НБА сезона 2019/2020

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
16 јануари 2013
Мислења
3.815
Поени од реакции
7.502
Фала ти за сите натпревари и знај дека доцна во ноќта кога ретко кој помислува да остани буден, а уште помалку да гледа кошарка, некој таму некаде уживал во твоите претстави.
Фала ти за партнерството со Шек, кое што правеше натпреварите да бидат уште поинтересни.
Фала ти за сите победи и титули со кои што и ние можевме да бидеме горди што навивавме за тебе и Лејкерс.

Остани пример и живеј вечно во наредните генерации кои никогаш нема да те заборават.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
Vo garaza mi bea so godini celi papki NBA karticki koj gi sobirav kako srednoskolec lol... Imam nekolku ruki kartcki od Kobi niz godinite gi sobirav lejkersi uglavno taka da jas ke kesiram denovive

Slava mu bese igraciste
 
ilz

Член од
15 октомври 2013
Мислења
4.348
Поени од реакции
3.987
Ne e ni bitna ni sezonata ni koj ke osvoi titula ni nisto poise. Moze Jordan da e najdobar na site vreminja, gospod, ama dobro znaeme site so koj igrac imame izrasnato i koj e GOATOT u nasi oci koga stanuva zbor za basket. Pogolema tragedija ne ni veruvam deka ke ima od ova za sportot. NEKA SE POGREBA PRED STAPLES, i arenata neka ja prekstat i logo i sve zivo neka smenat vo negova cest.
Ke vidis sto ke se slucuva vo Los Angeles vo idnina vo cest na KOBI BRAJANT. SITE KE GO JADAT NEMIEN OD LEBRON I KOMPANIJA.
Realno gledano ova ke bidi najbitnata sezona vo karierata na Lebron, i edna od najbitnite sezoni od postoenjeto na NBA za Lakers koj posekako dolgi godini nemaat igrano Playoffs.
Se zivo ke bidi vo idnina vo negova cest, sekoja utakmica na Lakers a na kraj i titulata ke bidi licno i personalno nameneta samo za KOBI BRAJANT.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.034
Поени од реакции
106.826
Трагично скроз, но мене целава фама ми има перверзност и доза на злоупотреба на трагичната смрт на една кошаркарска икона и легенда.

До вчера 90% од северџаните викаа “абе да, НБА ќе гледам у ниедно време у 3 саат сабајле”, “уште гледаш НБА бе? -хехе, немаш живот баце”.
90% до вчера мислеа дека се вика М-БА, а денес сите тие биле тотално инспирирани од Коби.

Друга ствар која што се многу злоупотребува у медиумиве - кому му е гајле што има Lil Pump' или некој таков серко да каже за Мамба бог да го прости?
Си бараат експонирање у јавност знаејќи дека веста будно се следи. Така е секаде, од северџанија до Калифорнија, само што овде не е суптилно.

Убеден сум дека креативните(?) директори на нетфликс уште денес седнале на conference meeting и кројат планови да прават документарка за него у 2020та. демек од преголем респект, а уствари си имаат комерцијални цели у позадина.

Корпорациите (па и екстремно популарните личности кои сами по себе се корпорации) и те како сакаат да не убедат дека има "хуманост" во нив преку вакви настани, и стварно е језиво што има суптилна интенција за искористување на оваков трагичен настан.

А може само и јас ја приметувам, не знам.

Сето тоа барем мене ми остава некој впечаток на перверзност и шизофреност околу настанов, која ја прави трагичната смрт уште поморбидна и језива.
Донев и компанија, ве молам оставете го постов, сепак таков е моментот јебига. Бај д веј не сакам да го нападнам Џејми, само да му објаснам што е поентата со Коби иако за некои работи е во право.

Види, знам дека доста луѓе низ интернетов, барем јас што ги познавам, постираа за Коби од помодарство и колку да се постира нешто, ама верувај ова што цел свет постира не е за џабе и дека има големо влијание врз сите. Коби брат ти е Life changer, рол модел за секое живо битие, шампиончина, људина, хуманитарец, татко, сопруг, буквално комплетен пакет за еден маж. Коби е уникат во светски рамки, еден во 7 и пол милијарди луѓе, еднаш и никогаш повеќе роден.

Коби е човек што може да натера чистач на јами да гледа поинаку на својата работа доколку погледне два клипа од Коби и доколку види што се правел човекот и каков мајндсет имал за да го постигне сето ова што го постигнал, сиот овој респект кој милијарди луѓе му го даваат.

После смртта на Аиртон Сена не постои поголема трагедија во светот на спортот од оваа, иако оваа за Коби ќе е далеку поголема и повеќе ќе се осети затоа што нели живееме во ера на интернет. Умирале и други спортисти, ете на прва што ми текнуваат Пуерта, Марк Вивиен Фое, Астори, Сала, све се тоа трагични настани и на светот му беше жал, ама ниту еден од нив ни приближно го немаше влијанието на Коби Брајант. Убаво пишала Фросе страна претходно, на страна што почина бивш кошаркар и еден од најдобрите, поентата е во неговото наследство што го остави, што би рекле Америте legacy, тоа е нешто кое ќе се раскажува со децении и векови на идните генерации, ќе се пишуваат книги, ќе се снимаат филмови, ќе се градат митови... Не памтам ниту еден спортист со таква работна етика како него, со таква посветеност, човек што со таква страст и жар пристапува кон работите па макар се работело за партија плејстејшн со другарите. Убаво вика Коби, сами си ја креираме судбината и никој не ни е крив за ништо, наместо да кукаме треба да го запотиме газот и да прекинеме со изговорите.

Можам уште 500 000 редови текст да напишам, пак нема доволно да доловам што се значи Коби за светската јавност, без разлика на тоа дали си кошаркар, тенисер, спортист или нешто сосема трето неповрзано со спорт. Затоа не се чуди што се крева ваква фама, ова е огромна трагедија и загуба за светот. Ќе те замолам и тебе, а и останатите да не ме цитирате, само сакав да дадам појаснување на одредени работи за тие што не се до толку упатени, секако во интерес на темата за да не и ебеме матер и да летаат банови за безвезе. Уште еднаш молба до модераторите да го остават овој пост.
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968

Прееска возам низ гужва у ова мртвиов пренатрупан град и слушам на радио (Лајв мислам дека беше) и еден идиот умараше 5 минути, имаше рент, како некој што не постирал ништо на социјални мрежи за Коби пред тоа, денес пишувал и искажувал чувства дека му било жал. Абе ми дојде да најдам каде е и со кола да му влетам у студио, да го прегазам. Луѓе зависни од социјални мрежи мамицата да ти ја ебам јас морону еден, ко да мора некој секој ден да објавува за Коби, за да мисли дека неговата загуба е рамна на апокалипса!??!!? Ко да морам секој ден да објавувам песни од Ејми Вајнхаус или од Тоше за пост нивна смрт да не можам да кажам дека ми е жал?!?! Многу се изнервирав, ми се слоши и не ми е јасно зошто мора така да размислуваат луѓе....
 
Член од
8 јули 2008
Мислења
4.419
Поени од реакции
7.757

пер, значи не викам дека не треба фама да се крева, не знам зашто ме сфати така. имав чувство дека лошо ќе бидам сфатен :D
Знам колку значи 8ката и 24ката и у кошарката и надвор од неа, не сум нуб. не сум обичен интернет трол, и мене ме погоди се тоа.

немам проблем против јавно тагување не ме сфаќај погрешно. имам проблем со малициозното и злонамерно експонирање и како тоа суптилно се злоупотребува како настан.
мене тоа ми смета и од тоа уште толку ми е језиво све што се случи.

Не можеш да ми кажеш дека и ти не го осеќаш лицемерието на многумина кои споделија.

Многу вакви настани има кои укажуваат на огромното лицемерие би рекол на екстремно популарните (оние што се лица-корпорации). и тоа е на многу суптилно ниво што тешко се приметува.

Како да ти кажам, уште по језиво ми е некој од ешалонот на Викторија факинг лоба така ефтино да ја користи смртта на таква икона за помодарство. Ми се гади.
Тоа е скроз недостоинствено и социопатско понашање - на тоа алудирав ја и тоа беше мојата поента. Да покажуваш емпатија, сочувство и разбирање ради помодарство и личен бенефит е за мене социопатство.

(можеби е лош примерот, ама ја сфаќаш поентата).

Кај нас тоа не е суптилно, на запад треба малце да копаш за да стигнеш до муабетот, бидејќи е многу поскриена малициозноста.

Има уште многу што да се каже на темата, ама ако продолжам у таа насока тотално ќе бидам изваден од контекст.
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.809
Поени од реакции
83.985
Прееска возам низ гужва у ова мртвиов пренатрупан град и слушам на радио (Лајв мислам дека беше) и еден идиот умараше 5 минути, имаше рент, како некој што не постирал ништо на социјални мрежи за Коби пред тоа, денес пишувал и искажувал чувства дека му било жал. Абе ми дојде да најдам каде е и со кола да му влетам у студио, да го прегазам. Луѓе зависни од социјални мрежи мамицата да ти ја ебам јас морону еден, ко да мора некој секој ден да објавува за Коби, за да мисли дека неговата загуба е рамна на апокалипса!??!!? Ко да морам секој ден да објавувам песни од Ејми Вајнхаус или од Тоше за пост нивна смрт да не можам да кажам дека ми е жал?!?! Многу се изнервирав, ми се слоши и не ми е јасно зошто мора така да размислуваат луѓе....
Ама за Коби цело време се постираше по социјални мрежи кога беше активен
Во времето на пицзо, хи5 и почетоците на фб имаше ептен луѓе со коби профилни
Кога беа финалињата со Бостон сите збореа за тоа
Кога Лејкерс не играа плејоф последниве години пак сите збореа за Коби
Кога се пензионираше сите збореа за Коби

Пред две години кога Освои оскар сите збореа за коби
Кога тренираше девојчиња пак имаше коментари за него

Ако човеков следи луѓе што се дудуци за спорт тоа не значи дека никој не збори за него..
Автоматски споено мислење:

A иначе да, стефан, мислам не го сфати добро членот, немаше ништо против тебе, имаше против тоа што луѓе сега ќе продаваат дресови и играчки од него за поголема цена за свој ќар, и за луѓе што ќе постираат на фејсбук "RIP Kobe, 20% popust na nashata mesara vo negova cest, dodjete i kupete" и останти луѓе кои на трагедија ќе прават ќар
 
Мене ми е кристално јасно ама и несподелување на социјални мрежи не значи дека не пратиме што се случува во животов. Јас на ФБ имам по 3-4 објави на година дена, не значи дека не глеам формула, кошарка или пак фудбал. Не значи дека не глеам ракомет кога има или пак не глеам филмови ебате. Многу заклучоци се носи по нашите објави на социјални мрежи, што е тажно.
 
Член од
21 април 2017
Мислења
237
Поени од реакции
703
Да не бидам патетичен, или just another one in the queue, but... никогаш не мислев дека загубата на идолот од моето детство можит толку да ме болит. Не знам како е да изгубиш некој многу близок, и не сакам да претерувам ама вака не сум се чувствувал по ниедно губење на некој познат свој. Цел ден сум со кнедла в грло и огромна тежина в гради. И срце ме болит на секоја една слика шо ќе ја видам постирана на ФБ или инстаграм.
Да не редам листа на работи зошто Коби мене, а и на сите нас ни е тој шо беше, е и ќе бидит. Икона на една генерација. Пример за една ера. Пример за тоа како еден човек без разлика на секој успех и финансиска моќ требит да останит прост, гладен за успех и доследен на самиот себе си. Неговата загуба можеби ќе ја поминев многу полесно да не знаев дека неговата слаба страна, неговото се - Џиџи била со него. Не можам да ви опишам колку пати ко ќе ги видев заедно на слики или видеа имав некоја топлина која шо ме поттиквеше да размислам дали ако би имал ќерка би бил барем половина од таткото шо Коби и беше нејзе.

Знаејки го фактот дека нестрашливиот, црната мамба, човекот кој не знајт за пораз е дојден во момент кај шо само можит да го гушнит своето дете сфаќајки не дека умират тој,туку и таа ме болит како со нож некој да ми ги бодит цревата. И ќе ме болит уште многу долго...

Татко ми и ден денес плачит само ко ќе се спомнит Дражен.
Од денес очите ќе ми солзат секогаш ко ќе го спомнат Коби.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom