Факултет за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство - ФИНКИ

Член од
24 октомври 2019
Мислења
104
Поени од реакции
34
@Стев доста тресеше зелени.

И јас првата година имав тешкотии со структурно се додека не земав сам да ги решавам задачите. Побарај од колеги да ти пратат, имаше збирка од по 35-40 задачи само за матрици, 30 за рекурзија, 30 датотеки... Прво, пробувај сам, ако веќе воопшто не се снаоѓаш, ѕирни од решението. Задача по задача, ја јакниш логиката :)

Приватни часови не ти препорачувам. Логиката се стекнува со самостојно решавање. Ако ги следиш моиве совети, ти гарантирам дека до јуни/август ќе го положиш предметот.

П.с. Датотеките ти се најлесни, после нив матриците. Една да решиш скроз точна, а другава да имаш солидна логика, ќе положиш.
Ми се допаѓа начинот на кој размислуваш.
Најпрво да се извинам ако некој навредив што спомнав приватни часови но мене од време нс време кога нешто неможев да научам сама и минтребаше помош одев на часови (кои сама ги финансирав).
Но секако ништо без да земеш сам да решаваш и да ги мозгаш задачиве -нема напредок.
И секако дека може да го бива за факсов секој, секој кој што сака да се труди , учи и е упорен. 20% знаење 80% труд и желба. И многууу живци..
 
shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Нема врска дали имаш предзнаење или не. Ако се потрудиш ќе научиш.
Во средно пола клас немавме книги матерматика, поради тоа што не ги вратиле книгите претходните генерации, на час игравме вртелешка и професорката се водеше по тоа: кој знае - 5ка, кој не знае - 3ка. Па не ми претставуваше пречка некоја (сепак зборам за ПЕТ смерот и за математиките), колку што ми претставуваше недостатокот од материјали и дур да се привикнам како функционира факултетов. Ама со тек на време ќе се научиш да гуглаш, да гледаш јутјуб видеа и ќе го совладаш материјалот.

Конкретно за структурно, тек во последна сесија во втора година го положив. Научна фантастика ми изгледаше пред тоа, апла ништо не знаев. Имав и информатика во средно, па што дека? Да не научив нешто случајно... Па нема врска, за месец - два асално решавање, дур да слегне материјалот и речиси сите поени ги извадив. Не е фалење, туку чисто пример дека и поима да си немаш од животот, да имаш 1 во сведителство екстерно математика (пошто си заокружил све под б), можеш да положиш ако си упорен и се трудиш. Не секогаш сум успевала да се снајдам со туѓ код. Ме бунел дополнително. Голема е веројатноста задачата веќе да ја има некаде на интернет и да е решена на друг начин. Сум знаела да ја искомплицирам до максимум, ама бар ќе ја решам на мој начин и како мене ми е сфатливо. Така ќе знам кој ред што ми значи. За другите предмети може нема да функционира тој мој начин, ама за структурно да. Така што ако некое решение ти нема логика, барај друго. Гуглај го секое можно барање од задачата, па склопувај ја цела задача. Гуглање, гуглање и само гуглање. Предметите со програмирање не се учат од презентации... посебно не од презентациите од ФИНКИ.

Прво би почнала со синтаксата, основите - кое зборче што значи и каква функција врши. Потоа циклусите. Разбирање на задачите со модули што често се среќаваат, како оние - парен, непарен број, најди ја последната цифра, првата цифра од бројот, преврти го наопаку (од типот на: што враќа (a/1000)%100). За тоа бар не ти треба математика, логика ти треба. Ќе решиш една, две, три и јасни ќе ти бидат. Исклучоците, кога решението ќе заглави негде или заврши. Хексадецималните цифри се битни како да ги конвертираш. Па низите, како се манипулира со нив, внесување во низа, барање минимум - максимум, барање на соседен елемент, скокање елементи за да стигнеш до друг елемент. Сортирање во низа. Е после тоа функции. Реши ја прво со обична функција, па после тоа истата задача со рекурзија. Кога ќе ги совладаш низите, одиш на матрици. Пак минимум - максимум, шетање низ матрицата, разбирање кои и се соседни елементи (манипулација со i и ј), сортирање на матрица. Дијагоналите и хоризонталите се многу битни да се разберат, елементите под/над дијагоналата итн. После тоа датотеките, тука веќе побитни се стринговите, пак имаш нова синтакса/нивни функции, како да читаш од датотека, да внесуваш во нејзе. Па покажувачи.

Паралелно со поминување на истиот редослед, откако пример сметаш дека си ги совладал низите, решаваш лабораториски вежби со низи. Порано мислев дека за структурно ти треба некоја којзнае каква математичка основа. Благе везе нема. Логика само. Зимаш лист, си ја црташ матрицата, кој елемент каде треба го преместиш и толку.
Не очекувајте дека нешто ќе научите од презентации или предавања. Дур сам не седнеш да гуглаш, џабе е. Баш поради тоа се губи мотивацијата и желбата, што не знаеш до кај си. Како јас во моментов што симнав курс од интернет, за да положам курс од ФИНКИ затоа што немаме материјали никакви и што сум демотивирана комплетно со скратени живци, како и за друг предмет. Ама тоа е...
 
Член од
24 октомври 2019
Мислења
104
Поени од реакции
34
Ло

Кога знаеш нас вака да не мотивираш, YOU GOT THIS!
 
Член од
27 август 2016
Мислења
105
Поени од реакции
29
Некој предлог за предмети сега за летен, онака за кредити , ми фалат уште 3 предмети за дипломска? Или пак не мора да се лесни, ама да нема проект.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Некој предлог за предмети сега за летен, онака за кредити , ми фалат уште 3 предмети за дипломска? Или пак не мора да се лесни, ама да нема проект.
Безжични мултимедиски системи.
 
Член од
21 октомври 2019
Мислења
7
Поени од реакции
2
Здраво, дали ќе можи мислење за изборните предмети во четврт семестар . Што е подобро да се земи без да се заглави многу, вклучувајќи ги и задолжителните предмети оперативни системи и софтверско инжинерство.
1580600902796.png
 
Член од
2 февруари 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Дали ќе може подетални информации околу предметите Софтверско инженерство и Оперативни системи ?
Нешто околу тежина на предмет, начин на полагање..
 
Член од
2 февруари 2020
Мислења
45
Поени од реакции
17
Здраво, сакам да прашам нешто. Дали вториот семестар на ПИТ, е далеку потежок од првиот? Со оглед на тоа дека би ми останал само ДМ за следна сесија?
 
Член од
17 септември 2012
Мислења
896
Поени од реакции
515
Дали ќе може подетални информации околу предметите Софтверско инженерство и Оперативни системи ?
Нешто околу тежина на предмет, начин на полагање..
Софтверско зависи кај кој ќе се паднеш, пошто различно идат Здравкова и Маџаров/Ѓорѓевиќ. Ја бев кај Здравкова и поминав ептен лесно, се полага два колоквиуми еден од друг независно, можеш да преполагаш само еден. Исто така има 4 задолжителни домашни што носат доста поени, ама се работат у тим и не одземаат нешто премногу време, значи за полагање кај неа е полесно. Од друга страна, мислам дека е покорисно да се слуша предметов кај другиве професори, пошто Маџаров и git предава, а кај Здравкова е некако повеќе теориски што мене не ми се допадна толку.
Оперативни од друга страна, доста интересен предмет ми беше. Теоријата е на курсес и според мене лесно се положува. Имаш и добра книга, ако сакаш плус од презентации. Практичното е потешкиот дел од предметот, посебно прв колоквиум. Се учи јава ио, синхронизација. Треба тука вежбање малку повеќе, посебно за синхронизацијата додека ја разработиш логиката. Втор колоквиум се учи сосема различно од прв, командна линија, куцање скрипти, интересно е, и мислам полесно е од прв колоквиум. Ристе генерално е океј за вежби, ја кај него идев и ми се свиѓаше начинот на кој објаснува. За предавања, секако тука е Мишковски, ако не ти смета брзината како предава, топ професор. Тоа ќе е вака погенерално, доколку те интересира нешто поконкретно прашај.
 
Член од
6 октомври 2019
Мислења
38
Поени од реакции
62
Дали на теоријата по АПС на испит има 5 прашања или повеќе? Во групата на фб најдов база, дали се паѓаат прашања од неа?
 
Член од
1 април 2017
Мислења
282
Поени од реакции
43
За иновации во икт ми фалат 3 поена за 6ка, некој да ме посочи што маил да му пуштам на Гушев да се смилува и да пушти 6ка?
 
Последно уредено:
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
За иновации во икт ми фалат 3 поена за 6ка, некој да ме посочи што маил да му пуштам на Гушев да се смилува и да пушти 6ка?
Мислам дека е подобро да му одиш на консултации.
 
Член од
25 август 2019
Мислења
263
Поени од реакции
471
Има дури во Четврток, плус не доаѓа, затоа мислев дека преку маил е најдобра варијанта.
Прашај го на меил дали ќе се одржат консултациите во врска со испитот по предметот ...(тој и тој) . И ќе видиш што ќе ти одговори. Ако не ги одржи, пиши му да ти даде некое проектче да направиш за да ги дополниш тие 3 бода.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom