утд или некој друг клуб од тоа ниво ќе пушти 45 милиони за Де Вриј или Шкриниар, и одма играчот незадоволен што си го одбил трансферот. Ај да е само играчот...цел тим плаче што не сум го продал во Ман Утд за да си ја градел кариерата клошарот.
Се разбира, следен потег да ги направам сите среќни, го нудам Шкриниар за 50 милиони, Манчестер нејќе да даде повеќе од 35 милиони. :busi:
Ајде нека иде да му се намочам во кариерата викам ќе го земам Кимбемпе, он незадоволен од минутажата во ПСЖ.
Праќам понуда од 35 милиони, PSG has negotiated the offer and asks for 112 мил.€
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.644
Поени од реакции
9.223

Имаш ограничување со што 70-80% од продажба ти го полнат трансфер буџетот. Тоа е така кога финансиите на клубот не се на високо ниво, но доколку бележиш резултатски успеси и со тоа финансиски подобрувања можат да ти го качат на 100% преносот на средствата во трансфер буџетот.
Можеш да се обидеш и вака да ја убедиш управата.
Make board request > Finance > Increase percentage of transfer revenue

Инаку кога немаш средства, позајмици и плаќање на рати му е мајката.
 
Направено е се тоа.
Слаб е буџетот, особено втора сезона ако не земеш ништо, и ако испаднеш во осминафинале ЛШ како јас.
Го буткаат процентот на 30-40 % и за џабе е воопшто да продаваш, речиси и некако си приморан да продаваш за да ги балансираш минусите. Втората сезона ја завршив со -35 милиони.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Земи си англиска екипа, тв правата вриштат, речиси цело време ти е 100% расположливоста на средствата
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Земи си англиска екипа, тв правата вриштат, речиси цело време ти е 100% расположливоста на средствата
Види, трета сезона сум, ветив титула во Серија А за да кренам малце расположение а и финансии, а моментално сум 4ти на табела со минус 5 бодови од Аталанта (1) и Каљари (2). Мислам ако не успеам да стигнам до титула, ќе ми дадат уште една фора као собери 11 бодови од први 5 натпревари или отказ. Ама како и да е, без разлика на отказ или не, сериозно ми се почнува англиска зашто мене ми е филм трансфери да правам некој си свој дрим тим, за тоа ја играм, а не финансии,тренинзи и да ме замара мене Гаљардини зашто не сум му давал шанса во прв тим он и онака бил High Influential Player.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Југословенски journeyman.

Screen Shot 2020-05-25 at 11.09.55 PM.png

Започнав без клуб, и некаде кај полусезона прв клуб ми беше НК Кустошија во Хрватска втора лига каде што во првата сезона завршив 12ти, во втората ги внесов во прва лига а во третата завршив на 5то место во првата хрватска лига и решив да дадам отказ затоа што Динамо Загреб моментално изгледа непобедливо. Сега сум втора сезона во Мура во Словенија.

Screen Shot 2020-05-25 at 11.08.26 PM.png

Screen Shot 2020-05-25 at 11.29.08 PM.png

Screen Shot 2020-05-25 at 11.16.33 PM.png

Добар тим со многу подобри финансии од мојот претходен клуб, првата сезона завршив трето место, бев во борба со Марибор и Олимпија за титула до последно коло но пред крајот имав тешки гостувања и не успеав да ги добијам. Сега втора сезона повторно борба со Марибор па се надеваме дека сезонава ќе го освојам и првиот трофеј. План е да се освои трофеј во секоја лига а поради карантинов имам доста време за тоа, на претходниот сејв почнав со некојси March Town од англија десетта лига (датабаза симната додатно) и стигнав до 2056 али веќе досадно ми стана. :D

п.с симнав еден фејспак од fmscout.com од околу 15 гига заедно со TCS Skin за едно тотално различно искуство. Дури и од втора македонска лига имав најдено играчи кои ги имаат вистинските фаци а и скоро сите тренери, скаути и слично се со вистинските фаци. Се гледа дека некој баш се има потрудено.
 
Член од
12 јуни 2017
Мислења
379
Поени од реакции
245
Југословенски journeyman.

Прегледај го приврзокот 252948

Започнав без клуб, и некаде кај полусезона прв клуб ми беше НК Кустошија во Хрватска втора лига каде што во првата сезона завршив 12ти, во втората ги внесов во прва лига а во третата завршив на 5то место во првата хрватска лига и решив да дадам отказ затоа што Динамо Загреб моментално изгледа непобедливо. Сега сум втора сезона во Мура во Словенија.

Прегледај го приврзокот 252950

Прегледај го приврзокот 252953

Прегледај го приврзокот 252951

Добар тим со многу подобри финансии од мојот претходен клуб, првата сезона завршив трето место, бев во борба со Марибор и Олимпија за титула до последно коло но пред крајот имав тешки гостувања и не успеав да ги добијам. Сега втора сезона повторно борба со Марибор па се надеваме дека сезонава ќе го освојам и првиот трофеј. План е да се освои трофеј во секоја лига а поради карантинов имам доста време за тоа, на претходниот сејв почнав со некојси March Town од англија десетта лига (датабаза симната додатно) и стигнав до 2056 али веќе досадно ми стана. :D

п.с симнав еден фејспак од fmscout.com од околу 15 гига заедно со TCS Skin за едно тотално различно искуство. Дури и од втора македонска лига имав најдено играчи кои ги имаат вистинските фаци а и скоро сите тренери, скаути и слично се со вистинските фаци. Се гледа дека некој баш се има потрудено.
Од кај да симнам ова за Македонска лига?
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.403
Поени од реакции
13.719
Од кај да симнам ова за Македонска лига?
Ако ти е купена и ја имаш симнато преку Steam имаш во workshop-от за Football Manager само пиши Macedonia и ќе ти излезат неколку мислам дека сите работат како што треба.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Види, трета сезона сум, ветив титула во Серија А за да кренам малце расположение а и финансии, а моментално сум 4ти на табела со минус 5 бодови од Аталанта (1) и Каљари (2). Мислам ако не успеам да стигнам до титула, ќе ми дадат уште една фора као собери 11 бодови од први 5 натпревари или отказ. Ама како и да е, без разлика на отказ или не, сериозно ми се почнува англиска зашто мене ми е филм трансфери да правам некој си свој дрим тим, за тоа ја играм, а не финансии,тренинзи и да ме замара мене Гаљардини зашто не сум му давал шанса во прв тим он и онака бил High Influential Player.
Да, многу побрзо се стига до солидна финансиска стабилност. Доволен е влез во ПЛ ако почнеш со нисколигаш или пак влез во ЛШ ако почнеш со мидтејбл ПЛ екипа.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
355
Интересно ќе е.
Подобро да ја играм ФМ 2020 во Јуни 2020, отколку 19ката.
Башка живци искинав на 19кава со Интер.
Второ место во Серија А, полуфинале ЛШ, го продадов Перишиќ за 65 мил. демек да ги подобрам финансиите, трансфер буџет 45 милиони. :facepalm:
Таман да си го купам Делофеу за на клупа.
Ајде викам и онака се нема пари, ќе го продадам Икарди...иде 95 милиони од Тотенхем. Од тие 95 милиони, само 40 ми остава бордот за трансфери.
Среќа па Белоти како замена уште подобро ми легна од Ванда.

Да не зборам за моментите кога Ман. Утд или некој друг клуб од тоа ниво ќе пушти 45 милиони за Де Вриј или Шкриниар, и одма играчот незадоволен што си го одбил трансферот. Ај да е само играчот...цел тим плаче што не сум го продал во Ман Утд за да си ја градел кариерата клошарот.
Се разбира, следен потег да ги направам сите среќни, го нудам Шкриниар за 50 милиони, Манчестер нејќе да даде повеќе од 35 милиони. :busi:
Ајде нека иде да му се намочам во кариерата викам ќе го земам Кимбемпе, он незадоволен од минутажата во ПСЖ.
Праќам понуда од 35 милиони, PSG has negotiated the offer and asks for 112 мил.€
Абе види во право си до некаде со ова, боље 20 колку толку отколку 19.
И кај најде со Интер да играш како и јас скоро секогаш, ова како директно на Hard или Insane да си почнал :D

Вакви перипетии има до бескрај, претходни години Најголан неможеш за 50+ да го доведеш сега за 20 неможеш да го продадеш, или па ти нуди јунајтед 95 за Икарди, ги одбиваш потоа за 2 недели за 75 мора да го продадеш :D . Доживувања.

Вака од разговорот што го читам ми се преиигра ептен иако една година ја немам пипнато, дефинитивно е игра што најмногу ме внесува и сум ја играл по 12+ часови со денови ако не и недели.

Кога играв најчесто се фокусирав на млади таленти неоткриени или во "зародиш", врабовам скаути со најјаки оцени и ги праќам по Белгија, Портгалија, Бразил, Аргентина... ретко фрлам огромни пари за трансфери и најинтересно ми е во текот на трансфер пазарот.

Дали има опција пример кога одиш понатму да ти симулира но нареден натпревар директно или ако има некој вжен меил а не секогаш да те префрла од денес на утре. Ова секако откако ќе заврши трансфер пазарот.
 
За ова последново не сум сигурен.
Јас кога завршува сезоната, идам на одмор 3 недели, и автоматски одбива трансфери и слични такви мејлови.
Ако има натпревар измеѓу, асистентот превзема.

Кога сме кај младите играчи, ги купив Дани Олмо, Барела и Зијех за вкупно 45 милиони евра (5-20-20) и ако ги продадам во моментов, сигурно ќе заработам 200 милиони.

За Интер и нивото сосема си во право. Го прави Хард левел самото тоа што имаат големи очекувања како Јуве, Ливерпул, Баерн М., а трансфер буџет како Фулам.
 
Член од
1 ноември 2019
Мислења
357
Поени од реакции
355
Ја дека сум нивен фан затоа ги бирам онака би зел некој по лесен. Ептен пазар си направил со тројцата, би ги продал одма да ми дават некоја луда сума, ја се сеќавам од Лион зедов Териер и Тусар за мала сума и ептен се покажаа.

Ова симулирање од еден натпревар до друг го имаше во постарите верзии во оваа 2019 го нема, со исклучување одредени нотификации се подобрува ситуацијата но сепак од ден на ден многу се губи време тука.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom