Коронавирус (COVID-19)

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.553
Поени од реакции
7.277
Без Амоксиклавка не се признава лекување

П.с. Јас мислам да има и посебна графа каде што ќе ги поделиме ои возраст заболените, секој со годините и лајв мапа секој од нив каде е во моментот - дневна, купатило, тераса. Кога веќе сме темелни :icon_lol:
Сите детаљи се битни поготово во една ваква панична состојба. Што потреба да се пумпа дека некој бил излечен кога не примал никаква терапија, ниту пак видел болнички ходник? А такви се 90% од случаевите со корона.

И возраста игра огромна улога, ако 95% се 80+ а останатите над 65 и неколку случаеви млади под 40, зошто тогаш сите да бидат уплашени кога реално нема закана за сите туку само за старите.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Сите детаљи се битни поготово во една ваква панична состојба. Што потреба да се пумпа дека некој бил излечен кога не примал никаква терапија, ниту пак видел болнички ходник? А такви се 90% од случаевите со корона.

И возраста игра огромна улога, ако 95% се 80+ а останатите над 65 и неколку случаеви млади под 40, зошто тогаш сите да бидат уплашени кога реално нема закана за сите туку само за старите.
Пошто старите се вишок во општеството, а кај нас немаме санти мраз да ги пуштиме во океан па мора со корона да ги заразиме и да им ги скратиме и тие 3-5-10-15 години што им останале.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489

Те знам одамна си на форумов, паметен дечко си, зошто упорно не можеш да сфатиш проста работа? :)

1. Првично закана е за старите ама младите шетаат насекаде (работа, социјални групи, обврски) и го пренесуваат вирусот.

2. Како што пишав и пред ден два - се преценува во Македонија здравјето на младите. Секој втор пуши по 2 кутии цигари, астма, алергии, дијабетес, загаден воздух, сето тоа е фактур минус кој влијае на состојбата. Не не споредувајте нас со Германија, Шведска не знам кој таму каде што 80 годишниците им трчаат маратони без проблем.

3. Не е фер некој да плаќа здравствено 50 години и туку така да го шкртнеме од мапата на постоење. Каква порака ќе прати сето тоа за овие сега што имаат по 30-40 години? Дека за 10 години ќе се небитна ставка во една статистика?

4. На Инфективна лежат и тинејџери, лежат и деца, лежат и старци. НЕ Е ТОЧНО дека на помладите не им треба лекарска помош. Асимптоматските случаи тргнете ги настрана. Предноста е што им е помлад организамот па полесно се изборува меѓутоа и на нив 10-14 дена им е потребен најмалку мониторинг од инфектолог/интензивист на 2-3 часа. Е сега она што му е потешко на народов да го сфати е дека цаката е што ако се преполнат болнициве со тие старите што ви се небитни, ќе снема капацитети и за овие помладите па ќе видите како одеднаш интервалот 20-40 ќе почне да се полни со крстчиња и месечинки.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.248
Поени од реакции
78.879
Италијанците веќе планираат промени во животот, после епидемијава, во контекст на високата смртност од вирусов, во региони со високо воздушно загадување.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.174
Поени од реакции
17.972
Те знам одамна си на форумов, паметен дечко си, зошто упорно не можеш да сфатиш проста работа? :)

1. Првично закана е за старите ама младите шетаат насекаде (работа, социјални групи, обврски) и го пренесуваат вирусот.

2. Како што пишав и пред ден два - се преценува во Македонија здравјето на младите. Секој втор пуши по 2 кутии цигари, астма, алергии, дијабетес, загаден воздух, сето тоа е фактур минус кој влијае на состојбата. Не не споредувајте нас со Германија, Шведска не знам кој таму каде што 80 годишниците им трчаат маратони без проблем.

3. Не е фер некој да плаќа здравствено 50 години и туку така да го шкртнеме од мапата на постоење. Каква порака ќе прати сето тоа за овие сега што имаат по 30-40 години? Дека за 10 години ќе се небитна ставка во една статистика?

4. На Инфективна лежат и тинејџери, лежат и деца, лежат и старци. НЕ Е ТОЧНО дека на помладите не им треба лекарска помош. Асимптоматските случаи тргнете ги настрана. Предноста е што им е помлад организамот па полесно се изборува меѓутоа и на нив 10-14 дена им е потребен најмалку мониторинг од инфектолог/интензивист на 2-3 часа. Е сега она што му е потешко на народов да го сфати е дека цаката е што ако се преполнат болнициве со тие старите што ви се небитни, ќе снема капацитети и за овие помладите па ќе видите како одеднаш интервалот 20-40 ќе почне да се полни со крстчиња и месечинки.
5. Последиците кај тие што ќе бидат излекувани можат да бидат големи. Секоја пневмонија остава последици, но оваа изгледа бајги. Вирусов го ослабува и срцето, тоа значи 30+ возрасни кои ќе го прележат вирусот, ќе почни да му подпрескокнува срцето одвреме навреме. И плус веќе е докажано дека вирусов предизвикува низа на оштетувања на други органи вклучително и мозокот.

Не знам зошто сите си мислат дека ако ги фати, не е проблем оти не се умира, ама сите ги забораваат последиците.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.553
Поени од реакции
7.277
Пошто старите се вишок во општеството, а кај нас немаме санти мраз да ги пуштиме во океан па мора со корона да ги заразиме и да им ги скратиме и тие 3-5-10-15 години што им останале.
Никој не заговара да ги пуштаме во океан, ама намерно да не се спомнува дека 95% од жртвите низ светот во моментов се 80+ луѓе кога реално животно очекување е постигнато во просечна смисла, тогаш зошто упорно се изостава овој факт? На крајот на краиштата, од однесувањето на поголем дел баш на луѓе што се дел од ризична група апсолутно не им е гајле дали ќе фатат корона или не на 80 години. И сега 15 годишни копуци ќе ги држиме дома а пензионериве ќе шетаат по маркети да бараат за 2 денари поефтино.
Автоматски споено мислење:

Мисли си дека дента за бајрам нема да има полициски
Ќе има. Ама ќе важи само за мнозинството
 
Член од
18 јули 2012
Мислења
1.042
Поени од реакции
652
Албанците искористија сега за Рамазан Бајрам олабавен полициски час, додека пак за Велигден за нас македонците немаше ова.
Dosadno vise so ovije provokaci ni ne sakam da vlezam vo debata ama barem malku nesto ke ti kazam
Sto iskoristivme za ramazan koga iftar e vo 19 i 30 , nie 30 dena imam taravia vo camija posle iftar , camijite se zatvoreni , ni bajram ne mozeme da klanjame , nemas ni idea sto samo da provociras .
I edno ne mi e jasno dali ima nekoj admin vo stranava , dali ne e dosta vo sekoj moment da se frlat za ramazan i za muslimanite ..
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
5. Последиците кај тие што ќе бидат излекувани можат да бидат големи. Секоја пневмонија остава последици, но оваа изгледа бајги. Вирусов го ослабува и срцето, тоа значи 30+ возрасни кои ќе го прележат вирусот, ќе почни да му подпрескокнува срцето одвреме навреме. И плус веќе е докажано дека вирусов предизвикува низа на оштетувања на други органи вклучително и мозокот.

Не знам зошто сите си мислат дека ако ги фати, не е проблем оти не се умира, ама сите ги забораваат последиците.
Не дека не си во право ама треба да поминат неколку месеци за да се соберат доволно испитаници и да се извршат тестирања, дури тогаш ќе имаме појасна слика дали и колку вирусов остава штета.
 
A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.553
Поени од реакции
7.277
Те знам одамна си на форумов, паметен дечко си, зошто упорно не можеш да сфатиш проста работа? :)

1. Првично закана е за старите ама младите шетаат насекаде (работа, социјални групи, обврски) и го пренесуваат вирусот.

2. Како што пишав и пред ден два - се преценува во Македонија здравјето на младите. Секој втор пуши по 2 кутии цигари, астма, алергии, дијабетес, загаден воздух, сето тоа е фактур минус кој влијае на состојбата. Не не споредувајте нас со Германија, Шведска не знам кој таму каде што 80 годишниците им трчаат маратони без проблем.

3. Не е фер некој да плаќа здравствено 50 години и туку така да го шкртнеме од мапата на постоење. Каква порака ќе прати сето тоа за овие сега што имаат по 30-40 години? Дека за 10 години ќе се небитна ставка во една статистика?

4. На Инфективна лежат и тинејџери, лежат и деца, лежат и старци. НЕ Е ТОЧНО дека на помладите не им треба лекарска помош. Асимптоматските случаи тргнете ги настрана. Предноста е што им е помлад организамот па полесно се изборува меѓутоа и на нив 10-14 дена им е потребен најмалку мониторинг од инфектолог/интензивист на 2-3 часа. Е сега она што му е потешко на народов да го сфати е дека цаката е што ако се преполнат болнициве со тие старите што ви се небитни, ќе снема капацитети и за овие помладите па ќе видите како одеднаш интервалот 20-40 ќе почне да се полни со крстчиња и месечинки.
Не сум одамна, скоро дојдов. :)

Баш би ме интересирало доколку има (ама изгледа нема, од она што побарав на гугл) смртност и хоспитализации во старосни групи досега во Македонија, чисто да споредиме со она што се случува во другиве земји. Инаку ти верувам дка кај нас се или ќе бидат полоши од Шведска/Швајцарија

Сметам дека мерките не само во Македонија туку и во повеќето земји индиректно прават поголема штета отколку корист. Ако навистина сакавме да ги заштитиме ризичните групи ќе ги изолиравме само нив а останатите ќе продолжеа со нормален живот. Веќе неколку земји полека се префрлаат на овој модел.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Веќе неколку земји полека се префрлаат на овој модел.
Да беше и така како што зборуваш, кои земји би имале ефект од такво нешто? Земјите каде што децата кога ќе наполнат 18 си одат од дома, заклучно од Словенија нагоре, така? :)

Тука кој поради финансиската состојба, кој поради тоа што сака мама и тато уште да го пеглаат итн., приморани се да живеат со нивните во иста куќа/стан. Џабе е баба/дедо и мама/тато да не излагаат никаде кога ќе им дојдеш ти на едно кафе во дневна.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Симптоматично. Околу 140 брисеви "изгубени"

и пациент од Кичево "по грешка" заведен како заболен со овој вирус

во контекст на овие случајности, владата/министерствата досега не излегоа со податоци по месеци и по години за смртност според заболувања во однос на првиот квартал по месеци 2020та.
 
Последно уредено:
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
5. Последиците кај тие што ќе бидат излекувани можат да бидат големи. Секоја пневмонија остава последици, но оваа изгледа бајги. Вирусов го ослабува и срцето, тоа значи 30+ возрасни кои ќе го прележат вирусот, ќе почни да му подпрескокнува срцето одвреме навреме. И плус веќе е докажано дека вирусов предизвикува низа на оштетувања на други органи вклучително и мозокот.

Не знам зошто сите си мислат дека ако ги фати, не е проблем оти не се умира, ама сите ги забораваат последиците.
Посебно на мозокот, се јавува депресија, агресивност, анксиозност... психијатриите ке се наполнат шта да ти причам.
Дај бе не тропајте веќе со непроверени информации, предизвикувал оштетување на срце и мозок, једино психички проблеми можат само мерките да предизвикаат.
Автоматски споено мислење:

Те знам одамна си на форумов, паметен дечко си, зошто упорно не можеш да сфатиш проста работа? :)

1. Првично закана е за старите ама младите шетаат насекаде (работа, социјални групи, обврски) и го пренесуваат вирусот.

2. Како што пишав и пред ден два - се преценува во Македонија здравјето на младите. Секој втор пуши по 2 кутии цигари, астма, алергии, дијабетес, загаден воздух, сето тоа е фактур минус кој влијае на состојбата. Не не споредувајте нас со Германија, Шведска не знам кој таму каде што 80 годишниците им трчаат маратони без проблем.

3. Не е фер некој да плаќа здравствено 50 години и туку така да го шкртнеме од мапата на постоење. Каква порака ќе прати сето тоа за овие сега што имаат по 30-40 години? Дека за 10 години ќе се небитна ставка во една статистика?

4. На Инфективна лежат и тинејџери, лежат и деца, лежат и старци. НЕ Е ТОЧНО дека на помладите не им треба лекарска помош. Асимптоматските случаи тргнете ги настрана. Предноста е што им е помлад организамот па полесно се изборува меѓутоа и на нив 10-14 дена им е потребен најмалку мониторинг од инфектолог/интензивист на 2-3 часа. Е сега она што му е потешко на народов да го сфати е дека цаката е што ако се преполнат болнициве со тие старите што ви се небитни, ќе снема капацитети и за овие помладите па ќе видите како одеднаш интервалот 20-40 ќе почне да се полни со крстчиња и месечинки.
2. Делумно неточно, има кај нас точно момаци кои мислат дека си кул ако пушиш и пиеш секој вечер, но има и оние кои што спортот од мали нозе им е хоби, исто и во Шведска и Швајцарија таму да знаеш само со какви се не дроги од халуциногени до хероини се експериментира, кај нас барем околу дрогата сме далеку зад шведите.

3. Потполно се согласувам.
4. Имавме епидемији од свински грип и птичји грип, кој што од докторите кажуваат дека е далеку посмртносен и по опасен, ниту имавме вакви дебилни мерки, ниту пак се наполнија гробиштата со крсчиња и месечинки на млади лица.
 
Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
884
Поени од реакции
1.407
Отидете до пластичарска и разговарајте со некој шипац да ви каже зошто не носи маска.

Ја имав таа уникатна можност пред 2 дена да сум таму. Му викам како се справувате со вирусов глеам лабаво ви е. Вика јој бе каква корона тоа не постои бе, тоа бе мафија ротшилд и тој бил гејтс мафија бе сака страв да ни вметне да испоумрат сите.

Пази сеа, ем не веруе у вирусов ем сите да испоумреле. И дува цигари :icon_lol: :icon_lol:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom