Болна Тема. Доктори во Македонија?

Член од
5 април 2019
Мислења
7
Поени од реакции
1
По детално пребарување и консултација, никаде не успеав да најдам информација колку доктори има во Македонија?
Специјалисти, субспецијалисти, општи доктори? Колку хирурзи, ортопеди,интернисти, педијатри, анестезиолози работат моментално на територијата на Р.С.Македонија
Постои ли листа на доктори за секој град, во случај да ми притреба специјалист во Кочани, Штип, Валандово, Св. Николе?
Ако некој има извор на информација, статистика или сл . слободно нека сподели
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2009
Мислења
19.711
Поени од реакции
15.581
знам само дека клинички имунолози = 0 поодамно, може 18 години
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Мислам дека околу 4700 вкупно. Општи, специјалисти итн.
Но, се иселуваат најбрзо од сите категории. За само година и нешто учат германски, или паралелно со студиите учат и германски, и веднаш заминуваат.

За 5 до 10 години опциите ќе бидат приватно здравство или Гугл медицина.
Сме го е*але ежот и тоа јако.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 
  • Хаха
Reactions: MSE
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
По детално пребарување и консултација, никаде не успеав да најдам информација колку доктори има во Македонија?
Специјалисти, субспецијалисти, општи доктори? Колку хирурзи, ортопеди,интернисти, педијатри, анестезиолози работат моментално на територијата на Р.С.Македонија
Постои ли листа на доктори за секој град, во случај да ми притреба специјалист во Кочани, Штип, Валандово, Св. Николе?
Ако некој има извор на информација, статистика или сл . слободно нека сподели
2018 година:

лекари: 6.329
-од кои специјалисти: 3.822

стоматолози: 1.862

фармацевти: 1.104

Иако велиме дека многу здравствени работници ја напуштаат Македонија, немаме намалување, дури во споредба со 2014-та имаме 300 лекари повеќе.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
2018 година:

лекари: 6.329
-од кои специјалисти: 3.822

стоматолози: 1.862

фармацевти: 1.104

Иако велиме дека многу здравствени работници ја напуштаат Македонија, немаме намалување, во споредба со 2014-та имаме 300 лекари повеќе.
Не оди така лесно математиката.
Завршени во 2014та се генерации запишани на факултет од 2007-2009та, од година на година се повеќе од средношколците се запишуваат, критериумите на факултетите се се пониски (особено Гоце Делчев и приватните), па имаш и повеќе завршени од претходно. Во 2018та имаат веќе завршено генерации кои се запишани во 2012/2013та, рачунај дека во овој период веќе беше во полн ек фамата дека секој мора да се запише на факултет и штампање на дипломи.

Прашањето е колку од искусните лекари остануваат тука (особено од тие со по 3-10 години стаж), тие со повеќе стаж рачунај веќе се укотвиле тука или пак се добро платени и во мкд, а тие со помалку тешко можат да отидат бидејќи и надвор не сакаат апла почетници во ниедна област.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574

Искусните доктори остануваат зашто се најчесто во години во кои тешко може да се отселат. Ќе биде забавно за десетина години кога они ќе се пензионираат, а ќе останат оние што дипломите ги земале на пуш пауза на штипски. Сѐ што има и макар минимален потенцијал на медицински учи германски и бега по нивните болници за специјализација. Овде останува шуто и рогато (чест на ретките исклучоци).
@Dardan-ia не ќе да се повеќе доктори.
За последниве осум години земјава ја напуштиле 1.200 лекари. Од јануари до март на работа во странство заминале уште 83-ца македонски лекари. Само во првите три месеци од годинава, Лекарската комора на Македонија издала дури 20% повеќе потврди за стручност со која лекарите можат да заминат на работа во странство од истиот период лани. Проблемот е уште пофрапантен ако се знае дека најголемиот број иселени лекари се специјалисти по разни области од медицината.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.120
Поени од реакции
4.799
Не оди така лесно математиката.
Завршени во 2014та се генерации запишани на факултет од 2007-2009та, од година на година се повеќе од средношколците се запишуваат, критериумите на факултетите се се пониски (особено Гоце Делчев и приватните), па имаш и повеќе завршени од претходно. Во 2018та имаат веќе завршено генерации кои се запишани во 2012/2013та, рачунај дека во овој период веќе беше во полн ек фамата дека секој мора да се запише на факултет и штампање на дипломи.

Прашањето е колку од искусните лекари остануваат тука (особено од тие со по 3-10 години стаж), тие со повеќе стаж рачунај веќе се укотвиле тука или пак се добро платени и во мкд, а тие со помалку тешко можат да отидат бидејќи и надвор не сакаат апла почетници во ниедна област.
Јасно ми е, не реков дека нема иселување на доктори, знам многу случаи.

Но велам дека и покрај тоа што се иселуваат, бројот на лекари не е намален во споредба со претходно.

Инаку секоја година дипломираат околу 550-600 во медицинските факултети во Скопје, Штип и Тетово.

2014-2018 дипломирале околу 2200-2400, а сепак растот на лекари е само 300.
Кога ќе се одзема бројот на пензионирани лекари, тогаш веројатно има преку 1000 што се иселени.

Исто така важно е кој бега и кој ги заменува пензионираните, ако ново дипломираните кои остануваат во Македонија се помалку стручни од тие што се иселуваат и што се пензионираат, тогаш стварно во неволја ќе сме. Со оваа темпо, многу брзо можеме да останеме со нестручен медицински персонал.

Не сум компетентен, но мислам дека се повеќе и повеќе ќе се зголеми разликата помеѓу јавното и приватното здравство.
 
Член од
5 април 2019
Мислења
7
Поени од реакции
1
значи околу 5000 лекари во цела земја...
а посебно по специјалности, колку хирурзи, невролози или интернисти има во Скопје ,а колку во цела држава?
 
ficdogg

221b
Член од
29 септември 2008
Мислења
1.105
Поени од реакции
699
значи околу 5000 лекари во цела земја...
а посебно по специјалности, колку хирурзи, невролози или интернисти има во Скопје ,а колку во цела држава?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
... не би се сложила да „болна тема“ се само докторите во МКД, би рекла болна тема се општо медицински персонал во МКД (оној вистински, но не преориентирани преку ноќ, со купени дипломи), што ќе ви е само доктор специјалист, ако покрај него нема медицинска сестра која ќе ви ја аплицира терапијата, акушерка при пород или инструментарка при хирушка интервенција?
... медицината не е индивидуален „занает“ тоа е тимска работа на повеќе сегменти за здравјето на пациентот, ве загрижува само бројот и знаењето на лекарите, а средниот медицински кадар што може лидокаин по грешка интравенозно (ако воопшто ви ја стрефне вената) да ви го зацементира животот, а моментално сте под контрола на најдобар доктор ? :popce:
Постои ли листа на доктори за секој град, во случај да ми притреба специјалист во Кочани, Штип, Валандово, Св. Николе? Ако некој има извор на информација, статистика или сл . слободно нека сподели
... и што ако ќе најдеш добар специјалист кога ќе ти притреба, ако истот не располага со целиот медицински тим, дали знаеш колку од нив знаат воопшто практично да изведат нешто? само со бла бла дијагноза не се спасува живот, ако до него нема способна медицинска сестра,интрументарка, па и болничар ако треба, за да пружат помош на дело според препораката на специјалистот? (y)
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.504
Поени од реакции
9.408
... не би се сложила да „болна тема“ се само докторите во МКД, би рекла болна тема се општо медицински персонал во МКД (оној вистински, но не преориентирани преку ноќ, со купени дипломи), што ќе ви е само доктор специјалист, ако покрај него нема медицинска сестра која ќе ви ја аплицира терапијата, акушерка при пород или инструментарка при хирушка интервенција?
... медицината не е индивидуален „занает“ тоа е тимска работа на повеќе сегменти за здравјето на пациентот, ве загрижува само бројот и знаењето на лекарите, а средниот медицински кадар што може лидокаин по грешка интравенозно (ако воопшто ви ја стрефне вената) да ви го зацементира животот, а сте под контрола на најдобар лекар ? :popce:

... и што ако ќе најдеш добар специјалист кога ќе ти притреба, ако истот не располага со целиот медицински тим, дали знаеш колку од нив знаат воопшто практично да изведат нешто? само со бла бла дијагноза не се спасува живот, ако до него нема способна медицинска сестра, па и болничар за да пружи помош на дело според препораката на специјалистот? (y)
Па болна тема е бе Бијонџе, болна, преболна....колку се намалува бројката на доктори, толку ни се еба мајката на нас обичните смртници, толку повеќе се зголемува рекет за кревет, мито на анестетичари...хирурзине се полнат дневно со по две илади евра....болно,многу болно....ем пари ке дадеш, ем ке те заебат, нема да те оперираат како што треба.:(
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Па болна тема е бе Бијонџе, болна, преболна....колку се намалува бројката на доктори, толку ни се еба мајката на нас обичните смртници, толку повеќе се зголемува рекет за кревет, мито на анестетичари...хирурзине се полнат дневно со по две илади евра....болно,многу болно....ем пари ке дадеш, ем ке те заебат, нема да те оперираат како што треба.:(
... додека политиката е во образованието и во здравството така ќе биде, за жал! не само што се „штампаат“ дипломи како што кажа @Кеплер, туку се нема ниту совест, ниту етика ниту основно воспитање на истиот „медицински персонал“ за побарано мито, за условување, па и за направена фатална грешка за пациентот, затоа што секогаш мешање на таа политика на власт со која воопшто ја зел и дипломата и се вработил без процедура, без конкуренција со тоа „никој не ми може ништо“ или „не знаеш кој сум јас“ тешка работа да иде на подобро!
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.188
Поени од реакции
19.266
... не би се сложила да „болна тема“ се само докторите во МКД, би рекла болна тема се општо медицински персонал во МКД (оној вистински, но не преориентирани преку ноќ, со купени дипломи), што ќе ви е само доктор специјалист, ако покрај него нема медицинска сестра која ќе ви ја аплицира терапијата, акушерка при пород или инструментарка при хирушка интервенција?
... медицината не е индивидуален „занает“ тоа е тимска работа на повеќе сегменти за здравјето на пациентот, ве загрижува само бројот и знаењето на лекарите, а средниот медицински кадар што може лидокаин по грешка интравенозно (ако воопшто ви ја стрефне вената) да ви го зацементира животот, а моментално сте под контрола на најдобар доктор ? :popce:

... и што ако ќе најдеш добар специјалист кога ќе ти притреба, ако истот не располага со целиот медицински тим, дали знаеш колку од нив знаат воопшто практично да изведат нешто? само со бла бла дијагноза не се спасува живот, ако до него нема способна медицинска сестра,интрументарка, па и болничар ако треба, за да пружат помош на дело според препораката на специјалистот? (y)
Да надополнам, условите за работа се исто така катастрофални. Надвор од Скопје (па и во Скопје), покрај огромен недостиг на медицински персонал кој само ќе се зголемува во иднина, има и голем недостиг на материјали и апарати. Луѓе се препраќаат во други градови а често завршуваат и во Скопје бидејќи локалната или регионалната болница нема материјал и/или услови за обични зафати, прегледи и операции.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.404
Поени од реакции
34.398
Да надополнам, условите за работа се исто така катастрофални. Надвор од Скопје (па и во Скопје), покрај огромен недостиг на медицински персонал кој само ќе се зголемува во иднина, има и голем недостиг на материјали и апарати. Луѓе се препраќаат во други градови а често завршуваат и во Скопје бидејќи локалната или регионалната болница нема материјал и/или услови за обични зафати, прегледи и операции.
... и за ова не се сложувам! точно е така како кажуваш ти од таа страна, е јас ќе кажам поинаку од другата страна и материјали има и услови има па дури и софистицирани апарати има, голема пара потрошени се од предходната влада (зборувам за државни болници), ама застанаа до тука, за тоа како се применува дали се реализира сето тоа што се случиле со тие апарати и не само тоа туку и болнички кревети воопшто медицински инвентар, мебел, немаше контроли, ниту некој одговара, ни тогаш па и во продолжеток е така никој за ништо не одговара ни зашто нема, снема или се расипе!
...има повеќе објаснувања, дали тоа самиот медицински перосонал не е обучен за тие апарати, па се заклучени во подрум (има гинеколози, на пример, не знаат ехо преглед со вагинална сонда), дали некој преку ноќ си ги присвоил без трага, дали некој ги оштети поради незнаење како се ракува, односно може и да се онака неспакувани во подрумите! знаеш да „со сила“ се препраќаат пациентите таму каде ги има тие апарати, нели, во приватни болници! дали знаеш, тоа е јавна тајна, да докторите во Скопје се договараат со тие од провинција за пациентите делејќи меѓу себе тоа што пациентот ќе плати, дури и тие што вршат транспорт учествуваат во тоа?
...има исклучок, мал исклучок на тие кои се посветени на најхуманата професија што денес на жалост се претвори во еден од најдобрите бизниси на грбот на пациентот?
...нема казни, нема контрола, а никој не смее да каже зошто може да биде санкциониран, нема правда, нема синдикат нема кој да го штити „тој што гласно ќе го каже тоа“! можам да ти кажам примери, за многу градови во провинција, ама сите се заштитени мечки, никој ништо не им може се додека, пак ќе кажам не ја тргнат „политиката“ од здравството, а и од образованието за да не дојдат такви кадри во здравството!
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom