Драга Кајгана (виртуелен дневник)

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.513
Поени од реакции
9.412
ДК...
Читам за кинеска медицина, читам како постоела врска помеѓу нашите органи и емоциите и читам дека со помош на насмевката, може да се самоизлекуваме.....и така си читам јас и си велам ај да ја пробам оваа техника...
значи треба да се насмеам и позтивната енергија да ја пратам во секој орган...еве сега ја праќам во срцето...па во јетра, бубрег...и така окезена таман да пратам енергија за мочниов меур, кога овој мојов ми вели...Е де жено, што се раскези толку, виц ли читаш!???

...и ми ја уништи позитивната енергија и техниката отиде на мочање:(
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Despacito 6.5 b views,3.5m likes.И после кога ке кажам дека сега е вистинското време да го снема светов,сум бил ваков сум бил таков.Па диносаурусите имале поише смисол за живот и хармонија од сегашниве "луѓе" и исчезнале па никому ништо
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.515
Поени од реакции
34.569
Е уште ова недостигаше, со промовирање на сите гомнарии од стилот на LGBTQ+, права за овие, права за оние, говори на омраза и што не, фалеше уште и Математиката да ја декларираат како расистичка.
Првиот коментар после видеово е таман: She's not a doctor, but she definitely needs one!
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.035
Поени од реакции
12.892
Дур не прошеташ насекаде, и не направиш компарација, можеш да си веруваш во секакви приказни за западот, кој реално во вакво општество каде главниот фокус е на парите, има подобри услови од тука, но сепак, дека таму е идеално и особено дека важат во целост тие фразите “на запад нема вака...“ или “ова до Србија, после нагоре ништо од ова“, со свои очи видов дека не е така. Конкретно бев во Будимпешта, за разлика од Братислава каде што ништо не очекував, а добив премногу, случки за култура кои кога ќе ги кажам со неверување ме гледаат луѓето, во Будимпешта морав да се разочарам. Не беше лошо, но далеку од тоа врвно прикажување на градот.

Најголема замерка што препремногу фрустрираше е тоа што во секој ресторан, киоск, продавница, ништо не е напишано на англиски јазик. Па се соочуваш со траги-комични ситуации како нарачување рендом работи, и првпат гледаш што си нарачал кога ти го даваат, па и уште побизарни со гугл транслејт да се шеташ и да преведуваш тоа буквите нивни во менито. Е сега следи уште појјакиот дел, ај што ништо не е на англиски, туку ниеден вработен никаде врска си нема англиски, стварно не разбирам. Во мол, на каса во ресторанче за храна, вработената ја прашувам што е разликата меѓу двете цени, дали едната е со пијалок, а другата не, и ме гледа како да и пцујам фамилија, па ги вика сите од кујна да дојдат, па доаѓа цела кујна на каса, никој не разбира, ти враќаат на маџарски и со гестикулации не знаат збор англиски. Во Лидл касиерката не ги знае бројките на англиски, па само ти го врти екранот да ти покаже сметката. Жал да ти падне упм, ова зборам во центар локали, не на периферија на градот. Па баба ми кога оди со пензионерските тури на Евиа повеќе знае да гукне англиски. Понатаму, премногу е иритантно тоа што во молови, бензински, се наплаќа ебаното вц, значи нема каде ти бесплатно да мочаш, па има апликација на плеј стор "pee map", мапирано кои ресторани давале да мочаат туристите без да наплатат (сериозен сум). Подземните премини на големите раскрсници каде што им се и метро станиците, корнат на мочка, се прашуваме зошто нели :) Градот е преплавен со бездомници, спијат на фиксна локација на фрекфентни места на излози од бутици на главни улици. А да, и западната култура, заврнува дожд улиците во вирови преплавени цели, по улица си пичат залетани коли те бањаат, еден немаше да успори да не помине во вир и да те испрска, чадорот не го носев за вертикален штит нагоре од дождот кој врне, туку за хоризонтален штит од страната од каде што прскаат колите за да не ме избањаат. Некоја делегација пристигнувала во четвртокот, па градот беше хаос, по 10 минути не можеше бусот од аеродром до центар што оди, да се помести од мртва точка, во километар пат накај смештај од каде што се симнав профучеа 50 полиции, амбуланти, нервозни возачи постојано свиреа, тотален хаос. Ѓубре? Епа за жал тука нема приказни за немање пикавец на улици и за луѓе што прво ја газат лименката пред да ја фрлат во канта, за да не зафаќа место како во Братислава, на главните булевари во центарот имаше од страна пирамиди наредени со ќеси за ѓубре наредени. Размената на пари им е тотален хаос, наместо како секоја земја да има менувачници и секоја да има различен курс, тука некои се no commission, а другите сите си зимаат дебееееееееел процент, па првиве мораш да ги бараш во некои уџум дупки убутани. Ако не сакате да бидете измамени, барајте no commission да пишува некаде и од таму разменете пари.

Е сега има и добри страни, транспортот им е до ниво на перфекција, имаат метро, трамвај и автобуси и нема чекање за ништо, секоја минутка доаѓа нешто да се укрцаш. Цените за смештај се ефтини, за храна исто, за пазарење во маркети исто, се беше како кај нас, освен да седнеш во ресторан, таму нема ништо на мени под 10 евра. Знаменитости има на претек, и центарот е огромен, не е се базирано на купче туку имаш да шеташ колку сакаш. Слушнав дека имало бесплатно тури за туристи, да си одбереш каква сакаш во времетраење од 2-3 часа, јас не се возев па не би знаел како што било, но секако е супер работа ако функционира.

Мое мислење, кога ќе се сумираат впечатоците, базирано на ова што напишав погоре, е дека ништо не е сјајно како што си мислиме во главите или како што некој ни го претставува. Можеби во помалите градови каде што бројот на жители/возила е адекватен на територијата на која се простира градот, но во тие познати градови кои ни паѓаат први на памет кога ќе се спомне “запад“ работите се далеку од идеални. Што знам можеби премногу сме исфрустрирани од луѓето тука и поради нив ни се гади од местово, и се што е различно од ова нашето, си правиме во главата дека е подобро и го величиме кога го претставуваме на други. Имаше еден стих на Блажеј “местово е добро, тука луѓето се проблемот“, можеби со поинакви луѓе, Скопје би бил сосема поинаков град и кога би зборувале насекаде во светот, би го споредувале нивното со Скопје, како што ние се споредуваме со тој “запад“.
 
Последно уредено:

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.637
Поени од реакции
27.838
Избори кај нас најубаво на секои три месеци да има,ем ништо нема да смени што на широките народни маси им одговара,ем само тогаш нешто се прави околу хигиената.Партизанска стакло ја направија и околу неа,може едно 30тина камиони лисја однесоа,море нови контејнери,трева искосија,оние камиони со четки асфалтот го раскопаа од чистење,сијалици од јавно осветлување сменија,кај да е и улиците ке ги офарбаат лентите и зебрите на пешачките.Само избори му е мајката.Башка и овие што се мераклии на маици,капчиња,упаљачи уште од сега си ги тријат рацете.
Избори за вас прекрасни луѓе.
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.359
Поени од реакции
1.774
дикеј жена што мозе да ти нааправи гавол не мозе
како што остарувам разбирам зошто доста машки отишле и другиот тим ...
најболје сам дефинитивно...и by the way од 18 годин до 26 можеш да бираш партенерка за цел живот до кај 35 можеш да бираш работи кои сакаш да ги работиш за ариера после 35 си сјебан за цел живот...
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.127
Поени од реакции
17.915
Од шо нема кај да се моча беспари во Будимпешта и Грујо го напушти. Башка и не разбираат англиски дали си за голема или мала нужда.

Царе иди си овде се моча на секое чоше беспари ...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom