Изборот е наш. Дали да бидам добар, емпатичен и љубезен, да ширам позитива и да цртам насмевки наоколу или да бидам рамнодушен, арогантен, дрзок, насилен и некултурен, да ширам негатива и сите да бегаат од мене?
Но, ако би ги немало овие вторите, како би ги ценеле првите? Како би знаеле што е убаво и што ни причинува задоволство? И таквите луѓе постојат со причина и можат да ни дадат лекција за како не треба.
За жал, постојат многу луѓе кои тоа го учат на потешкиот начин.
Ќе има многу моменти во животот кога ќе сакаме да се откажеме од човештвото, но со текот на времето тие моменти избледнуваат и остануваат сеќавањата за сите луѓе кои биле добри, фини и љубезни кон нас.
Вреди да се биде добар, пред се за себе, а потоа и за другите!