Во зависност од тоа дали во молбата имаш пишано за подигнување на указ преку амбасада или преку Софија, кога ќе ти потпишат указ ,доколку си пишал дека ќе го земеш во амбасада, статусот прво ќе ти стои Образувана преписка номер ххх,со можност за закажување во Софија,и ако не го направиш тоа за два три саати ќе ти се смени дека ти е пратено во амбасада,а доколку си пишал да го подигнеш од Софија, статусот ќе ти стои така со полето Записиване со можност да си закажеш и нема да ти се смени .
Ако го подигнуваш преку амбасада,без закажување одиш ,уплаќаш 50 лева во уни банка,носиш две слики,и чекаш 3 месеци за адреса и ЕГН, и кога ќе ти излезе адресата ,се јавуваш претходно во општина, одиш во Софија подигнуваш уверение за адрес и одиш во МВР на сликање.
Во моментов исто ти се фаќа за подигнување зпшто и во Софија се чека за термин за подигнување на државјанство 3 месеци.