Се искилавиле на мртва па сега теретаните не чинат......
Кила е најмалиот проблем кај дедлифт, особено ако барем кратко се имаш бавено со пауерлифтинг.
Уште ли ќе се препирате што е подобро?
Секој со личен вкус, и лична определба кон одреден спорт, и да еве да го ставиме calisthenic движењето како спорт, не би бил категоризиран дали станува збор за гимнастика или сосема друг вид на спорт.
Вие сте биле полоши од овие што користат хербалајф и се вегани, зарем толку ви е интересно да се правите паметни по форуми?
Теретаната нуди повеќе опции, за разлика од вежбите со сопствена тежина... Во теретана одат атлетичари, кошаркари, фудбалери, тенисери, ракометари, боксери, џудисти и така натаму, таму тие тренираат за подобри перфоманси во своите спортови, додека на шипка вежбаат стриптизерки...
Теретаната никој не ја негира дека е супериорна за градење на мускулна маса, поентата и на претходните постови беше дека и на шипки може да се изгради солидно тело, особено тело за на плажа што на преку 90% од вежбачите им е и таргет, целата филозофија е што за тоа ќе треба подолг период.
Дополнително и со теретаната ако не знаеш што правиш нема да имаш добро тело, поголем дел и од тие што одат во теретана се градба-дивоградба, особено ликови мрсни со стомак како гајда и форма максимум за да дремат на врата во дискотека.
Е и едното и другото си имаат предности и недостатоци, кај теретаната предност е што може да вежбаш преку цела година (освен во некоја ваква криза), а кај калистеникс само кога надвор не врне или не е апла ладно (последниве години со климатските промени едвај 30тина денови во цела година дали не даваат услов за ова), друга предност што и човек кој не може да си ја дига својата тежина ќе може да подвежбува по справите и што имаш поголема палета на справи кои даваат можност да го погодиш мускулот од различна страна, интензитет, отпор.
Од друга страна кардиото во теретана е ок само на зима, а остатокот од годината во голема мера нема смисла да вртиш таму со оглед на тоа што надвор веќе воздухот е чист и природата е далеку подобра за пешачење, возење точак или трчање отколку да блееш во ѕид на точак или трака, па пак ќе треба да губиш два пати време и да одиш една да правиш кардио, еднаш да правиш тежински тренинг, а кај шипките се дигаш серија - удираш 2 спринтови напред назад од по 100 метри, одмор серија и за саат време имаш комплетен тренинг.
Последна ставка финансискиот дел и времето што го трошиш за да стигнеш до теретаната. Јас и да ми се претураат пари не би платил повеќе од 30 евра месечно теретана и не би одел повеќе од 15 минути до теретана чисто од принцип. Првото е поради што си ги преценуваат местата за вежбање (сум видел во Германија теретана на 3 ката подобра од сите овие што ги имаме тука, која работи 24часови и кошта 50 евра месечно со нивни пешкири, купки, тушеви и сауна) и сметам дека идиотски е некој кај нас да те прави будала на очи и со пониски кирии и плати за вработени да има чланарина од >50 евра и работно време од 10 сабајле до 10 навечер (мене пример ми одговара или пред работа да отидам околу 7 часот или пак касно во 10-11 навечер откако ќе завршам со се друго), а далечината ми е проблем поради што сум кнап со други обврски во текот на денот и секогаш вежбам во најблиската теретана/шипки.
Според мене за рекреативци најдобро е комбинација на теретана или калистеникс + пливање и трчање, полесно се одржува низок процент на телесни масти и без да броите како луди калории цело време или да голтате клен и топачи, кондиционо спремни, далеку пофлексибилни и верувам со помалку повреди.