Инаку напротив на нас ни врие под дупето и во случајот на Санчо Дортмунд е тој што ќе ја диригира цената ќе ни земе околу 100 мил за Санчо а единствено за играчи што сме занитересирани можеме да диктираме за Јуд Белингам бидејќи Бирмингем е во криза.
Затоа реков ако е неопходно. Се зависи од позициите на клубовите. Дали продавачот има ликвидни проблеми и дали другите купувачи се финансиски загрозрени.
Добра е позицијата на Дортмунд за Санчо и затоа е така. Ама врвот е 100м тука и нема да има обиди да се оди над тоа. Од нас ќе зависи дали ќе сакаме да искешираме или ќе бараме поефтина алтернатива. Но, ова лето ќе имаме помала конкуренција која ќе влијае на цената. Рачунај дека со финансиски конкурентни клубови заинтересирани за Санчо би имал Дортмунд уште подобра позиција и таа сума ќе растеше и 100м+ можеби.
Од друга страна гледај дека ќе има клубови кои ќе бидат послабо финансиски конкурентни по овој период кои ќе бележат и комерцијални и фудбалски намалувања на приходи. Ќе им треба ликвидност. Ако им се исцрпени можностите од резерви и задолжувања (верувај дека голем број на клубови немаат резерви и секое задолжување ќе ги чини поскапо ради многу фактори), ќе продаваат (можеби не за џабе, ама со пониска вредност од претходен трансфер период). Нашите такви конкуренти при купување нема да располагаат со големи суми за да парираат и да ја креваат цената на бараниот играч што исто ќе влијае на цената на играчот. Ова нема да е правило во трансфер периодов, да не се лажеме, ама ќе има ситуација кога клубови ќе мора да продаваат по 20/30% пониска сума, а ќе има клубови кои нема да бидат финансиски спремни и ќе внимаваат како трошат (на пр. Евертон не знам дали би можел да троши 100м+ ова лето и така да влијае врз цените).
Ќе видиме сепак каков ќе биде финансискиот импакт по рестартирањето на сезоната, но тие информации пред есента не верувам дека би биле познати со оглед на тоа што можеби поголем дел (или цел) од втор квартал ќе биде пак без фудбал.
Sent from my SM-A750FN using Tapatalk