Оправдуваш 500к? Исто да се потсетиме последната сезона колку лабаво се однесуваше на терен? Не го оспорувам квалитетот што го имаше, но во главата кога си зацрта дека сака пари, уште тогаш го изгубивме како играч. Но кога пишав квалитет, се виде во Јунајтед и Интер колку навистина вредел. Венгер е главниот кривец што го достигна пикот во кариерата. Претходно Барса го продаде како вишок играч.
Дај не ме заебавај...
Прво Санчез у Арсенал не зимаше 500к, бар ја колку што знам.
Санчез, освен ако немало некое инфо што сум го пропуштил, главно си отиде зошто Арсенал немаше изгледи дека ќе освои некоја побитна титула освен ФА куп, што на крај еве и се покажа како точно.
Друго, многу ми е гајле како играл во Јунајтед и во Интер, нит го спомнав тоа нит па тоа ми е мерило за нешто, зошто знам како играше во Арсенал and that's what counts.
Аналогијава ти е исто ко сеа ја да кажам „Роналдо никогаш не бил добар играч зошто во Јуве игра многу полошо од тоа што играше во Реал“...
„Венгер бил главниот кривец што Санчез го достигнал пикот“
Озбилно ќе пробаш да ја негираш статистиката на Санчез во Арсенал и да ми кажеш дека он не си ја оправдувал платата, а пример Кембел, Саного и уште милион како нив ја оправдувале ?
На крај краева и нека е Венгер „главниот кривец“ што Санчез го достигнал пикот во кариерата, тоа беше позитивно за Арсенал, статистиката горе што ја постирав сама си кажува и не знам зошто сеа треба да се праиме на 3 ипол и да збориме „ама Санчез не беше добро што играше за Арсенал“.