Си купив книга

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Брат ако не ти е проблем да напишеш нешто повеќе околу книгата. Дали е скратено издание?, добар ли е преводот?, каде може да се најде и колку пари е? :)
480 денари е. Ново издание, од едицијата „Лесно читливи лектири“ од Арс Ламина (пошто нели лектира за деветто одделение е сега кај нас). Целосно издание е, не е скратено, и тоа со многу поубав превод од тој претходно на Култура. Имињата не се преведени, туку се оставени во оригинал. Плус, една по една ќе ги издадат и останатите делови. Вреди за сите пари, дефинитивно!
Ја немам купено, така што за превод ќе почекаш од Злате, а за другите прашања, скоро ја издадоа Литература.мк и мислам некаде видов редовна цена од 450, а моментално да е намалена на 380, ама за сигурно ѕирни на нивниот сајт
Намалувањето од 480 на 380 важи само за онлајн нарачки. При тоа, се плаќа достава од 99 денари, што значи пак цената ќе ти биде 480 денари. А што е најлошо од сѐ, доставата е како препорачана пратка преку Македонска пошта (значи не по карго), и постои веројатност поголема од 50% никогаш да не ја добиеш книгата на твоја адреса, а веќе си ја платил.

Книжарницата на улица Македонија работи во работни денови до 15:00, така што - тркнете до таму, не се лажете со попустот.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Едно 40 непрочитани имам, па нови набавки по короната, здравје.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
20200524_131946.jpg
20200524_132111.jpg

Нема саем годинава, а во Арс Ламина има 30% попуст на новите изданија, па затоа си ја докомплетирав едицијата "Детски класици" и си купив неколку од новите лектири за основно. Обожувам детска книжевност!
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Јебала ги Пајажината на Шарлот, таа книга беше адаптирана ко Пајажината на Клементина и така требало да си остане.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Јебала ги Пајажината на Шарлот, таа книга беше адаптирана ко Пајажината на Клементина и така требало да си остане.
Шарлот е оригинал. Не требало да го преведуваат името, најпрво. Замисли Хајди да беше преведена како Христина, Мери Попинс - Марија Поповска, а Алиса во земјата на чудата - Алтана во земјата на чудата. Подобро сега, отколку никогаш, да ја исправат грешката.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Шарлот е оригинал. Не требало да го преведуваат името, најпрво. Замисли Хајди да беше преведена како Христина, Мери Попинс - Марија Поповска, а Алиса во земјата на чудата - Алтана во земјата на чудата. Подобро сега, отколку никогаш, да ја исправат грешката.
Книгава е за деца, адаптирана од Драги Михајловски и мислам апсолутно со право. На едно дете од Макединија прасето Вилбур (инаку наречено по некое си гратче во Америка што ни рандом Американец не би го знаел) ништо нема да му значи, ама прасето Цанко ќе му остане во сеќавањето. Ако гледаме така на адаптации кои што се со генерации застапени кај нас, тогаш ајде и Snow white да си ја транскрибираат во Сноувајт, џуџињата Спанко... да си ги транскрибираат во оригинал...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Книгава е за деца, адаптирана од Драги Михајловски и мислам апсолутно со право. На едно дете од Макединија прасето Вилбур (инаку наречено по некое си гратче во Америка што ни рандом Американец не би го знаел) ништо нема да му значи, ама прасето Цанко ќе му остане во сеќавањето. Ако гледаме така на адаптации кои што се со генерации застапени кај нас, тогаш ајде и Snow white да си ја транскрибираат во Сноувајт, џуџињата Спанко... да си ги транскрибираат во оригинал...
Па и Алиса, Мери Попинс, Хајди, Робинзон Крусо, Гуливеровите патувања и уште еден куп други се книги за деца, па имињата не им се преведени. Оригиналната бајка Снежана од браќата Грим е насловена Schneewittchen. Snow White е англиска варијанта на насловот, што всушност не е ни име, туку сложен збор кој означува дека девојчето било бело како снег. Ете, можеби подобро би било Снежно-бела на македонски, но сепак се работи за бајка од 19 век за која традиционално е прифатено името Снежана. Пајажината на Шарлот е преведена на македонски во 2004. Тука не ни може да се зборува за традиција.

А, да, за џуџињата - еве, во раце го држам преводот на оригиналната бајка Снежана, на македонски, и џуџињата немаат имиња. Ниту едно од нив! Имињата на џуџињата се измислени од Дизни во анимираниот филм.

Инаку, го почитувам Драги Михајловски и тврдам дека неговите преводи се меѓу најважните кај нас, но исто сметам дека одлуката да ја преведе Шарлот во Климентина е во најмала рака несреќен избор, зашто имињата не се преведуваат. И стојам зад тоа. Ајде, ете, Вилбур не им значело ништо на децата, Цанко им значело. Ама Климентина наместо Шарлот? Поарно Цвета или Перса да се викала.
 
Имаш некоја грешна информација за книгава. Јас ја читав ко лектира во 2003-2004 г., така што тешко дека тогаш е за прв пат преведена.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
Имаш некоја грешна информација за книгава. Јас ја читав ко лектира во 2003-2004 г., така што тешко дека тогаш е за прв пат преведена.
Се фаќаш за најневажното од целиот муабет. Не е ни важно. И 1970 да е, пак не е 19 век. Еве, побарав на Cobiss, првиот превод на книгата на македонски е во 1990, издание на Култура. Драги Михајловски прв пат се спомнува во превод од 1993, издание на Детска радост. Тоа што јас ја спомнав 2004 беше податок од македонската википедија, што очигледно е погрешен.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Се фаќаш за најневажното од целиот муабет. Не е ни важно. И 1970 да е, пак не е 19 век. Еве, побарав на Cobiss, првиот превод на книгата на македонски е во 1990, издание на Култура. Драги Михајловски прв пат се спомнува во превод од 1993, издание на Детска радост. Тоа што јас ја спомнав 2004 беше податок од македонската википедија, што очигледно е погрешен.
Не сфаќам како е неважно тоа што книгата скоро 30 генерации е позната под еден назив, за од годинава или лани да почнат да ја учат децава под друго име.

Знам дека си од фелата, па глупо ми е да се објаснувам, ама топоними, наслови на книги, филмови, ако се познати под еден назив и тој назив има традиција во преводниот јазик, не се менува без разлика дали пред 30 години бил преведен лошо или има подобро решение.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.630
Поени од реакции
33.184
20200612_160900.jpg

Еден од романите кои најдолго време ги барав, под дрво и под камен. „Џахиз и истребувачите на кучиња“ е освојувач на наградата Роман на годината на Утрински весник за 2005 година, издание на Детска радост. Издавачката куќа Детска радост веќе не постои, тоа малку нивно што е останато е најголем дел во Просветно дело, а ним па ништо не им е каталогизирано, па така ни самите продавачи не знаат дали ја имаат или не. Ја барав и по другите книжарници - најмногу надеж добив од Матица, каде продавачката беше убедена дека имале 2 примероци за кои лично таа се сеќаваше дека ги видела, ама и по 2 часа пребарување низ книжарницата, не ги најдовме. Ја немаше ни кај продавачите на стари книги, ни кај препродавачите по facebook... За на крај случајно да ја најдам од еден љубител на книжевноста од Битола кој, за жал, мора да го продава целото книжевно богатство кое го има дома (од преку 4500 книги), меѓу кои и Џахиз... И тоа со посвета од авторот, Пајо Авировиќ, негов пријател. :( Жал ми е за господинот што мораше да ја отуѓи, но не знаете колку сум среќен истовремено, што ја најдов.

Патем, од колекцијата „Добитници на наградата Роман на годината“ ми останаа уште само:

1.Изгубен жегол - Милован Стефановски
2.Куклите на Росица - Оливера Николова
_______________
3.Дваесет и првиот - Томислав Османли
4.Човекот што ги сакаше калинките - Душко Родев
5.Јадица - Владимир Плавевски
6.Балканвавилонци - Луан Старова
7. Песот со тажен поглед - Оливера Николова

Ако некој има нешто од ова за размена, продажба, подарување... нека ме контактира. Особено важни - првите 2 наслови кои не можат да се најдат никаде.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тамам реков втората книга од Матица за мене, ко ме разочара. :place:

Дваесет и првиот е издание на Блесок, јануари месец ја земав. Сигурно имаат уште примероци.

Истите ги барам и јас од листата, плус Разговор со Спиноза, Нишан и Индиго Бомбај ги немам.
 
Знам, тие под линијата се наоѓаат: Дваесет и првиот во Блесок, Човекот кој ги сакаше калинките неодамна доживеа трето издание во М.Литера, Јадица и најновата Песот со тажен поглед ги има во Матица, ама не ја купив (Јадица) зашто претераа со цената. А Балканвавилонци е издание на МАНУ, таа тешко дека ја има по книжарници, ама пред некој ден една девојка ми пиша дека ја видела во некој кафич во чаршија. Плус и да не ја најдам, ја имам во pdf.

Разговор со Спиноза се наоѓа многу лесно. Таа имаше многу изданија, од многу издавачи. Нишан јас ја купив од Матица, а подоцна ми ја нудеше и еден од продавачите на старо на фејсбук. И таа има доживеано 3-4 изданија, со различни насловни, и лесно се наоѓа. Прашај во Матица, треба да има уште. А Индиго Бомбај мислам дека веќе ја нема во продажба во Три. Јас ја најдов на старо, така што, следи по групите за размена и продажба, сигурно ќе ја начекаш.

Ама за Изгубен жегол и Куклите на Росица ти посакувам среќа. Па и за Џахиз. Ги нема. :(
Автоматски споено мислење:

А, да, и првиот лауреат, Куќата на Мазарена од Слободан Мицковиќ беше многу тешко да се најде. И таа ја најдов сега скоро, пред 2-3 недели.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom