Фан Клуб: Рома

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
The paramedic: "Ronaldo's behaviour on the pitch when we came to get Zaniolo was somewhat strange, I didn't expect it from a player of his caliber. He was more worried than some Roma players. I have never met someone more humble in my life." https://t.co/hljMVPCi9E

Прегледај го приврзокот 229049
Глупости, бил повеќе загрижен од на Рома играчите, абе Роналдо да прдне од ништо направат нешто, дојде го погали за главата и се тргна, потоа на инста си објавил за победата и за Демирал, ништо за Заниоло. Играчи на Јуве како Бонучи, Киелини,Де Лихт, Пјанич и уште неколку му посакале добро зајрепнување, што на стори, што во коментар или како што кажа Николо многу му пишале во порака, играчи како Модрич, Дел Пиеро, да не зборам за цел состав на Рома, за моментални и бивши играчи, али битно Роналдо што направил, секогаш преувеличено. На натпреварот, се сврте како шифоњер до Смолинг, а ништо не направи ни го помина ни ништо, одма во јавноста "Роналдо како во староте денови", "Роналдо му ја сврте главата на Смолинг" итн итн :D

Незнам што ќе пишуваа,ако Роналдо го направеше оној продорот на Заниоло пред да се повреди, ќе имаше свршувања низ цел свет:icon_mrgr:
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Еве го Политано, пристигна во Рим

Овој трансфер ниту мириса, ниту смрди. Има некои позитивности, на пример, Спинацола е скапо платен и зима 3мил евра плата, а многу се повредува. Политано зема 1.6мил евра плата, не се толку повредува, како крило држи цена и полесно можат на лето да му се извадат 20-25мил и со просечна полусезона, али верувам дека под Фонсека како крило нема да разочара, како што беше лани под Спалети.
Добро е и тоа што веднаш најдовме замена за Заниоло и тоа без некои финансиски губитоци, дури некаде испадна шпекулација дека Интер ќе доплати 8мил евра, ма да не верувам.

Лошото е што сега ќе треба да бараме бек или ќе бидеме ослабнати полусезонава и ќе останеме на Флоренци, Коларов и Сантон, и Запакоста кој сеуште не е опоравен.

Се шпекулира за некој си 27 годишен хрват кој игра лев бек во Ренџерс, лани земен од Осјек
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.143
Ако го лапнеме Баришиќ треба сите овде да частиме..
Рома сега има 3 десни бека да се ослободат од Сантон или Перес треба.. Ма да ја мислим Фонсека ќе му дава шанса на Перес кога ќе биде спремен физички..
Уште нешто разменава Политано - Спинацола е како позајмица до крај на сезона, дали се задолжителни откупите или какви клаузули има?
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
102
Поени од реакции
72
Za sredina sme bile zainteresirani za eden od ovie Elche’s Gonzalo Villar, Argentine club Boca Juniors’ Agustín Almendra and Brazilian outfit Corinthians’ Mateus Vital
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Ако го лапнеме Баришиќ треба сите овде да частиме..
Рома сега има 3 десни бека да се ослободат од Сантон или Перес треба.. Ма да ја мислим Фонсека ќе му дава шанса на Перес кога ќе биде спремен физички..
Уште нешто разменава Политано - Спинацола е како позајмица до крај на сезона, дали се задолжителни откупите или какви клаузули има?
Што многу ли е јак тој Баришиќ??

Инаку уште не е дефинирано, се шпекулура дека се позајмици со обавезен откуп од по 25мил за двата играча, ради ФФП.
 
Член од
7 јуни 2011
Мислења
4.172
Поени од реакции
3.143
Абе во Лига Европа сум го глеал и јак ми се глеал е сега и Шкотска лига со оваа не е исто..
Мислам нашиве сега запнале да го земат, зошто после европското пиши пропало дека за по ефтини пари би го донеле..
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Рожер Ибањез од никаде изгледа ново засилување на Рома, доаѓа од Аталнта и има само еден настап у ЛШ, се работи за 21 годишен центеален бек. Ќе биде платен 10мил, универзален е, демек може и крилен бек и средина да игра, подвижен како што сака Фонсека, вајда Хуан Хесус ќе оди некаде..
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.109
Поени од реакции
20.948
Ццц, 5 години немам пишувано на темава, а едно време бев еден од поактивните :)
Не сум во тек, има ли некои новости околу продажбата на Рома и кои се новите потенцијални сопственици?
Се надевам само кои и да се, дека ќе бидат подобри од Американците кои ги интересираше само финансискиот дел (заработка од продажба на играчи и тоа најдобрите), а немаа никаков сенс за спортскиот дел, да направат конкурентна Рома и конечно после толку време да се освои скудетото.
Поздрав. :)
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Изгледа конечно откажана трампата, се враќаат играчите во своите клубови. Ништо не мења ситуацијата, ако се случеше трампата ќе баравме бек, вака сега ќе бараме крило, и во двете ситуации ни фалеше играч. Сега ќе сопрат шпекулациите лев бек, за оние хрватите и ќе се појават нови за крилни напаѓачи :)
Автоматски споено мислење:

Ибањез во Рома, а Хуан Хесус бил блиску до потпис со Фоирентина :)


@Ернесто ЧЕ Гевара се шпекулира дека продажбата ќе се официјализира до 31ви јануари. Новиот сопственик не е богат како арапите, али личното богатсво му е за 4ри пати поголемо од она на Палота.
 
Член од
11 јули 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
1.996
А што не кошта да си го купиме Политано, позајмица со обавезен откуп 20 мил :D ...
Спинацола ваков таков покрива и лево и десно.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Почна да се споменува Шакири од Ливерпул да дојде на позајмица со право на откуп, не е лоша идејата, секако бараме играч кој сигурно нема да биде појак од Ундер, односно Ундер ќе игра прва, а новиот што ќе дојде ќе го мења, па на лето таквиот ќе остане резерва на сметка на враќањето на Заниоло, а Ундер ќе биде продаден, таман сега во наредната полусезона да си качи цена, оти далеку е од пропаднат, со Јуве и Парма покажа знаци на живот. :)

Али тешко Шакири да го дадат, Клоп лично не сакал да мења до крајот на сезоната, во опција е и Политано како посебен трансфер, односно позајмица со право на откуп. Се едно кој ќе дојде, побитно е тој што ќе дојде да биде на позајмица со право на откуп, дали Политано или Шакири или некој трет, секако Ундер ќе биде прва.
Автоматски споено мислење:

Коларов и Флоренци се суспендирани, Спинацола и Сантон ќе го почнат мечот. Пероти исто се повредил, Мхтаријан и Пасторе не се спремни, Кристанте после долгата повреда нр можел уште еден меч да почне, среќа Калјверт се врати, така да единствени крила ќе ни бидат Клајверт и Ундер и немаат замени, исто и Спинацола и Сантон немаат замени, ќе биде трудно против Џенова..
 
Последно уредено:
Член од
7 август 2010
Мислења
3.518
Поени од реакции
5.385
Па ние секогаш кога крпиме играме подобро и победуваме. А кога сме со полн состав, подготвени, одморени, е па тогаш кикснуваме.
Зошто кога не можат да купат некое крило, не проба да форсира некој младинец? Секако ќе влегува од клупа.
 
Член од
16 септември 2009
Мислења
102
Поени од реакции
72
Па ние секогаш кога крпиме играме подобро и победуваме. А кога сме со полн состав, подготвени, одморени, е па тогаш кикснуваме.
Зошто кога не можат да купат некое крило, не проба да форсира некој младинец? Секако ќе влегува од клупа.
Jas sum na ona deteto riccardi da mu se dava sansa I ako se pokazi vgodina prva da igra
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Овој Спинацола втора или трета утакмица одигра како лев бек и покрај околностите од претходната недела, вчера бувално искина, се гледа дека лев бек му одговара повеќе од десен иако е деснак. Ради многуте повреди Фонсека може да го користи и како лево, секако сме останати само со Клајверт и Ундер.
Ви реков дека Ундер полека ја враќа формата.

Што се случува со Диавара?? Игра како Макелеле и Есиен у едно!! У никој случај не го сметав за јако засилување, туку како играч за ротација, а тој почна да кине на терен, почнале да го пратат скаути на ПСЖ, Тотенхем и уште неколку јаки клубови.
Не мислев дека ќе дојде ред да кажам дека добро поминавме со продажбата на Манолас :D
Цело време си викам не заебаа, ни го утрпаа овој вечити талент и едвај дали ни дадоа 20мил евра, али после полусезона, со игрите на Диавара, може да се каже добро поминавме.

Ипак редно е Петраки да се пофали, нашиот нов дс, реално скоро сите трансфери ги погоди, Диавара, Верету, Смолинг, Пау Лопез и Спинацола. Го ставив и Спинацола во овој кош бидејќи кога е здрав и ако го игра лев бек е одличен, се виде тоа вчера, несреќа за него е што Коларов на 33-34 години сеуште покажува светска класа, навистина е многу добар, мислам дека пред недела две му го продолжија договорот на уште една година, таман Спинацола да фати ритам.


Во овие погодените трансфери ќе го вметнам и Манчини иако сеуште сметам дека не е нешто посебно, туку се шлепа на грб на Смолинг или пак добро се надополнуваат двајцата.

За Смолинг и Ветету не трошам зборови, за Диавара веќе може да се каже дека фати ритам и почна да го покажува талентот, Пау Лопез исто покажа зошто е платен толку пари и зошто го зимаат за репрезентација, после ланскиот кошмар со Олсен што го имавме, сега можеме да бидеме мирни, брани што може да се брани, а почна да прави и инзвонредни одбрани, вчера имаше една одбрана за реклама, колку што добро изгледаше, толку беше и тешка за фаќање, исто така одлично работи со нозе, добро ја дистрибуира топката.

Е сега што промаши Петраки, го промаши Калинич, можеше да најде подобар бекап за Џеко, али се ослони на евтина и искусна варијанта која не вродува со плод, со Парма одигра добра утакмица, го пофали и Фонсека дека беше најдобар, сега за два три дена ќе го гледаме против Јуве, пошо Џеко уште од лани е супендиран и има уште една утакмица ладење.

Запакоста незнам дали треба да се смета за промашај, кој ќе предвидеше дека ќе скине лигаменти, на почетокот кога одигра 2-3 утакмици беше повеќе од одличен, сега за месец два треба да се врати, голема штета што вајда ќе го вратат и што скина лигаменти и што нема да има време да покажеше дали треба да го откупат или не.

И Мерет Цетин го заборавив, многу е млад и неискусен, му треба една позајмица во некој калчолигаш, посебно сега кога велат дека Ибањез ќе потпише со Рома.


У глобала, купени се млади играчи од 20 до 26 години од кои повеќето се погодени и ќе можеме да сметаме на нив во иднина. Исклучок е Смолинг, али иако е 30 години мора да се откупи.

Се надевам на лето нема да има многу продажби на првотимци, сметам дека само Ундер ќе биде жртвата, таман сега да качи цена во оваа полусезона, а реално тоа ќе биде најнеболна продажба, бидејќи ако Заниоло после повредата се врати истиот, Ундер никад нема да просперира во Рома.

Уште еднаш, Петраки секоја чест што го чистиш и средуваш нередот кој го остави она шпанското гомно Мончи, на лето ќе има уште за чистење, Карсдорп, Нзонзи, Пасторе, Олсен, па и со Шик незнам што ќе биде, гледам 9 натпревари 4 гола и две асистенции, редовно игра во Лајпциг, првично не играше оти 2 месеци беше аут ради повреда..
Автоматски споено мислење:

Ова беше страшна одбрана :cuc:
FB_IMG_1579507199140.jpg
 
Последно уредено:

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.842
Поени од реакции
8.689
Палота се понашал како клубот веќе да е продаден и свртел внимание кон купување на англиски клуб, Лидс или Њукасл, а тоа демек го иритирало новиот сопственик што треба да биде на Рома у стил што неможе сеуште да го финализира купувањето.

Политано сеуште бил во Рим од приватни причини, ги одбил Севиља и Монако и демек сакал само во Рома.
Петраки изјавил дека сеуште го сакаат Политано на позајмица со право на откуп.

Од друга страна Ундер притискал да оди во Милан, бидејќи свесен е ако не си оди сега, на лето сигурно го продаваат.


ПСЖ покажале интерес за Нзонзи:popce:

Шакири му се допаѓала идејата да премине во Рома, но Клоп инсиститал да остане до крај на сезона.


Агентот на Јанузај потврдил дека сме биле заинтересирани за него, вајда тој е како задња опција заедно со Сусо.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom