Бугарско државјанство (процедура и потребна документација) - СТАРА ТЕМА

Долу во линкот ги имате сите информации поврзани со времетраењето и промените на вашите статуси.

  • https://bugarskipasos.blogspot.com/p/statusi.html

    Гласови: 4 50,0%
  • Благодарност до сите кои учествувале во креацијата на блогов.

    Гласови: 4 50,0%
  • Инфо: Го копирате горенаведениот линк и го отварате со вашиот интернет пребарувач.

    Гласови: 0 0,0%
  • За процедура за подигнување преку амбасада подолу линк ,или вратете се на страна 4553.

    Гласови: 0 0,0%
  • forum.kajgana.com/threads/Бугарско-државјанство-процедура-и-потребна-документација.74574/page-4553

    Гласови: 0 0,0%

  • Вкупно гласачи
    8
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

palekrstic

Модератор
Член од
14 ноември 2016
Мислења
2.041
Поени од реакции
5.540
По мене тие што беа потпишани се објавија сите,и седодека не почне советот на експерти и во Правосудие и кај Вицепрезидентот да заседава, нема да има нови укази.И рачунајте откако ќе почне да заседава советот, односно да потпишува,ќе треба уште три недели додека да се објават.Така да јас не сум оптимиста дека после 1 ви Мај ќе има укази,вонредната состојба во Бугарија е до 13 Мај ако не се лажам.Останува да видиме.
Дајбоже да грешам......
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
432
Поени од реакции
1.201
По мене тие што беа потпишани се објавија сите,и седодека не почне советот на експерти и во Правосудие и кај Вицепрезидентот да заседава, нема да има нови укази.И рачунајте откако ќе почне да заседава советот, односно да потпишува,ќе треба уште три недели додека да се објават.Така да јас не сум оптимиста дека после 1 ви Мај ќе има укази,вонредната состојба во Бугарија е до 13 Мај ако не се лажам.Останува да видиме.
Дајбоже да грешам......
100% се согласувам! За сега останува да стискаме палци да не ја продолжат. Вчера универзитетите во Софија, сите главни испити во Мај што беа закажани како што се : бранење диплома и медицински специјализанти ги одложија за 2 месеци. Ќе им се одржат во Јули... од прва рака е оваа инфо... така да нашите пасоши ќе почекаат...
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Од секогаш,
Финален експертен преглед -самиот збор кажува дека на овој статус советот од експерти се состанува и се разгледуваат сите околности и документи за конкретниот предмет и се донесува одлука дали ќе се уважи молбата и ќе се стави на Положително, или ќе се одбива молбата ако не е доставено комплет документи, ако неможе да се докаже бугарско потекло,или ако има прекршоци ,забрани ,пресуди и сл.
Океј е држи место ова шо го кажуваш. Но,

Јас одам со посредничка од Софија, односно работи адвокат. Ја прашав дали има потреба да носам дополнителни документи, таа ми кажа нема потреба.

Инаку имам интервју 11.03.2019, и сеуште сум на задолжителна.

Другарка имаше интервју 12.11.2018, неа и се смени статусот во финална.
 
Член од
16 јули 2019
Мислења
31
Поени од реакции
63
По мене тие што беа потпишани се објавија сите,и седодека не почне советот на експерти и во Правосудие и кај Вицепрезидентот да заседава, нема да има нови укази.И рачунајте откако ќе почне да заседава советот, односно да потпишува,ќе треба уште три недели додека да се објават.Така да јас не сум оптимиста дека после 1 ви Мај ќе има укази,вонредната состојба во Бугарија е до 13 Мај ако не се лажам.Останува да видиме.
Дајбоже да грешам......
Šta se dešava sa ukazima 29-35? Malo je ljudi objavilo da je dobilo potpis. Daj Bože da nisi u pravu za ovo (do sada ti je svaka bila zlatna). Na tvome spisku ima malo ljudi koji čekaju od aprila, možda je to prividan zastoj. A možda ja nisam realan već subjektivan krajnje i pišem ono što bi meni odgovaralo... Videćemo.
P.S. Pale i dalje si naša heroina i zaista mislim to. Hvala ti što postojiš.
 
Член од
1 декември 2019
Мислења
86
Поени од реакции
90
Aко ти кажала посредничката така,најдобро е да си однесеш изводи поврзани со предок кој е роден до 1920година,и потврда од БК за после не дај боже ако те одбијат да ти е криво.Ти дај се што треба а после,остануваме во нивни раце што ке одлучат тоа е,не зависи од нас . Имаш време штом си на задолжителна уште.
 
Член од
28 октомври 2019
Мислења
1.633
Поени од реакции
3.648
Zdravoo
Na kojaa strana se zakazuva podiganje ukaz
↓ ↓
На страната каде што пишува дека е одобрено државјанството,има едно сиво поле Записване,и таму има термини да закажеш,да прикачиш фотографија од пасош не поголема од 2 МБ и да внесеш мејл,па ќе добиеш повратен одговор на мејл.Потоа мејлот го принташ и со тоа ливче одиш во правосудие да си го подигнеш указот.

Од веб страната од МП запишија ж-сметката и цел на дознака вносна бележка за внесена државна такса за получаване на удостоверение т.е. заподигање на Указ. Земи и две слики пасошки формат.
жиро с-ка БНБ ЦУ, BIC: BNBG BGSD, IBAN: BG09 BNBG 9661 3000 1737 01
Во Софија одиш во банка да платиш за Указ, 50 лева + 10 лева манипулативни трошоци, попатно направи копија од пасошот заедно со влез за секој случај. Во Министерството за Правосудие ќе влезеш дај им ја уплатницата, двете слики од кои едната потпишана со цело име и презиме и пополни едно ливче за адреса - Столична обштина, ул. Леге бр. 6. Ќе те внесе во систем госпоѓата и ќе ти го испринта Указот.

Извод нов ,преведен и легализиран-ако го преведуваш во МК тогаш ќе треба во амбасада да го легализираш.А ако го преведуваш во Софија ,агенциите за превод го носат на нотар за заверка.Ќе си побараш на интернет некои агенции за превод и ќе им го испратиш изводот по скен ,за да биде спремен кога ќе одиш таму само оригиналот ќе им го покажеш.За во МВР оригинал,за во општина копија.

Направи копии од Указот и оди во општина, тука е во близина на МП. Се качуваш на прв спрат, десно има неколку шалтери, на истиот спрат се плаќа. Земи 3 формулари, Адресна карта за настојашт адрес, Зајавление за постојанен адрес и еден Картон исто така за пополнување. Настојашт адрес пополнав Р. Македонија и име презиме нешто, Постојанен е за адресата во Бугарија т.е. Столична Обштина, ул. Леге бр. 6 итн. податоци за себе и на картонот пополни податоци што треба. На каса плати 30 лева и оди да направиш копии од формуларите.По редовна постапка ЕГН ќе ти излезе за 5 до 7 работни дена.Има некои средуваат за во еден ден но тоа се плаќа,можеш да пробаш ти да замолиш и да им платиш.....

Иначе за во полиција ќе ти треба писмото од општина со ЕГН (удостоверение за постојанен адрес), копија од пасош, извод од матична книга на родени - преведен и заверен на нотар (ова можеш да го направиш во меѓувреме), зајавление кое ќе ти го дадат таму и ќе го пополниш на лице место и плаќање на каса во полиција, зависи по која постапка ќе одиш,толку и ќе платиш.Може и со картица само треба да е на твое име.

Ова се трошоците -
Ова се трошоците за подигнување на указ и адреса -
-50 лева -За подигнување на указ
-30 лева-За адреса и ЕГН во општина
-30 лева -За превод и заверка на извод кој што ќе ти треба за во МВР за сликање
Вкупно 110 лева

Ова се трошоците за пасош и лична карта

-36 лева -Лична карта за 3 дена(за 30 дена е 18 лева а за 8 часа 90лева)
-80 лева -Пасош за 3 дена(за 30дена е 40 лева,а за 8 часа е 200лева)
Вкупно 116 лева за 3 дена ако го земеш пасошот(за 30 дена е 58 лева,а за 8 саати 290 лева)

Значи се комплет ако сакаш за 3 дена да ги земеш ќе платиш 226 лева -односно 113 евра.

Плус тука ти се и трошоците за пат.
 
Член од
1 декември 2019
Мислења
86
Поени од реакции
90
На финален преглед одат сите,ама на советот не минуваат сите,најмногу страв имав додека бев на финална,а и шест месеци се изначекав додека ми се смени во молбата ви е разгледана од советот ви претстои издаваме на указ,е сега ке почекаме па ке видиме за едно година дена.
 
Член од
26 мај 2017
Мислења
280
Поени од реакции
225
Aко ти кажала посредничката така,најдобро е да си однесеш изводи поврзани со предок кој е роден до 1920година,и потврда од БК за после не дај боже ако те одбијат да ти е криво.Ти дај се што треба а после,остануваме во нивни раце што ке одлучат тоа е,не зависи од нас . Имаш време штом си на задолжителна уште.
До 1920 или 1918?
Тоа никој не знае, некој добиле со 1920 година предок, а некои викаа дека мора 1918
 
Член од
1 декември 2019
Мислења
86
Поени од реакции
90
Може така ми кажа Лазар Младенов кога вадев јас потврда од клубот во Струмица
 
Член од
25 септември 2019
Мислења
68
Поени од реакции
43
Здравејте, можете ли да ни дадете имејл адрес, на којто можем да пишем на президентството и на минист'ра
 
Член од
2 април 2020
Мислења
36
Поени од реакции
35
Здраво друштво,
Јас сум нов на форумов, некои работи не ми се јасни па сакам да прашам за совети или ваше лично искуство. Јас цела процедура ја започнав 2016 со документи од вујко преку посредничка од Софија. Интервју имав 3 мај 2018. Сега сум на потпис од Вицепрезидента. За дополнителните документи слушнав 2 месеци одкако преминав на Финален Преглед, се јавив ја прашав посредничката ми рече дека не треба да носам. И еве веќе од ноември сум на потпис. Па сакам да знам какви ми се шансите или што да правам или направам да не дојде до најлошото и колку се чека.
Фала ви однапред
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom