Конфликтот во Сирија

Член од
16 декември 2009
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.159
Падишахот на Златниот Рог бил и врховен поглавар и чувар на Мека и Маедина,заштитник на сите муслимани во светот. Во исламското отоманско царство се приманувал шеријатот како устав во кој муслиманите биле граѓани од прв ред во однос на сите други.
Арапите во мнозина тоа царство го доживувале како наследник на нивните калифати и воопшто не гледале на тоа како што ние сме го живееле а сега доживуваме тоа царство.
Никакви сериозни препирки помеѓу нив од тој аспект немало и тоа траело се до крајот на 19 век со влегувањето во игра на Британија.
Самата внатреисламска поделба исто така нема некоја значајна улога се до појавата на Британија.
Со појавата на Британија почнуваат и "ветувањата за независност" и се разбира најзначајното големите поделби.Од ова ништо нема да се случело ако Падишахот бил доволно силен да ги отфрли тие влијанија.Основна причина зошто не можел да се одбрани била големата технолошка инфериорност во однос на Британија.
Така било низ целата историја така е и денес.Одреден дел од Арапската елита ја прифатило Британија , и тоа станало основен вектор на арапската политика во наредниот век.Сето после тоа, сите тие држави и граници кои настанале после тоа, се е тоа дело на британската политика преполчна со интриги поделби и братубиствени судири кражби грабења на територии..........
Поентата е во тоа да ме чуди како многу луѓе подлегнуваат на исламофобија и тоа кај нас е донекаде оправдано поради нашето искуство со исламскиот Калифат во кој сме живееле 500 години но неразбирливо е кога се прави анализа да му се дава такво значење кога тој воопшто не играл никаква улога во последниве 150 години. Првите обиди за корисење на Ислемот се појавуваат во С.Арабија после руската инвазија во Авганистан а особено после распадот на СССР и Југославија се тоа контроирано и организирано од САД и Британија а во функција на Балканот и Централноазиските републики.
Вахабизмот како појава се обидува да се одвои од првобитните цели за кои е создаден и почнува да преставува автентична сила со свои високи цели и опасна пропаганда.
Се останато во исламскиот свет сите нивни организации се без никаква вистинска кохезиона сила и не преставуваат никаква ама баш никаква опа.
сност за никого.
Во скоро целиот исламски свет е распослана Америка и тие се нејзини пиуни.Човек што отишол од Аман па се до ОАЕ знае дека е така и тие самите Арапи сакаат да се чувствуваат како дел од тој напреден свет секако со своја специфична исламска традиција која забрзано исчезнува.
Автоматски споено мислење:

Втората теза дека е Ердоган плод на некоја автентична турска или исламска политика е сосема неточна.Ердоган го донесоа Американците,и го подгреаа неоосманизмот и исламскиот фактор за да Турција ги привлече кон себе централноазиските републики.Затоа беа и тие вложувања во Турција и нејзиниот забрзан раст.Да им се покаже на Ценралноазиските републики каква е Турска и какви ќе бидат тие само да се отргнат од прегратките на Русија.
Арапската пролет и портокаловите револуции се дел од тоа сценарио во кое Ердоган имаше значајна улога.
Вртењето на курсот на Ердоган од Запад кон Исток е изнудено и непланирано од Америка и тој почнува да плови самостојно во кое има голема и одлучувачка подршка од Русија.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.245
Поени од реакции
78.870

Ти не збориш за внатреисламската поделба. Внатреисламската поделба е многу постара од британскиот колонијализам. Ти збориш за внатресунитска поделба.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.335
Содржината на веста нема врска со насловот.
Истиот е ставен намерно за да привлече внимание.
Во текстот се спомнуваат некакви ирански сили во Сирија или можеби сепак сириски сили, не се знае точно кој.
Многу поважно е дали навистина имало таков напад, затоа што се известува за многу поситни работи, а ваква вест да остане незабележана ми е сомнително.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Тоа е историската перспектива.

Денес покрај традиционалната сунити-шииите оска, во самиот сунитски блок имаш поделба на про и анти муслиманско братство. Во про делот се Турција, Катар, Хамас, ГНА во Либија. Во анти братство се сите останати земји од арапскиот полуостров, Египет, ЛНА на Хафтар во Либија.
Братството е пуританска исламистичка организација, каде што исламот е на прво место. Историскиот однос на Саудијците со братството е комплицирано, од максимално пријателско за време на основањето на братството и после тоа владеењето на крал Фајсал па се до максимално непријателство сега. На крајот на денот кралството е политичка организација и покрај тоа што делува дека се максимално посветени муслимани за нив религијата е само моќен инструмент, по потреба, но не и по секоја цена. На пример за време на иранската револуција, братството било за Хомеини бидејќи е муслиман додека за кралството подемот на Хоменини објективно бил сметан за опасност. За време на првите напади врз Садам од стариот Буш, Саудијците од прагматични причини им дале на амеркианците отворени раце за користење на територија на што братсвото по муслиманска линија остро се спортиставило. Реално е да имаш противник кој ќе јаде дел од колачот и со кој ќе се натпреваруваш, многу поголема опасност те демне од оној којшто сака да земе од твојот дел од колачот. За Саудијците најголем интерен непријател се токму припадниците на братството, 20 и кусур години гледаат да ги задушат максимално. Затоа што и тие и тие промовираат сунитски радикализам и сакаат контрола. Нешто слично како во Турција каде Ердоган цело време секој втор говор му е не против кемалистите како опонент туку против Ѓулен кој е реално и негова најголема внатрешна закана, затоа што само тој може да му парира во муслиманство и да го собори меѓу неговите.

За ова можам уште многу да зборам ама ќе одам многу оф топик. Зборот ми е да останеше Морси на власт, сега заедно со Ердоган ќе беа ортаци во Либија против Хафтар, погледни ги само релациите Турција-Египет додека беше Морси претседател. Ако во Саудиска Арабија дојде братството на власт хипотетички нели, Ердоган ќе слави како лично он да е на чело во Ријад. Само он и Катар останаа да ги бранат палестинците и Хамас, саудијците преќутно имаат дигнато раце од нив, а испод маса имаат и некакви договори со Израел затоа што во јавност мора да ги мразат евреите како "прави муслимани".

Влажниот сон на Ердоган беше доминација во исламскиот свет. А бидејќи не може да оди по линија на национализам оти се арапи одеше на карта сунитски ислам, Муслиманско Братство беше логичен избор.
Ама иако во главно сум реалист со блага жичка према песимизам, изгледа играњето на карта ние сме сите браќа муслимани е при крај.

Бин Салман е решен да ја модернизира КСА, ставил кина и концерти, им даде на жени да возат и сами да можат да вадат пасоши и да се движат односно го укина male guardianship-от, ја укина скроз религиозната полиција која тепаше со камшици ако ти се гледа нокт на нога и слично и се ова драстично се дешава во последниве 3-4 години. Плус од октомври воведе туристичка виза, до сега туристичките посети беа строго дозволувани и сака да имплементира Визија 2030 каде што ќе инвестира во туризам и обновливи извори на сметка на зависност на нафта. Ова го прави од практична причина, 70% од популацијата е испод 30 години и сега со протокот на информации преку интернет скурца им е од оџи, молења, читање Куран по 20 саати на ден и останати шиптaросувања. Али се тоа на сметка на негодивање од традиционалните вахабисти кои преку овие потези кои ги гледаат како ширење на богохулие од страна на монархот им се нуди шанса за дејствување како и затегнување на односи со ал Шеик фамилијата, потомците на Мухамед ал Вахаб од каде што и потекнува вахабизмот како движење кои пред неколку веков склучил пакт со предокот на сегашниот монарх заедно да владеат во арабскиот полуостров со тоа што едниов ќе господари со световната власт како крал, а другиов со религиските прашања како апсолутистички поглавар на целокупното муслиманско население. Е сега тој брак од интерес што траел толку години е скоро па во финална фаза развој, бин Салман сака да прави копи-пејст на Дубаи со кокаини, курви, и шампњско во светата земја. И тука е таа идеолошка карта Турција-Саудиска Арабија и Муслиманско братство како третата страна од триаголникот.

Да ми кажаше пред 10 години дека ќе навивам за блок предводен од Саудиска Арабија против блок предводен од Турција.

А тек па да биде иронијата најголема османлиите тогаш биле полабави муслимани од арапиве на полуостровов и дури го заклале предокот на сегашниов крал бин Салман дур му свиреле музика за инат, пошто овој бил радикален муслиман и сметал дека музиката е харам и голем грев.

Prior to his execution, bin Saud, a Wahhabi who forbade to listen music, was forced to listen to the lute.[3]

Прочитај ја статијата кратка е

Во главно сакав да кажам причините се повеќе политички и базирани на идеолошка прагма корелација и односи меѓу државите на блискиот исток, а не толку историски.

А требаше 5 реченици да пишам.
И шо е најбитно додека пан-муслиманиве се толчат мегусебно ,Израел :kafence:.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.812
Поени од реакции
1.082
Моменталната политичка ситуација во Блискиот Исток.
20200303_225627.png unnamed.png
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.572
Поени од реакции
26.094

Интересно видео, кое говори за боливудска аматерска режија на Турската пропаганда...
Возилото што се гледа на почетокот на снимката има траги кои водат полукружно од горе лево кон средината на снимката каде што се наоѓа возилото. После тоа наеднаш настанува експлозија и во моментот кога се чисти снимката после експлозијата се гледаат некакви траги на возило, не толку интензивни кои доаѓаат од лево...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.335
Битка за Серакиб Anna News

Во која насока ќе оди сето оваа, утрешната средба по се изгледа нема да има никаков значај, позиционирањето е скоро па завршено.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Автоматски споено мислење:

Овде се ми се чини дека еден ќе изгуби образ, или Ердоган или Путин.
Двајцата ќе изгубат образ.
 
Последно уредено:
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.677
Поени од реакции
4.335
Автоматски споено мислење:

Двајцата ќе изгубат образ.
гледам ги следиш вестите на а1он.мк нема да биде лошо да им спомнеш дека

Русија во главно убиваше и сеуште убива, лекари, пекари, апотекари и се некои добри дечки (ги има многу од нашиве западни, северни соседи па и домашни џихади-пекари кои таму отидоа да отворат пекари и стоматолошки ординации, кога ќе се вратат и овде ќе печат леб и вадат заби), таква е Русија шо да и правиш, а демокративе убиваат само режимлии и антидемократи, нивните бомби имаат детектори за да распознаат демократ од недемократ, милина една се избраниве!
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.245
Поени од реакции
78.870
Грција и Европската Унија ја обвинуваат Турција дека намерно ги поттикнува мигрантите да ја преминуваат границата за да изврши притисок врз Брисел да понуди повеќе пари и да ги поддржи геополитичките цели на Анкара во сирискиот конфликт.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom