Вујо си е тренер за екипи од понизок ранг,некаде кај што не се бара никаков успех.
Колку и да има направено за Вардар сепак мора да гледаме реално на работите,ако дојде Вујо со него ќе донесе еден куп балканци,ќе проба да наметнува авторитет врз играчите,едноставно ќе се наруши хемијата во екипата.
Каде и да работел како тренер до сега немал некој посериозен успех,секаде станувал миленик на публиката поради карактерот и глупостите што ги правел.
Освен бронзата со Словенија,никаков озбилен успех нема во кариерата,каде и да бил правел инциденти...Плус никаде не се задржал повеќе од 2-3 сезони.
И Стевче е далеку од некој квалитет,најдобро да си продолжиме со Шпански тренер,како што имаше пишано еден член погоре.
Шпанците во моментов се 2 класи над сите балкански тренери,едноставно си имаат знаење,постојано се усовршуваат и што е најбитно се држат заедно,често комуницираат дури и си разменуваат играчи.