Коронавирус (COVID-19)

B

Beginner

Гостин
После првиот бран идиотштина со нападите на светата причест и бакнување на иконите, еве ги резултатите од вториот бран после литијата во Струга. Болниците преполнети се чека ред со бројче за кревет повеќе, за респиратори да не правиме муабет. Десет дена после литијата само 2 заболени во Струга. Ќе се извинат ли сами душегрижниците за навредите или сам да ги тагнувам?
После војна сите генерали да беше зголемена бројката(подобро што не е) да видам дали ќе го пишеше истото. Нив господ ги чувало затоа имале среќа да не шират вирус логички. Навредите си важат и остануваат за нив и за овие од Чаир.
И да префрли се на темата непочитување овде да не одиме оф топик.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.446
Поени од реакции
68.658
Штом ова се случува во Скопје (и тоа за време на полициски час, немам намера да се пењавам уште за тоа што се случува надвор од истиот, досадно е веќе), можам да замислам како е во западна Македонија, посебно по поизолирани средини (не мора да е некое забутано село, доволно е понаселени рурални места како околините на Скопје (иако гледаме дека не се проблем само изолираните места, според сликите), Дебар, Струга, Кичево и нормално Тетово и Гостивар).

Плус што нема никаква логика за едни верски празници да има неколкудневна целосна забрана за движење, а за други да нема ништо (ете и самата имаш пишано погоре како треба за сите подеднакво да важи, а од друга страна викаш не било споредливо, не сфаќам). Ама добро, сите убаво ја знаеме позадината на двојните аршини тука, сепак не се од вчера, туку константно се практикуваат веќе 30 години.
Овие на сликиве може да се и една фамилија само :D
Ѕидови имаат по 15 метра, кој ги контролира какви собиранки прават позади нив? :D

Во Синѓелиќ од иста фамилија заболеа 30тина членови. Пет колена да соберам не можам толку луѓе да најдам.
 
Член од
4 ноември 2013
Мислења
841
Поени од реакции
1.295
Ах бе си нашол си зашол, арно шо ти е Меркел главна таму, да ти беа Болсоњеро и Трамп, ќе видеше и ресторани и само уште 13 000 болни :pos:
Е да беше бабата дедо...
Ајде батали го сарказмот , немам 20 години да се препуцавам , сакам да објаснам дека начинот и функционирањето тука не се промени ДРАСТИЧНО во време на пандемија.
А тоа е затоа што здравството функционира на највисоко ниво и го исконтролира ова максимално во однос на смртност.
Најпрост пример , ако парковите беа полу полни пред месец , сега се полни скроз.
Нема потреба од ограничување на движење и седење дома и тупење мозок.
Германија е 83 милиони , 200000 имаше заболено без ограничување на движење , зошто е тоа така?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972

Затоа што ова е болест што се победува со здрав разум, а ние овде тоа го имаме на 'претек'.

И што беше поразлично во Германија од Македонија, немаше социјално дистанцирање и казни за тоа?
Немаше задолжително маски во затворен простор?
Работеа фабриките?
Работеа рестораните?
Навечер се шеташе ?
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.248
Поени од реакции
3.173
Дури законот во Македонија не важи за сите подеднакво нема спас, општо зборам не само за короната, џабе и мерки и карантини и курци палци.
Не можи мене да ме опашат со казна од 2000 евра а некој си таму да си се куропеца слободно оти тетин му бил началник на полиција,пример.
Едните со кандилата шетаат низ Струга, кај беше таму, другите ифтари прават сред полициски час мува не ги лази, трети по викендици се чадат, четврти за избори се спремаат, абе кога ќе дојди на ред серија или филм да се снима за короната предлагам Нетфликс кај нас да снимаат, само не знам филмот од кој жанр ќе биди, измеѓу хорор и комедија нешто.
Да даваа оскар за која земја најлошо се носи со вирусот го земавме без дилема, до душа со Србија можеби ќе се тегневме, и тие тука негде се мислам.
Низ Европа бетер се, бар ова што гледам по интернетов и што ми кажуваат луѓе што живеат таму. Е сега кај нас можевме до сега да го „истребеме“ ама за тоа не го наоѓам крив народот туку државата, зашто немаат контрола на болните и имаат лош алгоритам за тестирање.
 
Член од
16 декември 2011
Мислења
86
Поени од реакции
175
Политичарите какви и да се ние сме ги избрале. Носат мерки кои мислат дека најдобро ќе не заштитат во овој момент. Секое спротивно однесување може само негативни последици да има.
Која индоктринација човече.......
 
Член од
5 март 2018
Мислења
15.142
Поени од реакции
16.655
Е да беше бабата дедо...
Ајде батали го сарказмот , немам 20 години да се препуцавам , сакам да објаснам дека начинот и функционирањето тука не се промени ДРАСТИЧНО во време на пандемија.
А тоа е затоа што здравството функционира на највисоко ниво и го исконтролира ова максимално во однос на смртност.
Најпрост пример , ако парковите беа полу полни пред месец , сега се полни скроз.
Нема потреба од ограничување на движење и седење дома и тупење мозок.
Германија е 83 милиони , 200000 имаше заболено без ограничување на движење , зошто е тоа така?
Ифтари дали прат во Германија ? :D
И дали попојте прскаја со кандила за да бега лошото.
 
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.838
Поени од реакции
7.593
Која индоктринација човече.......
Лесно е да се кажи фенси збор. Ама оти не земиш да наброиш пример да речиш политичариве жолти комбиња ги бираат.
Или дека ова го прават со цел да ни наштетат и да не сотрат...
Или пак дека е подобро да организираме протести, па можи ќе кажиш кои мерки се подобри... Или можеби пеце од кладилница знае повеќе.

Не знам што е страшно да се каже која друга стратегија би функционирала тука подобро и да ја спроведеме милум или силум ако ете толку е добра. Вака ништо не правиме
 
За се другар имам пишувано (и тоа обично подолги текстови), прочепкај ако те интересира затоа што не сакам да се повторувам, и за тоа каков социолошки импакт ќе има врз сите нас, особено врз најмладите, и за логични прашања и контрадикторности кои произлегуваат од ситуацијава и самата болест, а никој од "експертите" нема одговор (тука ги вклучувам и интергалактичките кајгана експерти, нормално), и зошто е ова "пландемија" или ко што ја нарекувам јас "план медија", и зошто огромен дел од докторите, особено кај нас, молчат, но се повеќе се освестуваат и експонираат во јавноста со различни гледишта, а имам и дискутирано со бројки зошто, на пример, Шведска се справува сосема задоволително, и ред други работи....
Е сега, немам пишувано што ќе биде со економијата ако ова продолжи, како што впрочем и се заговара, со месеци, па и години, пошто дека ќе биде пепел знаат и сите можни раси на вонземјани кои чат-пат не погледнуваат само на секунда, или можеби две...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
имам и дискутирано со бројки зошто, на пример, Шведска се справува сосема задоволително, и ред други работи....
Абе во ШвеЦка сами се редат да бидат чипирани, ти ќе се наредиш да те чипираат ?

Член од
4 ноември 2013
Мислења
841
Поени од реакции
1.295
Затоа што ова е болест што се победува со здрав разум, а ние овде тоа го имаме на 'претек'.

И што беше поразлично во Германија од Македонија, немаше социјално дистанцирање и казни за тоа?
Немаше задолжително маски во затворен простор?
Работеа фабриките?
Работеа рестораните?
Навечер се шеташе ?
Несмееш да бидеш со повеќе од 2ца низ град, напишани се преку 250000 опомени само во келн.
Задолжителни маски има сегде
Фабриките Работеа
Рестораните Делумно
Навечер , насабајле , у 5 поручек , у 5 сабајле , се шеташе , немаше никакви рестрикции.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.553
Поени од реакции
7.275
Тензично станува бидејќи Германците не можат да си ги посетат вилите и викендиците во Шпанија :)

Толку ги загрижува вирусов што се нервираат што не можат да фатат сезона

Ние ќе чекаме или избори или вакцина
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.734
Поени од реакции
7.547
Тензично станува бидејќи Германците не можат да си ги посетат вилите и викендиците во Шпанија :)

Толку ги загрижува вирусов што се нервираат што не можат да фатат сезона

Ние ќе чекаме или избори или вакцина
Several hundred Germans have in recent weeks sent pleading, sometimes angry letters to the regional government of the Balearic Islands asking them to allow foreign property owners to return to their second homes.

Тензично, упм. :pos:
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.553
Поени од реакции
7.275
Several hundred Germans have in recent weeks sent pleading, sometimes angry letters to the regional government of the Balearic Islands asking them to allow foreign property owners to return to their second homes.

Тензично, упм. :pos:
Не бери гајле, останатите ќе го нападнат крајбрежјето на Италија и Хрватска. Да не мислиш дека ќе се прешалтаат на Северно Море? :)

Дотогаш ќе ја укинат вонредната состојба кај нас, да се надеваме :D Е сеа никој нема да смее освен функционерите да излезе од државава, нешто слично како до 2009 :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom