Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Убав Waves, стварно. Добро, @wot оди во крајности со оценките, мене не ми беше за 10, ама да, убав. Визуелно, пред сѐ. Многу убава кинематографија, бои... Пример:

Не сфатив баш што беше поентата со екранов. @wot ?
Понатаму, убави пораки праќа, во време кога сѐ повеќе и повеќе луѓето се отуѓуваат и од блиските, и од себеси. Препорака и од мене.
 
  • Љубов
Reactions: wot
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
The good liar - The best offer од алиекспрес.
Ама добро ме извозе.
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.348
Поени од реакции
24.998
Parasite преценет.
Можеби најпреценетиот филм за 2019 година, со оглед на тоа колку номинации за оскар и награди има. Не верувам дека во иднина луѓе ќе го гледаат по втор пат, затоа што се е раскажано во филмот - завршува дејствието и протагонистот уште пола саат ни прераскажува што сме гледале за да може да му биде јасно и на искусен филмоман ама и на вратар од дискотека. Не дека е лош филмот, не го велам тоа, напротив, сметам дека е сосема солиден ама нема да го помине тестот на времето (статистиката на спортлајф вели дека сум лош типувач али ќе видиме).
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Паразит е филм што одлично тера и при крајот ми се губи. Од мене доби 4/5. Нешто му фали за да биде одличен.

Вчера го гледав Џокер и досега најдобар филм за 2019 г. иако не сум фан на филмови по стрип. Секоја сцена на место, Феникс феноменален, ми држеше внимание до последна сцена. Феникс ако не добие Оскар ќе биде криминал на векот.
 
B

Beginner

Гостин
Ај за овој Parasite не ми е гледан ќе го гледам незнам каков е. Ама за 1917 во спортлајф дават 1.65 и гледам многу го фалат секаде па и овде. Добар филм со предобра сценографија имаше одлични кадри. Глумата исто така 10/10 ама филмот заврши со клише крај кој го знаев одма после првите 30 минути и ми сметаше тоа и во текот на целиот филм ми имаше глупави момемти. Затоа за мене најдобро би било Џокер да го освои оскарот за разлика од 1917 во секоја категорија би го оценил 10/10. И тоа на Џокерот 15 квота(товарење :D) на крај секој си има различно мислење. Секој различно се поврзал со филмот и секој различно си го сфатил.

Sent from my SM-A705FN using Tapatalk
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.753
Не мора секој филм да има непредвидлив крај. Начинот на кој е направен 1917 ја лимитира приказната, затоа што не постојат сцени надвор од главното дејствие со кои би се создал заплет, или би се дообјаснило нешто. Филмот е направен да прикаже едно доживување на војник во real time, и да ни го долови хоророт на првата светска војна, и тоа целосно го исполнува.

Не планирав да го гледам воопшто затоа што прв пат кога прочитав дека: двајца војници треба да пренесат порака преку фронтот или многу луѓе ќе умрат, си реков дека вакви филмови имам гледано многу пати и нема потреба да гледам уште еден. Но ова беше сосема различно искуство.

За мене 1917 е број еден од номинираните за најдобар филм. До сега имам изгледано 6, вклучително и Шегачот.

Ете, го реков.
 
Се ок со тоа како што реков глумата, сцената, визуелните ефекти и другите работи се тоа си беше на место ама крајот не ми се допадна.
да беше крајот како умираат 1600те воојници и како овој не успева да ги предупреди што според мене е најреално тогаш би бил предобар филм и ок нека земе оскар за најдобар филм. А вака војников се "повампирува" и од ситуаци кај што 99% ќе беше мртов а тој магично се спасува и стигнува нереално до генералот ми беше ептен лошо како суперхеројски филм да гледав..
Како што реков секој си има различно мислење да не ја тупам безпотребно сепак би го препорачал филмот на секого. Далеку од тоа дека е лош филм заслужени номинации ама не би му дал оскар за најдобар филм. Во другие категори нека си земе заслужува сега ме мрзи да ги набројувам сите категории бидејки номиниран е во повеќе :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom