Дигитално процесирање на слика
Вовед во екоинформатиката
Концепти на информатичко општество
Интернет технологии
Е-влада
Кориснички интерфејси
Мислење?
Е-влада ти е еден од најлесните предмети на факултетот. Се полага на courses теорија (претежно исти прашања се вртат) и има проект (презентација) кој се презентираше мислам во група и со тоа се добиваат поени за лабораториски вежби. Така беше пред 2 години барем кога го имав јас.Професорка е Смилка, исто како Бизнис и Маркетинг ако го имаш слушано. Ако ти е за лесен предмет, земај го не му ја мисли.
Кориснички интерфејси го држи Сузана Лошковска, се правеа домашни секоја недела кои влегуваат во теорискиот дел и тестови за самопроверка (незадолжителни мислам беа) и ако сакаш полагаш теорија плус со објаснување нешто беше на интерфејси во тетратка. Практичниот дел се учеше Bootstrap, и тоа е најкорисниот дел во предметот, лабораториски од дома, а за да добиеш поени од истите имаше тест во една од сесиите (имаш право само еднаш на тестот за лаб вежби) во кој се паѓа една од лабораториските и со тоа добиваш поени, така беше пред минатата година. Асистент е Иван Китановски. Мене ми беше интересен предмет и практичниот дел доста корисен.