АМН конечно почна да е продуктивен во тимот, страшно многу ми се допаѓаат долгите топки по земја во фор, се гледа дека им е воиграна акција, а АМН одлично ги пушта, доволно спори да не отидат во гол аут, и доволно брзи да не бидат пресечени. Колку само шанси креиравме по таа страна, супер соработка со Нелсон, браво. И Озил е одличен, се надевам дека вака ќе продолжи, а не е само еден добар натпревар во 250 и повторно паѓање во депресија. Ми се допаѓа тоа што Оба иако е крило, доста беше продуктивен и влагаше во шанси и креирање на играта, другпат кога бил крило топка не фаќал цел натпревар. Единствено ме плаши Луиз и Мустафот кикс да не направат некој, бидејќи немаат во главата баш, па колку и да играат добро може на секунда да се исклучат да заборават играч или направат непотребен фаул и да отиде у курац натпреварот. Браво за Артета, ова е веќе многу подобро.